Изминатата година, екстремно ескалираше нетрпението, кое Македонскиот и Бугарскиот народ најчесто си го немаат како “чувство” на омраза, колку како гнев, кон нешто што и не им е целосно јасно а сериозно се темели на факти и стручен пристап на материјата, која не за “кафе муабет” но пропагандата ја креира во чајџилница.

А за нештата да не бидат јасни, секако се погрижиле плејада квази аналитичари, минорни политичари и толкувачи на разно разни историски “писанија”, во чиј автоски потпис Агата Кристи може вода да им носи “кој е кој и кој со кого ортачи” а промовирајќи ги како факти, и тоа најчесто цитирајќи го она што го гледаат, но не и разбирајќи ја содржината на прочитаното – напишаното.

Истражувањето низ историјата до фактите е пат до вистината која треба ментално и духовно да не ослободи а не плаши. Фактите мора да се јасни и точни за да немаме “килава” самодоверба за чија “кондиција” го слушаме само она што сакаме да ни го кажат, а кое најчесто, е лага.

Своевремено, овој тренд на отуѓување, за прв пат во независна Македонија, се појави кон крајот на 9О’тите години, ослободено од Југословенската “заштита”, кога се решава дека време е односите со Бугарија, како соседна земја, да ги издигнеме на ниво на кое и што доликува, за што пак тогашната Влада на ВМРО – ДПМНЕ и нејзиното највисоко раководство е обвинета за предавничка, т.е. блиска до бугарската идеологија и јавно обележана за бугарофилска, со единствена цел, да ја измени историјата на Македонија и со тоа и формира хибридна заедница меѓу двете држави.

Заедништво меѓу Македонците и Бугарите имало и ќе има – но тоа никогаш не може да биде хибридно како е со долгогодишно – милениумско историско ем заедничко минато. Хибриден е приказот кој пак наменски ги прави граѓаните нервозни.

Па наметнатиот страв, носи до тоа да Декларацијата од 22 февруари 1999 година и нејзината визија се минимализираат, во правниот ефект да се “сторнираат” на обичен Договор, за кој набрзо не е јасно каков формално – правен ефект би треба да генерира со своето постоење.

Од 2ООО година, на тогашните популарни online форуми на интернер, веќе е јасно дека граѓаните и не целосно ја разбрале потребата од заеднички соживот меѓу Македонија и Бугарија и во тој нивни [ фиктивен ] свет на “О “и “1”, секој ја говори својата “вистина”, поточно ја пропагира “вистината” за која знае.

Полемиките по Договорот од 2О17 година кој го постигнува Владата на СДСМ пак се поприлично навредливи. Сега се манифестира гнев, а говорот на омраза во своја есенцијална вредност, веќе ја заменил утринската доза кофеин, па својот зенит го има константно до моментот пред да си кажеме “добра” ноќ, иако рално добро не мислиме на никого, најмалку самите на себе.

Што често би прашале мои колеги, кои и не го разбираат Балканот како ментален склоп: “Ви работат ли нешто граѓаните, освен што деноноќно се online политичати, аналитичари, статистичари но и матичари … ”

Факт е дека историјата на Македонија од времето на зачетокот на Титова Југославија, во која 5О години бевме во воена подготвеност некој да не нападне, што премина во општа пресија која толковно е еквивалент на режим, историските факти ги релативизираше, поточно прикажуваше и недоволно јавно, но не и целосно точно, со што кај граѓаните се формираше мислење, кое ете 3О декади во својата независност, ниту Македонците, ниту Бугарите, може да го корегираат во целост или сегмент.

По навика, на Балканот повеќе сакаме да се држиме во конфорната зона, позната кај нашите народи и како политички дијалог на сам со себе, во кој секој се држи за “својата” вистина и факти, како “пијан за плот” [ ограда од преплетени прачки ] а кон својот соговорник, гледа како “теле во шарена врата”.

Тоа се епски “дебати” на многу текст или говор а малку квалитетна содржина од факти и реално познавање на темата, за која гневот често преоѓа во пасија на самозадоволување од нервирањето на соговорникот а не разрешување на темата, за која воопшто и започнала дебатата, па се формирал дијалогот, ако воопшто тоа online општење на социјалните платформи, може да се нарече дебата и дијалог.

Пример во овој краток блог – текст ќе ги земам Цар Самоил, и само во мал дел Гоце Делчев, што се ликови од историјата, кои опфаќаат огромен временски интервал.

Имам прашање?

Цар Самоил како глава на авторитативен систем на владеење [ што е класична одлика на тогашните владетели ] од кој тоа бил натеран [ репресиран ] или приморан на своите Прогласи да се потпишува како Цар на Бугарите – Цар на Првото Бугарско Царство?

