Прво за нештата да бидат појасни зошто во овој блог – текст ќе стои МПЦ а не МПЦ – ОА е фактот што во Уставот на [ Северна ] Македонија МПЦ е запишана како “Македонска православна црква” која е спомната два пати и тоа во Член 19 со кој се гарантира слободата на вероисповест.

Како Македонија пак е секуларна држава што во принцип значи правно формално одвојување на владините институции како и личностите одредени да ја претставуваат државата од религиските институции и религиските достоинственици статусот и е повеќе забелешка во Уставот отколку регулирање на внатрешните односи.

Но МПЦ пред се има обврска кон верниците а верниците не сакаат лаги!

Воедно штом МПЦ е запишана во Уставот на [ Северна ] Македонија самото по себе е факт дека нејзиното постоење е уставна категорија и таков вид религиозна “организација” не може да го менува името без разлика на секуларниот аспект на уредување на државата затоа што со тоа го крши Уставот.

Потврда на уставниот карактер на МПЦ е и Амандман VII [ Службен Весник на Република Македонија Број 91 од 2О.11.2ОО1 година ] познат и како еден од 15-те Амандмани кои беа изгласани на Уставот како обврска од Охридскиот рамковен договор па за МПЦ стои:

1. Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија – Католичката црква – Евангелско Методистичката црква – Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон;

2. Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија – Католичката црква – Евангелско Методистичката црква – Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

Значи правно јасна потврда за МПЦ во носењето на Уставот на Македонија на 17 ноември 1991 година и уште еднаш со Амандманска измена од 2О.11.2ОО1 година дека на територијата на нашата држава Православната црква се именува [ само ] како Македонска.

Дали тоа е согласно Преспанскиот Договор меѓу [ Северна ] Македонија и Грција е веќе прашање на кое по сите наоди и најави ќе има промени во називот на МПЦ но не во МПЦ – ОА ами во Северномакедонска православна црква или Православна црква на Северна Македонија.

Што и се случи на МПЦ во 2ОО8 година?

МПЦ во 2ОО8 година најави и направи промени на името иако нејзиниот портпарол тоа тогаш не го толкува такa па на 1 октомври 2ОО8 година изјавува: “Оваа крупна новина би требало да се случи на претстојниот викенд кога во Охрид ќе се одржи црковно народен собир на кој владиците заедно со верниците ќе расправаат за прашања важни за верскиот живот. Терминот Охридска архиепископија е само дообјаснување на поимот Македонска православна црква т.е. само додавање на уште едно име а не промена на постоечкото.

Портпаролот на Синодот владиката Тимотеј упорно негираше дека црквата воопшто ќе расправа за ова прашање.

Тогаш МПЦ овој чин го образложи како заштита и превенција од расколничката црква на СПЦ која работи во Македонија и го користи називот “Православна Охридска Архиепископија” која за волја на вистината исто така е естаблирана со Томос на САС [ Светиот архиерејски синод ] на Српската православна црква а со која ракоположи Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски господин – господин Јован VI или Зоран Вранишковски од Битола.

Портпаролот на МПЦ за ова говори: “Овој чекор е мотивиран од обидот МПЦ да си го заштити терминот “Охридска Архиепископија” од злоупотреба од страна на расколничката црква на Зоран Вранишковски. Додавката треба да почне да се користи веќе од идната недела.

Па така на 12 ноември 2OO9 година, Македонската православна црква во своето име ја додава додавката “Охридска Архиепископија” како директна наследничка на старата Охридска Архиепископија. Покрај додавката МПЦ – ОА изврши и промена во грбот и знамето – односно наместо приказот на црквата Света Богородица – Перивлепта била ставена црквата Света Софија во Охрид како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

Ваквите измени меѓутоа ја оставаат МПЦ во поголема изолација иако таа по црковен закон е одметничка од СПЦ која и ја става во изолација во 1967 година па се до 5 мај 2О22 година.

Имено не може да говориме за никаков континуитет на МПЦ со ОА ако на сите им е јасен фактот дека она што за Македонија е 8 септември 1991 година тоа за МПЦ сега е 5 мај 2О22 година.

