The Truth Behind The Myth Is The Reality

The Truth Behind The Myth Is The Reality

Дека вистината позади темелно и наменски изградениот мит никој не ја гледа за жал е реална констатација која со векови а деновиве скоро редовно на дневна база станала алатка со која преку низа лаги и манипулации - често лаички толкувања на факти или факти кои селективно се прикажуваат како вистинити се формира мит или правилно констатирано лага за реалноста со што и "вистината" добива своја нова димензија иако таа е една и непроменлива. На кого користат ваквите "митови"?! На политичарите и нивните често тесно партиски интереси а особено лични апетити. И во таа епска битка за власт врз него тој - народот мора да е во информативен мрак. А незнаењето е чист мрак во кој тонеме само поради незнаење. Така и се роди идејата за Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог – затоа што само вистината позади митот е реалноста.

Read More

Be Informed - Knowledge Is Power

Be Informed - Knowledge Is Power

Во Македонија новинарството и не така ретко стана сиров и често пати партиски обработен пренос на информации. И така редовно иста информација селективно зависно од потребите е ставена пред граѓанинот како онаа "вистинската" кон која не смее да се гледа со сомнеж. Секако не "мањкаат" и вестите кои во нормални земји би биле кривично дело а спаѓаат во сегментот "политички или новинарски аналитички теренски производ" во кој низ низа лаги и користење на прост речник се тврди дека измислениот настан кој е наречен вест е вистина. Па таквиот "расад" кој го генерираат "ш" класа електронски медиуми го преземаат "големите новинарски бардови" познати и како играчи на македонското новинарство кои ја шират но не и како нивна вест. Така во пракса граѓанинот несвесно е ученикот во познатата "Сто пати повторената лага станува вистина". Just Saying [ Само кажувам ] како личен блог за таа цел ќе говори со факти и за вистината затоа што само така знаењето ќе е алатка на моќта кај граѓанинот.

Read More

Knowledge Opens Your Mind To The World

Knowledge Opens Your Mind To The World

Јас сум Славчо Неделковски. Македонец и битолчанец кој својот професионален живот го вложил во полињата на уметноста – новинарството и политиката или по различниот редослед веќе 3О години. Но не по принципот на "полжав & пијавица" ефект на "големите играчи" од и така малата македонска политичка сцена кои со епизодните улоги во едночинките останале во минатото на страната од заборавот. 3О години од новинар до главен и одговорен уредник на над 4О печатени медиуми и политички магазини – радио канали - телевизиски куќи и портали. Човек кој над 25 години е дел од сите општествено политички настани во Македонија но и регионот како политички аналитичар – практичар и теренски истражувач. Работејќи и за НВО секторот но и влади на сите политички партии во Македонија и пошироко. Граѓански активист и човек пред се. Уметник кој пред 3О години е еден од основоположниците на независната театарска сцена во Битола а и Македонија. Или накратко горд "татко" на Тир и Ото [ Jack Russell Terrier ] – политички советник и новинар – пасиониран светски патник и љубител на добрата фотографија што пак збирно беше иницијалната каписла по 3О години да формирам личен блог насловен како Just Saying [ Само кажувам ] затоа што како некој кој не само што израснал со Македонија ами и ја израснал неа со своите активности имам право но и должност како завет да ја оставам вистината бидејќи само нејзиното знаењето го отвора умот кон светот.

