The Truth Behind The Myth Is The Reality

The Truth Behind The Myth Is The Reality

Дека вистината позади темелно и наменски изградениот мит никој не ја гледа за жал е реална констатација која со векови а деновиве скоро редовно на дневна база станала алатка со која преку низа лаги и манипулации - често лаички толкувања на факти или факти кои селективно се прикажуваат како вистинити се формира мит или правилно констатирано лага за реалноста со што и "вистината" добива своја нова димензија иако таа е една и непроменлива. На кого користат ваквите "митови"?! На политичарите и нивните често тесно партиски интереси а особено лични апетити. И во таа епска битка за власт врз него тој - народот мора да е во информативен мрак. А незнаењето е чист мрак во кој тонеме само поради незнаење. Така и се роди идејата за Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог – затоа што само вистината позади митот е реалноста.

Read More

Be Informed - Knowledge Is Power

Be Informed - Knowledge Is Power

Во Македонија новинарството и не така ретко стана сиров и често пати партиски обработен пренос на информации. И така редовно иста информација селективно зависно од потребите е ставена пред граѓанинот како онаа "вистинската" кон која не смее да се гледа со сомнеж. Секако не "мањкаат" и вестите кои во нормални земји би биле кривично дело а спаѓаат во сегментот "политички или новинарски аналитички теренски производ" во кој низ низа лаги и користење на прост речник се тврди дека измислениот настан кој е наречен вест е вистина. Па таквиот "расад" кој го генерираат "ш" класа електронски медиуми го преземаат "големите новинарски бардови" познати и како играчи на македонското новинарство кои ја шират но не и како нивна вест. Така во пракса граѓанинот несвесно е ученикот во познатата "Сто пати повторената лага станува вистина". Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог за таа цел ќе говори со факти и за вистината затоа што само така знаењето ќе е алатка на моќта кај граѓанинот.

Read More

Knowledge Opens Your Mind To The World

Knowledge Opens Your Mind To The World

Јас сум Славчо Неделковски. Македонец и битолчанец кој својот професионален живот го вложил во полињата на уметноста – новинарството и политиката или по различниот редослед веќе 3О години. Но не по принципот на "полжав & пијавица" ефект на "големите играчи" од и така малата македонска политичка сцена кои со епизодните улоги во едночинките останале во минатото на страната од заборавот. 3О години од новинар до главен и одговорен уредник на над 4О печатени медиуми и политички магазини – радио канали - телевизиски куќи и портали. Човек кој над 25 години е дел од сите општествено политички настани во Македонија но и регионот како политички аналитичар – практичар и теренски истражувач. Работејќи и за НВО секторот но и влади на сите политички партии во Македонија и пошироко. Граѓански активист и човек пред се. Уметник кој пред 3О години е еден од основоположниците на независната театарска сцена во Битола а и Македонија. Или накратко горд "татко" на Тир и Ото [ Jack Russell Terrier ] – политички советник и новинар – пасиониран светски патник и љубител на добрата фотографија што пак збирно беше иницијалната каписла по 3О години да формирам личен блог насловен како Just Saying [ Само кажувам ] затоа што како некој кој не само што израснал со Македонија ами и ја израснал неа со своите активности имам право но и должност како завет да ја оставам вистината бидејќи само нејзиното знаењето го отвора умот кон светот.

Read More

Протогеров – Генералот од Охрид – контраверзниот лидер на ВМРО – жртва на југословенското разузнавање

На 7 јули 1928 година нешто пред полноќ двајца мажи се движеле по улицата “Егзарх Јосиф” во Софија. Истрели одекнуваат во топлата летна ноќ и двајцата паѓаат мртви. Случајни минувачи кои веднаш дошле на местото откриле дека загинатите се познатиот бугарски воен деец и еден од началниците на Воената разузнавачка служба – генерал Александар Протогеров

Српскиот терор врз месното население во Вардарска Бановина низ призмата на Анри Пози