Односите на МПЦ со СПЦ низ 55 годишната изолација сепак не беа тоталитарен пристап од сите православни цркви па БПЦ [ Бугарската православна црква ] соработува со МПЦ па во 2ОО8 година МПЦ на Бугарската православна црква и подари дел од моштите на Свети Климент Охридски за новоизградената црква во Пловдив.

Возвратно на 24 мај 2О14 година на празникот на Свети Кирил и Методиј во Софија МПЦ и Бугарската православна црква за првпат заедно ги празнувале Светите Кирил и Методиј со литургија во Соборниот храм Свети Александар Невски каде присуствувале бугарскиот патријарх Неофит и македонскиот архиепископ Стефан заедно со владиците Наум и Климент. Од посебно значење е тоа што во текот на литургијата македонските владици биле во олтарот на храмот Свети Александар Невски а дополнителна почит кон МПЦ била искажана и со тоа што на Стефан му било овозможено со светиот крст да го благослови моментот и од име на МПЦ.

Но факт е и дека на 14 мај 2О18 година Бугарската православна црква донесе одлука да ја одбие поканата од Македонската православна црква за учество на свечените прослави на 1.ООО годишнината од основањето на Архиепископијата Охрид. БПЦ исто така одбива да испрати и претставник на прославата и тоа е сосема логично затоа што со самоиницијативна промена во името МПЦ не може автоматски да стане и законски наследник на ОА.

Зошто терминот Охридска Архиепископија е проблем?

Па тоа е назив за црковно постоење кое директно одбележува милениумско христијанско делување и МПЦ без разлика на ставовите по фактите не е директна наследничка на ОА затоа што Охридска Архиепископија е првата словенска православна црква која дејствувала на голем дел од Балканскиот Полуостров за време на Самоиловото царство.

Поточно во втората половина на X век во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална архиепископија во достоинство на патријаршија а подоцна по паѓањето на Самуиловото Царство повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века се до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија.

За време на Самоиловото владеење постои бугарска црква како Цар Самоил е Цар на Бугарите што веќе го облазложивме со историографски факти детално во претохниот блог – текст.

Во IX век македонија како регион е под бугарска власт. Притоа за да ја признае бугарската црква римскиот папа му наредил во 866 година на бугарскиот цар Борис секој регион во својата држава да избере свој епископ а сите епископи да изберат архиепископ на Бугарија.

Иронија е што нема спор дека прв кон крајот на IX век бугарскиот цар Борис I ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи и за управник на македонската област го назначува никој друг туку лично Свети Климент Охридски.

Низ историјата епархиите смениле неколку јурисдикции од соседните православни цркви. Особено жестоки борби биле водени по средината на XIX век за создавање на Бугарска егзархија во кои учествувале деjци како Браќа Миладинови – Григор Прличев – Кузман Шапкарев. Таа била афирмирана со султански ферман во 187О година со центар во Цариград и до Балканските воjни ги вклучувала епархиите Битолска – Велешка – Дебарска – Охридска – Скопска – Струмичка – Неврокопска и имала обласни претставители во Леринско [ Магленско ] – Воденско – Солунско – Поленинско [ Кукушко ] – Серско – Мелнишко – Драмско.

Во 1912 година ималo 1.373 егзархиски училишта со 2.266 учители и 78.854 ученици во регионот на Македонија. Денес неjзина наследничка е Бугарската патријаршија. По Балканските и Првата светска воjна и укинувањето на Бугарската егзархија во Вардарска Македонија таа беше насилно потчинета на Обединетата православна црква на Србите – Хрватите и Словенците [ Првата Југославија како Кралство СХС ]. Во текот на Втората Светска војна [ 1941 – 1945 ] црквата во Македонија e вратена под управа на БПЦ.

Или историографски поточно – затоа што фактите ја говорат вистината.

Во времето кога започнала христијанизацијата на Бугарите во 864 година бугарскиот кнез Борис I [ 852 – 889 ] успеал да ја основа новата црква на Балканот. На свиканиот собор во 893 година во Преслав познат како Преславски собор заедно со изборот на Симеон за Цар на Бугарија било земано решение грчкиот јазик да биде заменет од старословенски јазик во богослужбите.