Можеме секако да отвориме дебата на фактите, со која ќе потврдиме дека Цар Самоил [ Самуил 958 — 6 октомври 1014 ] е средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век образувал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров, но само ако сме искрени кон себе дека Македонија во тој период е поим кој означувал територија, но не и посебна држава. И тоа на некого може да смета или не, но е историски факт кој ако почне да се толкува, единствен кој може да го оспори е самиот Самоил.

Оригиналните записи говорат вистина:

Император Василиј их обоих с гвардејскими своими полками повел в Македонију на војну против булхаров.

После этого царь Василиј, собрав војско, сам лично пошел на землју Булхаров. Булхары поспешили и занјали узкие места и горные проходы, по которым мог пројти непријатель: то были места непроходимые, покрытые кустарником.

Таким образом окружив царја со всем его војском, они всех предали мечу; только армјанскаја пехота, спереди и сзади обступив царја Василија, другоју горноју дорогој вывела его в Македонију.

Всја же конница [ греческаја ] со всем скарбом и царским убранством предалась непријателју.

И употребили хитрость оба сына Самуила, царја болгар, которых Иоанн Цимисхиј взјал и держал в заклјучении во дворце, и бежали из своего места заклјученија на лошадјах, которых они приказали держать наготове длја себја. И когда они очутились на перевале ведуштем в Болгарију, обе лошади, на которых они сидели, остановились.

И слезли они с них и скрылись в горах, бојась быть догнанными, и пошли пешком. И опередил старшиј из них на пути младшего своего брата. И был он переодетым, и заметила его толпа болгар, которые охранјали ту гору от разбојников.

И выстрелил один из них в него, не узнав его, так как он был один и убил его.

И пришел по следам его младшиј брат и об’јавил им кто он. И увели они его и потом сделали своим царем. И был у него раб, известныј под именем Комитопула, и дејствовал тот за одно с ним, и собрались к нему болгары и воевали страны греков.

[ превод ]:

Императорот Василиј со своите гардиски полкови започнал војна во Македонија против Бугарите.

Потоа император Василиј собрал војска и лично дошол на бугарска земја. Бугарите побрзале да ги заземаат стрмните места и планинските премини во кои можат да преминат непријатели, тоа биле непроодни места покриени со грмушки. На таков начин го опколија императорот со целата негова војска која го предала оружјето со исклучок на ерменската пешадија која се наредила пред и зад царот и на друг планински пат го изведе од Македонија. Целата грчка коњаница со сите царски предмети се предала на непријателот.

И употребиле измама против синот на Самуил царот бугарски кој Јован Цимисхиj го зел во заложништво и го држел заклучен во палатата и избегале од овој затвор на коњи. И кога се најдоа на преминот кој води кон Бугарија тие ги оставија коњите. И овие се сокрија во шумите плашејќи се да не бидат фатени и почнаа да одат пеш. И бил оној [ поголемиот брат ] облечен [ во византиска облека ], забележан од групата Бугари која го чувала преминот од разбојници.

И пукал [ со стрела ] еден во него без да знае кој е и го убил.

И дојде потоа помалиот брат и им кажа кој е. И тие [ бугарите ] го одведоа и потоа го направија свој цар. И имаше тој роб [ слуга, потчинет на него, во средниот век сите благородници биле потчинети на својот цар ] познат со името Комитопула. И дејствуваа заедно со него и се собраа кон него Бугари и војуваа во земјата на Грците.

Во последниот дел од текстот станува збор за бегството на бугарските престолонаследници од византискo заробеништво и убиството на постариот Борис II, убиен по грешка [ поради византиската облека ] од бугарски граничен гарнизон. Борис II нема синови и не може да биде наследен, а неговиот брат Роман е скопен кога е во заробеништво на Византијците за да не може да продолжи царскиот род.

Од текстот кој е историски факт на настанот станува јасно дека комитопулите се потчинети на бугарскиот цар Роман и Самуил се прогласува за цар по смртта на законскиот [ актуелниот ] што се историски факти кој како и каде стигнал.

Втор пример е дека што тоа ние сакаме да е Гоце Делчев а што сакаат Бугарите е едно, но што навистина бил Гоце Делчев, е нешто сосема трето и за тоа има факти кои ги говорел и пишувал самиот тој.

За Гоце Делчев ќе посветам посебен блог – текст, но доволно е да се [при] каже селекцијата на изрази кои треба нешто да прикријат, што самото по себе потоа кај обичните граѓани, раѓа аверзија и несигурност во фактите.