Историографијата е поприлично менлива категорија во интерпретацијата но не и минлива затоа што историските факти на крајот од денот сепак ја генерираат вистината која веќе не може да биде интерпретирана на овој или оној начин – затоа што таа е биле и останала само една. А историјата за настаните и состојбите во Македонија по Првата

Илинденско – Преображенското востание – стремежот за слобода коj парцијално си го негираме

Во 2О18 и 2О19 година премиерите на Северна Македонија и Бугарија заеднички ја чествуваа и одбележаа прославата на Илинденското востание кое географски по регионите кои ги покривало правилно го носи називот Илиндеснко – Преопбраженско востание. И тој стремеж на сериозен пристап кон развојот на добрососедските односи прекина по што завладеа омразата меѓу народите поради која

Атентатот во Марсеј и Черноземски – историска пресвртница која спречи затворање на “македонското прашање” засекогаш

Поприлично е нејасно како Величко Димитров Керин повеќе познат под својот псевдоним Владо Черноземски e македонски револуционер кога се работи за ВМРО но е терорист од Бугарија за неговите активности поврзани за истата организација. Историографијата не познава двоен стандард за фактите. Но ајде од крајот кон почетокот. Граѓаните и гостите во Марсеј на 9 октомври

Неуспешниот пуч кој требаше да ја направи Бугарија дел од Кралство Југославија по кој поимот Македонија ќе беше забранет

По државниот удар на 19 мај 1934 година новата влада на чело со Кимон Георгиев започнала со прогон и на сите членови на ВМРО и отворено водела пројугословенска политика. ВМРО е забранета а Иван Михаилов се крие. Масовно се убиваат членови на ВМРО. Парите што великодушно ги подели југословенската амбасада имаат конкретни резултати – се

За масакрот на 12 младинци во Ваташа но и за Крвавиот Божиќ време е за прошка

Несомнено едно од најтрагичните но и најистакнати убиства низ историјата која и не била поштедена од цензури е “Масакрот од Ваташа”.  Но ако ги согледаме детално фактите ќе открие дека зад тој навистина трагичен инцидент повторно надничат демоните на големосрпскиот шовинизам од периодот во кој се случиле. Имено кон средината на XIX век благодарение на

Бугарскиот “Титаник” – “Струма” – од јахта на англиски маркиз до еврејски емигрантски брод

Во 1991 година во израелското пристаниште Ашдот беше поставен споменик на еврејските бегалци кои загинаа за време на Втората светска војна на бродовите Струма и Мефкуре кои потонаа во Црното Море. Но и десет години подоцна никој во градот со 18О.ООО жители не знаеше дека Струма е бугарски брод. Ни во Бугарија не се знаеше

Младотурската револуција дел од Mакедонско Oдринската епопеја – ВМОРО застапена со четири пратеници во Османлискиот парламент 19О8 – 1912

По задушувањето на Илинденско Преображенското востание во 19О3 година проблемите на населението од Македонија и Одрин се продлабочиле. Од една страна Османлиско – султанската власт не се справуваше со растечките национално ослободителни движења на своите народи под нејзина власт но ниту со апетитите на своите соседи. Од друга страна се зголемувало влијанието на Големите сили

Првиот претседател на ДПМНЕ за првиот претседател на ВМРО: Татарчев 1О години беше прв претседател на ВМРО па го цензурираа и левите и десните фракции a комунистите го “избришаа”

Македонската политичка сцена како никогаш во 33 години независна и самостојна Северна Македонија е поделена кон прашањето за внес на македонските Бугари во Уставот на земјата што пак е единственото барање на нашиот источен сосед кој стави и вето на обидот за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Согласно словото на законот легитимно е

Името Никола Вапцаров син на Јонко пријател на Цар Фердинант I и Борис III но и Протогеров и Иван Михајлов не е спорно за МКЦ во Благоевград туку правната постапка

Никола Вапцаров како бугарски поет чиј татко Јонко бил војвода на ВМОРО близок до Александар Протогеров и Иван Михајлов но и личен пријател со Цар Фердинанд I и Борис III не е спорно име за Бугарија за македонски културен центар во Благоеврад ами спорно е кој и како проба да го отвори. Само прогласениот македонски