Во истото време [ краjот на 885 ] Борис ги примил учениците на Кирил и Методиј коишто билe протерани од Велика Моравија. Словенскиот јазик станал службен јазик на Бугарија заменувајќи го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 година како словенски учител во областа Кутмичевица каде ja основал Охридската книжевна школа. По непрекинато 36 годишно управување во 889 година царот Борис доброволно се откажал од престолот и се повлекол во манастир.

Во 886 година на бугарски црковен собир било решено Бугарската архиепископија да стане афтокефална [ самостојна ]. На чело на бугарската црква застанал Јосиф Исповедник архиепископ и прв бугарски патријарх кој ја спроведувал прословенската политика на Борис I и подоцна на Цар Симеон I. Во следните години царот Симеон I [ 893 – 927 ] постепено ги заменил грчките духовници со бугарски создавајќи ја Бугарската егзархија која во времето на неговиот наследник Петар I [ 927 – 970 ] добила ранг на патријаршија. Така за прв бугарски патријарх бил избран Дамјан Доростолски а седиште на црквата станал градот Преслав.

Според некои извори престолнината на патријаршијата била преместена во Драстер како што се смета и дека Бугарската патријаршија постоела уште во времето на царот Симеон I. Ова прашање често се поврзува со признавањето на царската титула на Симеон од страна на Вселенската патријаршија.

Во истиот временски интервал историски факт е дека Климент станал епископ на Охридската епископија како дел од Бугарската православна црква а Наум дошол од Преслав во Охрид да ја води Охридската школа.

И без разлика на малите историски недоречености факт е дека ОА никогаш немала допирни точки со Македонија затоа што не постоела македонска држава – царство или кралство во било која форма но и дека СПЦ апсолутно немала никакви допирни точки до ОА.

И тоа се историографски факти кои се битни но се далечно минато за разлика од поновите активности кога СПЦ за разлика од “извиканата” БПЦ врши директни упади врз иако непризнаената но сепак постоечка независност на МПЦ па на 23 септември 2ОО2 година од страна на Соборот на Српската Православна Црква Зоран Вранишковски е поставен е за Егзарх на сите епархии во Македонија.

Зошро СПЦ за МПЦ има издадено три [ еден за ПОА ] томоси од кои последниот е обичен памфлет како СПЦ може да генерира само автономија но не и автокефалност?

Имено после конституирањето на Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија на 25 декември 2ОО3 година Вранишковски избран е за негов Претстоител.

На 24 мај 2ОО5 година на Денот на Светите браќа Методиј и Кирил потврден е од страна на Неговата Светост – Архиепископот Пеќки Митрополит Белградско – Карловачки и Патријарх Српски Павле а согласно Спогодбата од Ниш за Архиепископ охридски и Митрополит скопски. Истиот ден објавен е Патријаршискиот и Соборски Томос за автономија на Православната Охридска Архиепископија чиј Претстоител на Светиот Архијерејски Синод е Зоран Вранишковски.

Ова е факт дека СПЦ иако нелегитимно дели томоси како и кога сака зависно колку е блиска или не кон остварувањето на сопствените црковни интереси без разлика на цената која ја плаќаат верниците нема срам да признае неканонско делување. Притоа Томосот за ПОА [ Православната Охридска Архиепископија ] никогаш не е “сторниран” па СПЦ освен што де факто ја признава МПЦ де јуре има и своја втора “експозитура” во Македонија?

Исто како што е факт и дека Јован ака Зоран Вранишковски пред да “дезертира” од МПЦ беше десна рака на Владиката Преспанско Пелагониски и администратор Автралиско Новозеландски Петар кој низ својата историја има изречени низа обвинувања од кои последното е дека “постојат парацрковни структури во Бигорскиот манасти на чело со епископот Партениј”.

Kанонски Петар ака Јован Карев од Богомила кој завршил Богословски факултет во Белград 197О година апсолутно нема никаква надлежност на епархијата во која Партениј е епископ и Бигорски манастир физички постои како за тој дел е одговорен Митриполитот Дебарско – Кичевски Тимотеј кој претходно и ја раководел Австралиско  – Новозеландската епархија пред Петар но е и долгогодишен портпарол на САС при МПЦ.

Што се случи со МПЦ во 2О22 година?

