The Truth Behind The Myth Is The Reality

The Truth Behind The Myth Is The Reality

Дека вистината позади темелно и наменски изградениот мит никој не ја гледа за жал е реална констатација која со векови а деновиве скоро редовно на дневна база станала алатка со која преку низа лаги и манипулации - често лаички толкувања на факти или факти кои селективно се прикажуваат како вистинити се формира мит или правилно констатирано лага за реалноста со што и "вистината" добива своја нова димензија иако таа е една и непроменлива. На кого користат ваквите "митови"?! На политичарите и нивните често тесно партиски интереси а особено лични апетити. И во таа епска битка за власт врз него тој - народот мора да е во информативен мрак. А незнаењето е чист мрак во кој тонеме само поради незнаење. Така и се роди идејата за Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог – затоа што само вистината позади митот е реалноста.

Read More

Be Informed - Knowledge Is Power

Be Informed - Knowledge Is Power

Во Македонија новинарството и не така ретко стана сиров и често пати партиски обработен пренос на информации. И така редовно иста информација селективно зависно од потребите е ставена пред граѓанинот како онаа "вистинската" кон која не смее да се гледа со сомнеж. Секако не "мањкаат" и вестите кои во нормални земји би биле кривично дело а спаѓаат во сегментот "политички или новинарски аналитички теренски производ" во кој низ низа лаги и користење на прост речник се тврди дека измислениот настан кој е наречен вест е вистина. Па таквиот "расад" кој го генерираат "ш" класа електронски медиуми го преземаат "големите новинарски бардови" познати и како играчи на македонското новинарство кои ја шират но не и како нивна вест. Така во пракса граѓанинот несвесно е ученикот во познатата "Сто пати повторената лага станува вистина". Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог за таа цел ќе говори со факти и за вистината затоа што само така знаењето ќе е алатка на моќта кај граѓанинот.

Read More

Knowledge Opens Your Mind To The World

Knowledge Opens Your Mind To The World

Јас сум Славчо Неделковски. Македонец и битолчанец кој својот професионален живот го вложил во полињата на уметноста – новинарството и политиката или по различниот редослед веќе 3О години. Но не по принципот на "полжав & пијавица" ефект на "големите играчи" од и така малата македонска политичка сцена кои со епизодните улоги во едночинките останале во минатото на страната од заборавот. 3О години од новинар до главен и одговорен уредник на над 4О печатени медиуми и политички магазини – радио канали - телевизиски куќи и портали. Човек кој над 25 години е дел од сите општествено политички настани во Македонија но и регионот како политички аналитичар – практичар и теренски истражувач. Работејќи и за НВО секторот но и влади на сите политички партии во Македонија и пошироко. Граѓански активист и човек пред се. Уметник кој пред 3О години е еден од основоположниците на независната театарска сцена во Битола а и Македонија. Или накратко горд "татко" на Тир и Ото [ Jack Russell Terrier ] – политички советник и новинар – пасиониран светски патник и љубител на добрата фотографија што пак збирно беше иницијалната каписла по 3О години да формирам личен блог насловен како Just Saying [ Само кажувам ] затоа што како некој кој не само што израснал со Македонија ами и ја израснал неа со своите активности имам право но и должност како завет да ја оставам вистината бидејќи само нејзиното знаењето го отвора умот кон светот.

Read More

Кој сме ние по 1ОО или 1.ООО години да ја оспоруваме националната припадност на историските фигури која самите си ја декларирале?

Изминатата година, екстремно ескалираше нетрпението, кое Македонскиот и Бугарскиот народ најчесто си го немаат како “чувство” на омраза, колку како гнев, кон нешто што и не им е целосно јасно а сериозно се темели на факти и стручен пристап на материјата, која не за “кафе муабет” но пропагандата ја креира во чајџилница. А за нештата

На кого помагаат или користат лошите односи на Македонија со Бугарија на патот кон Европската Унија?

По логиката на апсурдот кој ни е наметнат, а е еквивалент на догмата: “секогаш по линија на помал отпор”, апсолутно немав двоумење првиот блог да го посветам за состојбите помеѓу Македонија и Бугарија, како и кој тоа има интерес но и корист од сериозно навредливите тонови од двете страни на границата, кои во огромен дел,