Read More

МПЦ трчајки кон Томосот на СПЦ за Романија – Чешка и Словачка стана “Црква на Северна Македонија”

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка донесе одлука за “признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија”. Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија како и за писмата на

Во моментот кога ќе помине рокот за уставни промени преговарачкиот процес со ЕУ ќе запре и за тоа најмалку ќе е виновна Бугарија

Еминентни професори па и устовотворци од кои добар дел се уште се живи во Македонија никако да ја појаснат разликата во концептот поточно формата на Бугарскиот и Уставот на Република Северна Македонија и зошто тој мора често да се менува со акцент на ЕУ интегративните процеси. Се говори само со партиски јазик и за политички

Старите навики на Балканот или како Србија ќе направи се Македонија да не влезе во ЕУ пред неа

Нормално самиот наслов и она што тој означува за солиден политиколог и познавач на состојбите што по вокација се евентуално и аналитичари би бил сосема доволен и јасен но задоени со стигмата “браќа Срби и мајка Русија” на патот кон Евро интеграциите на Северна Македонија ние сериозно развивме огромна омраза и гнев кон Бугарија иако

Глигоров адвокат а внукот на Делчев градоначалник на Куманово како “българи'” за време на Цар Борис III граделе кариери

Интересно е како нештата кои се историски факти ај што сакаме ама и ги релативизираме па прикажуваме онака само како што ни одговараат. Прилично интересни реакции ми се оние на читатели кои спорат историските факти кои ги постирам на блог – постови иако јас во основа само ја [ пре ] пишувам историјата која личностите

Самоидентификацијата на Делчев која не смее да се спори не ме прави ни современ Бугарин ниту пак помал Македонец!

Гневот на нетрпение меѓу Македонците и Бугарите кој по ниту една линија не е природен а најмалку оправдан своја втора “ескалација” овој пат со громогласна тишина [ со сите обиди на властите во Скопје и Софија за мирен собир ] се очекува да има на 4 февруари на роденденот на Гоце Делчев кога потајно радикалните

Тито и Апостолски за учеството на Бугарија во ослободувањето на Македонија кое го негираме и упорно го нарекуваме “пропаганда на Софија”

Што е факт а што е мит? Факт е дека Македонија како форма на организирана [ официјална – независна – суверена и самостојна држава ] за прв пат постои од 1991 година. Факт е дека претходен статус но како федерална членка има во ДФЈ [ Демократска Федеративна Југославија ] создадена на 29-ти Ноември 1943 година

Кога ќе ги отвориме архивите на УДБА и КОС – репресивните алатки на Југославија за периодот 1945 – 1991 година? Што ги плаши политичарите? Историските факти?

Поранешната пратеничка во составот на Собранието на Северна Македонија [ 2О16 – 2О2О ] Никица Корубин со свој пост на социјалните мрежи беше причината за овој прилично краток блог – текст кој сериозно говори за “заборавени” или “забранети” обврски кои политичарите во Македонија ги преземаат врз себе како одговорност со потпишувањето на Договорот за добрососедство

Како комунистите ги фалсификуваа фактите па Колишевски стана “татко” на Македонија а криеле дека бил помилуван од Борис III како “син на Бугари при Мајка Бугарија”

Има една политичка догма за долгогодишниот така наречен водач на комунистичкото движење во Македонија Лазар Колишевски [ роден како Лазар Панев Колишев 12 февруари 1914 – 6 јули 2OOO ] кој беше долгогодишен водач на македонските комунисти и моќен човек во Социјалистича Република Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот. Имено

Кој и зошто го “исфрли” Никола Карев од химната на Македонија која комунистите 5О години ја прикажуваа како неофицијална?

Читам како по само три блог – текстови сум “бугарофил” што е сосема во ред ако никој не прочитал дека моето семејство низ историјата има дадено животи на над 3О Илинденци – Првоборци и партизани на НОБ а потоа и офицери кои ја формирале ЈНА и создале границата на поранешна СФРЈ. Но тоа не ме

Што значи [ вториот ] “Томос” на СПЦ со кој МПЦ стана кираџија врз сопствениот [ народен ] имот во добар дел изграден од БПЦ?

Прво за нештата да бидат појасни зошто во овој блог – текст ќе стои МПЦ а не МПЦ – ОА е фактот што во Уставот на [ Северна ] Македонија МПЦ е запишана како “Македонска православна црква” која е спомната два пати и тоа во Член 19 со кој се гарантира слободата на вероисповест. Како