Прво Светиот Синод на Вселенската патријаршија на 5 мај 2О22 година под претседателство на вселенскиот патријарх Вартоломеј донесе одлука со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ја призна за канонска црква. Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на македонската црква ами претставува објава дека црквата повеќе не е во шизма и раскол со православниот свет.

Но самиот статус на МПЦ со оваа одлука не е дефиниран – ниту пак конечното име под кое ќе биде призната црквата. Тоа дополнително ќе се утврдува и дефинитивно нема да е МПЦ – ОА за што никој па ни СПЦ и РПЦ [ Руската православна црква ] немаат официјален став па следствена и логична беше одлуката на БПЦ [ Бугарската православна црква ] да го признае признавањето од СПЦ но без додавката Охридски на Македонскиот Архиепископ да се смета за чин спротивен на позитивниот момент. Нема позитивен момент. Има само лаги за кои БПЦ е свесна и за кои своевремено нудеше и мајчинство кон МПЦ кое пак беше промовирано но не и реализирано затоа што фамата која ја прикажа СПЦ изгледаше пореална иако целосно фиктивна.

Кон ова и фактот што Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската патријаршија пред да ја истакне Одлуката соопшти дека како име на оваа црква се признава “Охридска” имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија.

Значи МПЦ во чии рамки географски е и регионот на Преспа и Охрид ќе носи привремено име.

Нешто слично како како со привременото име на Македонија [ Северна ] кое беше ФИРОМ. И ова на голема врата во Македонија беше промовирано како признавање на постоењето на МЦП – ОА но од 1967 година од кога до 2О22 година правно е српска експозитура. Ако на ова се стави и фактот дека СПЦ нема право на издавање Томос за автокефалност ами само за автономија тогаш МПЦ апсолутно сеуште е само огранок на СПЦ.

Што поточно се случи?

По повеќедеценискиот спор на МПЦ со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на македонската црква од православниот свет во април 2О18 година Синод на МПЦ испрати молба за апелација до Вселенската патријаршија која има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од МПЦ веднаш беше земена предвид со ветување дека Вселенската патријаршија “ќе се заземе за ова прашање и да ги преземе потребните чекори според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии”.

Како тогаш СПЦ испадна постара црква од БПЦ?

Црковени и историографски наоди говорат за факт дека Србите христијанството го примиле доста бавно. Кон крајот на 8 век завршила борбата помеѓу христијанството и паганството. Во почетокот христијанството во Србија било под јурисдикција на Охридската православна црква [ Бугарската црква ] па Растко Немањиќ односно Свети Сава во 1219 година успеал да ја организира првата српска црква позната како Пеќската архиепископија а подоцна патријаршија. Српскиот владетел Стефан Душан успеал да го подигне угледот на црквата и да ги прошири нејзините граници станувајќи патријаршија. Свети Сава бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв архиепископ на српскиот народ.

Според канонското право самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По 12О4 година седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од Цариград во Никеја. Свети Сава имал голема мисија во Никеја чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната Византиско Царство Вселенската патријаршија сепак дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава брат на српскиот крал Стефан.

Наследниците на Свети Сава со поддршка на династијата на кралот Немањиќ во 1346 ја создале Пеќската патријаршија. Со зголемувањето на улогата на српската држава истовремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на Србите и Грците во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх.

Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно правниот систем во источните земји царот не можел да биде замислен без патријарх.

Освен ова Душан се надевал дека со освојување на грчката држава полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот.

Но според канонското право границите на црковните региони секогаш се совпаѓале со оние на земјата. Според ова Вселенската патријаршија имала “ipso facto јурисдикција” над епархиите кои биле одвоени од Византија а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија Душан се обратил кај Бугарската држава.

Зошто СПЦ и РПЦ прокламираат огромна грижа кон МПЦ иако се свесни дека автокефалност може да издаде само Цариградската патријаршија?

Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија е една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул – Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх кој има статус на “прв меѓу еднаквите” од останатите православни епископи во светот.

Моментален патријарх и духовен водач на околу 3ОО милиони православни христијани во светот е Вартоломеј I. РПЦ [ Руската православна црква ] веќе подолго сака да ја преземе водечката улога на Вселенската патријаршија.