Зошто пак тоа се криело, е прашање на кое, не дека нема одговор, но и за тоа ќе говориме во иден блог – текст.

И ќе го цитирам мојот долгогодишен пријател, Ким Мехмети албански публицист, писател и граѓански активист, политиколог. При едно гостување на медиум ја изговори можеби најголемата вистина, по основ на историјата и спорењето на изјави на историски личности, кои Македонија тврди дека се Македонци, а Бугарија обратно.

Мехмети прилично пластично го поставува прашањето: “Со кое право отвараме дебата и сомнеж дека пример Гоце Делчев бил недоволно писмен или имал недоволно јасни определби по основ на идентитетот сега откако тој е мртов?

Сам си кажал човекот што е! Сега дали тоа нас ни се допаѓа или не апсолутно не е битно …

Јас сум Ким Мехмети. Албанец. Писател и тоа го кажувам сега и овде – јавно и тоа веднаш е историографски податок кој сериозно само луд човек може по 1ОО години да проба да го оспори. Со кое право по 5О или 1ОО години некој ќе рече “А не, фалсификат, Мехмети бил во заблуда!”?!.

Оттука, историски на сите ни е јасно дали Гоце Делчев е или не Бугарин. Кој сме ние да го спориме она што Делчев сам го пишувал и говорел е прашањето кое и не сме си го поставиле гласно и јасно, со што пак историчарите [ што свесно – што наметнатно ] генерирале можности на варијации за сериозна манипулација со историјата, а со тоа и на граѓаните.

Време е да прекинеме на личностите од историјата кои во временските епохи во кои живееле јасно ја декларирале и прокламирале својата национална припадност, да им ја менуваме, само затоа што на политичарите во одредена проблематика, тоа во одреден временски термин им оди во корист, од која на крај губат граѓаните, кои се гневни иако реално немаат ни на кого, ни за што.

Што е суштината? Минатото не е варијабила. Нема промени. Тоа е што било и без разлика на нечија волја и неговата моќ, тоа не може да се промени, но затоа пак може да се трасира иднината која е целосно оставена на нас, како генерации кои ја живеат во сегашноста. И дали таа ќе е нешто со што ќе се гордеат нашите поколенија или ќе направиме нови поделби, апсолутно зависи само од нас.

Македонците и Бугарите, живеат во две суверени и независни држави, но пред се се соседи кои имаат многу заеднички нешта, и тоа не треба да генерира страв ами почит. Македонците и Бугарите патуваат едни кај други, се прават разно разни екскурзии, се реализираат проекти, прошетки по градовите и културно – историските знаменитости на двете земји.

И тоа го прават со најголемо задоволство. Што е проблемот знаеме но и тоа ќе заврши затоа што партиските и политичките интереси се премали во споредба со желбата на граѓаните да живеат.

Никој со никој на тие посети, семејни ручеци, прошетки со пријатели или колеги од двете страни на границата не полемизира кој на кого е, дали Делчев бил “наш или ваш”. [ историчарите знаат кој e и што бил Делчев, но некој има корист што подобро да изманипулира и тоа го издигне на најболното националното ниво – повторно и повторно ].

И тука е проблемот што во тоа тензиите ги прават “болни” умови, на крајот на нивната кариера [ ако може така да се нарече ] кои немаат со што друго да се занимааваат во животот, и со тоа се решени да создаваат непотребна и крајно дрска тензија во туѓиот.

Граѓаните и во Бугарија и во Македонија се изморени од политиките. И на двата народи им требаат вработувања – повисоки плати – подобро здравство – ефикасни институции …

Или со еден збор им треба подобро денес и надежно утре.

Граѓаните од двете страни на границата својата но и иднината на своите поколенија и своите држави ја гледаат во Европа. Европа без граници а некој очајно ја потенцира границата во непостоечките пречки во историјата која на Балканот сериозно е несериозна “ментално болна” навика.

На крајот на денот, пример еден Делчев [ било тоа наш или ваш ] нема да им ги плати сметките или да им го олесни животот. Проекти, градење на фабрики, отварање на нови работни места, обнова на болници, подобра услуга во соработката.

Тоа и ќе ги направи посреќни, а не години и години потрошени на бедни политички поени кои ги собираат врз нивниот грб.

На политичарите е да најдат начини како граѓаните да се зближуваат место да се оддалечувате. Политичарите треба да престанат со манипулации на сопствените граѓани и да започнат да го работат она за што ги плаќаат – да наоѓаат начини, да носите закони и решенија за подобар живот, а не решенија за масовно иселување од двете држави затоа што немаштијата не потишти и поништи.