Факти за ова се и посетата на половина отсек за надворени работи на РСП на МПЦ како поттик кон одлуките поврзани со СПЦ иако веќе констатиравме дека прв и последен збор за автокефалност на црква има само Цариградска патријаршија.

Зошто Македонската православна црква го прими митрополитот Антониј свештеник од највисокиот круг архиереи на Руската православна црква и најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња во Украина дека ќе им бидат простени гревовите и кој ги велича политиките на Путин?

Митрополитот Антониј беше во придружба на амбасадорот Баздникин што значи посетата не е религиозна а чиј претходник Шчербак изјави дека како членка на НАТО Сверена Македонија е легитимна цел за напад.

Дека посетата е скандалозна потврдува и фактот дека јавноста во нашата земја за неа и за тоа дека рускиот митрополит ќе има средба со врвот на МПЦ односно со архиепископот Стефан дозна од медиумите во соседството односно од Бугарија.

За оваа “игранка” со Москва нема никакво оправдување и од црковен аспект затоа што ако МПЦ мисли дека може да се вози и на овој задоцнет “руски воз” треба да се соочи со фактот дека така ќе се стави на страната на Москва за преземање на приматот на Цариградската патријаршија како прва меѓу еднаквите цркви односно за доминацијата на РПЦ во православната екумена.

Но тоа не е сe. МПЦ ќе треба да прифати дека нема таков телешопинг во кој ќе може да “купи” едно признавање на автокефалноста за да добие две?! И кој кого лаже?

Владиката Антониј по средбата со раководството на МПЦ кусо изјави дека дошол во Македонија за да пренесе братски поздрави и честитки за именденот на поглаварот на МПЦ Стефан кој се одбележува на 9 јануари [ посетата е во 2O23 година ] на што и од МПЦ рекоа дека средбата била пријателска и по повод именденот на архиепископот Стефан и Божиќ.

Но стои фактот дека посетата не беше најавена ниту од МПЦ ниту од Руската православна црква. Иако прво Руската црква на својот веб сајт по реализацијата информираше дека владиката Антониј и други руски црковни лица биле во посета на Македонија. Истото соопштение на социјалните мрежи го пренесе и Амбасадата на Русија во Македонија надополнето со фотографии од средбата.

Работи ли РПЦ и во корист на СПЦ која со издавањето “фалш” томос кон МПЦ и го “одзема” имотот? Затоа што за СПЦ повеќе од извесно е дека МПЦ и СПЦ се една иста црква поточно дека МПЦ е огранок на СПЦ. И тоа го говорат српски епископи.

Односите на Српската православна црква со Македонската православна црква по неодамнешното признавање автокефалност на МПЦ не се добри туку братски и суштински – егзистенцијално и духовно биле се и ќе бидат – една Црква говори епископот бачки Иринеј.

Владиката Иринија говори и дека дека статусот на Црквата во Македонија е канонски целосно и правилно регулиран така што одредени критики поврзани со “недоволно разјаснетата канонска основа за признавањето на МПЦ” се неосновани за веднаш да ја потврди тезата дека афтономија нема пa ја отфрли забелешката дека СПЦ ги “предаде и продаде” своите немањички светилишта на југ.

Иринеј наведува дека тоа претставува “подметнување” бидејќи во Томос јасно е наведено дека СПЦ го отстапува своето историско наследство на новата автокефална црква. Времено користење е поимот кој Иринеј не сака да каже гласно па додава дека се занемарува фактот што СПЦ немала пристап до нејзините јужни епархии од 1941 година до неодамна и дека денес сите српски епископи почнувајќи од патријархот имаат пристап до секое свето место во Македонија и сите епископи од Македонија имаат пристап до сите српски светилишта низ светот.

Кога и како заглави МПЦ?

Според МПЦ по поволни услови за враќање на самостојноста [ како црковна територија но не и држава ] се создаваат дури во текот на Втората светска војна [ 1941- 1945 година ]. Пред самиот крај на војната во 1944 година во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно народен собор на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите – Хрватите и Словенците подоцна – Српска Православна Црква.

Значи и пред самото формирање МПЦ пак бара дозвола од СПЦ која патолошки си ја смета за мајка црква иако говориме за окупација на територијата на регионот на Македонија кој првата Југославија како Кралство СХС си го именува како Вардарска бановина.

Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална бара да биде признаена како самостојна Црква што повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година [ 13 фамозни години подоцна ] во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно народен собор каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети Климентовата Охридска Архиепископија олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква а за нејзин прв епископ е избран Доситеј.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно народен собор во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година запис 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката на СПЦ за прв пат за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско битолскиот владика Климент.

Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и дал самостојност на Македонската Православна Црква во 1959 година но таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх

По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско струмичката епархија Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј придружуван од митрополитот Никодим – епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица – Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија на која што служел патријархот Московски Алексиј во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј.

Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглаварите на СПЦ и РПЦ но воедно и последно.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно народен собор и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за автокефална. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е свршен на Светата Архиерејска Литургија отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ.

И ова е целосно неканонска активност на МПЦ која сама себе се прогласува за автокефална со што целиот православен свет ја става во изолација се до 2О22 година или точно 55 години како МПЦ си “игра” црква самата за себе.

Но зошто и 2О2О е битна за МПЦ?

Причините и условите се во ред но не и редоследот и изборот на “играчи” кои доведоа до тоа па можеме да ги поделиме на внатрешно црковни кои ја одразуваат динамиката на односите во МПЦ и надворешни поврзани со широкиот свет на националната и меѓународната политика.

Во однос на внатрешно црковните причини како поважни се наметнуваат следните: Прво личноста на Архиепископот Стефан односно неговата мудрост и одмереност правилно да ја води Црквата во овие сложени времиња на глобални тектонски политичко црковни поместувања. Второ декларираното но далеку од манифестирано [ последен пример е изјавата на Петар против Партениј и Бигорски ] единство помеѓу членовите на Синодот. Трето е трудот на дел од духовници на МПЦ кои со децении трпеливо ги градеа денес веќе силните мостови на соработка со Вселенската патријаршија кои за волја на вистината не е јасно како МПЦ со РПЦ позади себе ќе ги одржи.

Во однос на поширокиот политички контекст како поважни се наметнуваат следните околности: Прво решавањето на спорот со името со Грција. Тоа доведе до конечно завршување на еден непријатен период во меѓусебните односи во кој доминираше инфлацијата на лоши вести односно до почеток на една нова позитивна ера на соработка помеѓу државите граѓаните и конечно – црквите. Но тоа самото по себе значи дека М во МПЦ ќе треба да е С поточно Северномакедонска или ПЦСМ што е Православна Црква на Северна Македонија.

Второ поддршката на државните институции и општеството. После писмото на Синодот на МПЦ до Вселенската патријаршија со кое се бара Константинополскиот патријарх да го искористи своето апелациско право за конечно решавање на црковното прашање следуваа и писмата на политичкиот врв упатени до Вселенскиот патријарх од 2О септември 2О2О односно од 22 септември 2О2О година кои дадоа дополнителен придонес за натамошно зацврстување на декларираниот консензус.

Трето е поволната меѓународно политичка консталација. Членството во НАТО како највисок национален интерес дополнително ја зацврсти стабилноста на Македонија давајќи му нов квалитет на односите со нашите стратешки сојузници. Во светло на глобалните меѓународни поместувања решавањето на црковното прашање натамошно ја зајакна стабилноста на државата правејќи ја поотпорна на надворешни влијанија од трети страни иако МПЦ црковно е сегмент од СПЦ.

Зошто никој не сака да ја детерминира улогата на СПЦ и РПЦ наспроти понудата на БПЦ која беше отфрлена и реалната моќ на Цариградската патријаршија?

Ваквиот развој на настаните со СПЦ и со РПЦ после одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2О22 има своја предисторија и истиот беше очекуван. Имено Руската црква подолго време се обидува да ги доведе во прашање правата на Вселенската патријаршија. Тоа е резултат на настојувањата на оваа црква за поголема доминација во православната екумена.

Овие настојувања на РПЦ станаа особено видливи во 2О16 година кога РПЦ во последен момент одби да учествува на сеправославниот собор на црквите што се одржа во Крит на тој начин ненајавено саботирајќи го авторитетот на Вселенската патријаршија.

Кулминацијата пак беше достигната во 2О19 година кога Вселенската патријаршија одлучи да и додели томос за афтокефалност на Православната црква на Украина што предизвика нови поостри реакции од Руската црква.

И денес РПЦ иако главно безуспешно во светло на оваа борба за доминација ги гради своите позиции за разни прашања водејќи се пред се од своите настојувања да го релативизира воспоставениот ред во православната црква во сопствена полза.

БПЦ тука за волја на вистината има влијание од Русија но ставовите на РПЦ не се решавачки во одлуките како што е тоа пример за СПЦ.

Рускиот митрополит Антониј беше и во посета на Софија која во бугарски политички кругови беше оценета како посета која има цел да изврши притисок врз БПЦ да ја признае црквата во Северна Македонија со статусот и именувањето определено од СПЦ. Реакциите на БПЦ беа дека според каноните на православната црква Вселенската патријаршија е единствената која има право да издава Томос за автокефалност на која и да е друга православна црква и заземање на проруски или просрпски позиции од страна на БПЦ може да доведе со сериозни дипломатски компликации не само во останатите правослани цркви ами и во односот со Грција која не е секуларна.

Сепак една недела по посетата на Антоиј САС на БПЦ говори дека со духовна радост го прима Томосот што Српската патријаршија и го даде на Црквата во Република Северна Македонија а до донесувањето на сеправославна [ правно полноважна ] одлука по прашањето за името на црквата во Република Северна Македонија нејзиниот поглавар ќе го спомнува како архиепископ северно македонски.

И тоа не е лошата БПЦ. Факт е дека патријархот на РПЦ Кирил не го ни спомнува Стефан во литургиите како Архиепископ што е сосема логично затоа што МПЦ е огранок на СПЦ додека пак српскиот патријарх Порфириј го споменува поглаварот на МПЦ но со титулата Архиепископ на Северна Македонија.

Познавачите на црковните состојби пак говорат дека МПЦ е “колатерална штета” од големиот судир меѓу Руската црква и Вселенската патријаршија околу тоа каде ќе биде центарот на Православието а околу што постојано има епизодни конфронтации. До вчера тоа беше Украинската православна црква а сега поводот ќе биде МПЦ.

Оттаму за нив нема дилема дека посетата на рускиот митрополит Антониј имал за цел придобивањето на МПЦ да се позиционира во блокот на кој засега му припаѓаат Руската и Српската православна црква.

Она што треба да биде клучно за МПЦ сега е ставот на РПЦ дека Томосот на СПЦ е легален и легитимен и дека нема потреба да се бара Томос од Вселенската патријаршија. И ваквата теза е погрешна бидејќи МПЦ ќе остане без Томосот од Вселенската патријаршија кој е најважен и единствено легален и легитимен ќе остане потоа во сферата на руско – српско влијание …

Српската и Руската црква на пример треба да кажат како белградскиот Томос е исправен кога токму со него се предвидува потребата од прифаќање и од други православни цркви а таков консензус нема да биде можен бидејќи против ќе биде блокот на грчки православни цркви како прв пример?

Улогата на Москва и политиката во активностите на СПЦ кон МПЦ преку РПЦ?

Стремеж на МПЦ е да биде призната од сите православни цркви без блоковска поделба кој би се прекршила врз нејзиниот статус. Но 2О22 се појавија индиции дека тој пат нема да биде “мазен” туку поплочен со политика и користен за такви цели. Така 2O22 година шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров одлуката за обновување на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква ја нарече “мудра” но и објасни зошто.

“Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието” – изјави Лавров со оценка дека “тоа е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх.

“Тој се обиде засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви a пред сe српската и македонската. Овој провокативен план е спречен” – изјави Лавров.

Еден месец претходно дотогашниот шеф на руската црковна дипломатија митрополитот Иларион Алфеев [ на чие место сега е митрополитот Антониј ] без никакво образложение беше сменет од позицијата шеф на одделот за надворешни работи на РПЦ – разрешен од функцијата постојан член на Синодот на РПЦ но и од позицијата Ректор на богословската образовна институција на РПЦ за постдипломски студии “Свети Кирил и Методиј”.

По разрешувањето беше назначен за Будимпештански митрополит кој ќе управува со Унгарската епархија на РПЦ. Неговото разрешување тој го објасни со “денешната општествено политичка состојба и фактот дека е направен остар завој во кој тој не се вклопил”.

“Многумина ме прашуваат зошто? Како? Всушност и јас самиот не знам многу детали. Ми беше кажано дека оваа одлука не се должи на никакви недостатоци во работата на Одделот за надворешни црковни односи или на Сецрковната постдипломска школа или во овој свет храм или во другите црковни институции со кои раководев.

Само беше кажано дека тоа е неопходно од денешната општествено политичка состојба. Може да сметате дека патот направи многу остар завој јас не се вклопив во него и се најдов надвор од патот. Но тоа е подобро отколку да влезам во каналот – мојот автомобил да се преврти и да експлодира” – изјави Алфеев.

Што прифати МПЦ?

Одлуката на Синодот на Српската православна црква како надоврзување на одлуката на Вартоломеј да и се додели “најширока можна автономија – односно целосна внатрешна самостојност” на МПЦ “доделена уште во 1959 година” е обид да се укине автокефалноста на МПЦ прогласена во 1967 година.

Прво затоа што таа е нелегитимна и второ затоа што МПЦ кога “заортачи” со СПЦ во 55 пауза не се ни обиде да побара решение кое нема да е напишано во Србија.

Огромна дилема создава еден момент кога на својата официјална интернет страница МПЦ го пренесува соопштението на Архиерејскиот собор на СПЦ одржан на 16 мај 2О22 година во кое се наведува: “Откако го прими актот од Архиерејскиот Синод на “Македонската православна црква – Охридска архиепископија” со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус … а тоа е статус на најширока можна автономија односно целосна внатрешна самостојност доделен уште во1959 година …”

Овие ставови на СПЦ се пренесени без никаков сопствен коментар – без никакво оградување a ниту отфрлање. Македонската православна црква – Охридска Архиепископија како име е ставена и во наводници.

Што ова значи за ПОА која има активен Томос? Имено иако на 1 септември 2О22 година беше неформално најавено преземање на свештениците на Вранишковски сепак ПОА е активна како никош. А беше говорено за можности Вранишковски да е духовен отец во некоја од скопските населби иако имаше и предлог за негово пензионирање.

На владиката од ПОА Марко му се нуди богослужба како хороепископ во Делчевскиот манастир Свети Богородица Балаклија кој е под власт на епископот брегалнички Иларион од МПЦ. На Јоаким кој во ПОА е епископ полошко кумановски предлог е да му се понуди позиција на хороепископ во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Македонски Брод кој е под владение на митрополитот Тимотеј.

Како што е познато Синодот на МПЦ има одлука дека треба да се седне на иста маса со архијереите од ПОА сега кога СПЦ и даде автокефалност на МПЦ со што автоматски престанува постоењето на ПОА зашто две паралелни цркви од иста вероисповед не може да опстојат на иста територија. Но тоа е став на синодот на МПЦ. Иако има интенции и на МПЦ и на СПЦ е да се најде најбезболен начин на интеграција на свештенството на ПОА во редовите на МПЦ а тоа претпоставува дека се ќе биде решено врз основа на договор со клирот на ПОА. 

Значи МПЦ сега не само што ќе треба да му се извини на Зоран [ Јован ] Вранишковски ами ќе треба и да го репарира “прогонот” кој го правеше врз него 15 години?

Впрочем самиот Стефан за грчка “То Вима” во 2O22 година како поглаварот на МПЦ потенцираше дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија бидејќи “единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат и во тој процес ние не брзаме”.

При што истакна дека: “Сe друго може да биде само руска бајка за мали деца.”

И руската бајка за МПЦ започна преку СПЦ. Стефан не е дипломат иако на заедничката литургија со СПЦ како “гостин” не ги спомна поглаварите на помесните цркви [ што е канонски и Порфириј го направи ] но го спомна само Патријархот Порфириј. Оваа ситуација практично ја открива и суштината а тоа е дека сегашниот админситративен статус на МПЦ е неодредена а овој чекор за МПЦ е “вин – вин” ситуација која се повеќе води кон самопропаст.