Никола Вапцаров како бугарски поет чиј татко Јонко бил војвода на ВМОРО близок до Александар Протогеров и Иван Михајлов но и личен пријател со Цар Фердинанд I и Борис III не е спорно име за Бугарија за македонски културен центар во Благоеврад ами спорно е кој и како проба да го отвори.
Само прогласениот македонски културен центар “Никола Вапцаров” во Благоевград стана апсурд во обидот за свое постоење идентично како и во своето незаконско работење по сите можни правни норми.
И тоа не оди во прилог на никого.
Особено на влошените меѓусоседски односи на Северна Македонија и Бугарија.
А тоа не е оценка која произлезе од немањето волја на страната на Бугарија овој пат ами од брзоплетоста на правно непостоечкиот организационен одбор и “интересни финансиери”.
Зошто се случи “Благоевград”? Има за тоа и правни и историографски моменти со кои може да се одговори на ова прашање.
Прво самиот иницијативен одбор. Кој тоа стои како иницијатор и финансиер?
Во почетокот на овој искрено креативен гест за културен центар реагираа и македонските власти кои најавија присуство на чинот но потоа и ја преиспитаа одлуката и тоа не затоа што истиот е во Бугарија ами поради фактот кој тоа отвора културен клуб и дали истиот е легитимен.
Имено министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи самиот изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград затоа што според Османи тоа треба да се провери внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда.
Клубовите на македонските Бугари во Северна Македонија никој никогаш не негирал дека ќе го почитуваат словото на Законот кој експресно беше сменет во Законодавниот дом па едниот реши да го смени “спорното” име за властите во Македонија а другиот да ги искористи правните механизми и за својот назив да бара правда на повисока истанца што е во спектарот на законските норми.
Во Северна Македонија никој не отвори нешто незаконско.
Врочем како што можеше да се прочита во поканата за отворањето на клубот “Никола Вапцаров” тој е основан со финансиска помош на “нашите пријатели од Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно здружение за човекови права во Канада”.
Македонското меѓународно движење за човекови права [ ММДЧП ] со седиште во Торонто Канада го води Бил Николов канадски државјанин со македонско потекло.
На 8 септември на пример тој има напишано:
“Да бев лидер на Македонија пред Генералното Собрание на ОН би го соопштил следното: Го вративме вистинското име Македонија ги ослободивме сите политички затвореници се повлековме од НАТО и од кандидатурата за ЕУ и ги протеравме претставници на САД – НАТО и ЕУ од Македонија”.
Ваквиот “патриотизам на батерии” е често познат за нашинци кои се иселени во странство и кои проповедаат големомакедонски идеологии од безбедна дистанца живеејќи го својот нели “иселенички макотрпен” живот на илјадници километри од реалноста во која е Северна Македонија и македонскиот народ.
За двајцата финансиери Цанев и Остас кои се јавуваат како физички лица нема јавно достапни податоци за нивните биографии – професии и ангажмани.
Од друга страна, пак за Македонското меѓународно движење за човекови права [ Macedonian Human Rights Movement International ] има многу повеќе информации а здружението има и своја интернет страница од која барем според најголем дел од текстовитe – вестите и ставовите објавени на неа може да се заклучи дека станува збор за организација со изразена антиамериканска како и анти-ЕУ и анти-НАТО ориентација.
Северна Македонија како членка на НАТО – стратешки партнер на САД и со јасни евроинтеграциски аспирации апсолутно е луцидно преку официјалните органи на државата да даде било каква поддршка на организација која е комплетно обратно ориентирана.
Во поканата и описот своевремено се додава и дека културниот центар ќе биде управуван од Македонското друштво за заштита на основните човекови права организација која се залага за угнетеното македонско малцинство во Бугарија а ќе продолжи да се финансира од Македонското меѓународно движење за човекови права.
Веќе во наредниот пасус од текстот јасно паѓа в очи антагонизмот на ММЧДП кон актуелната Влада во земјава и нејзиниот премиер.
Организацијата со седиште во Торонто Канада чиј претседател е Бил Николов актуелната власт во Северна Македонија ја именува како “режим” и ја обвинува дека не си го одржала зборот дека ќе го финансира “македонскиот културен центар во Пиринска Македонија” и продолжила да им помага на Бугарија и Грција во потиснувањето на идентитетот и човековите права на македонците низ Балканот.
Отворањето на клубот го следеше извесна драматика откако според информациите Советот на Општина Благоевград прво донесе декларација со која се забранува неговото отворање за потоа градоначалник на општината да се премисли и сепак да дозволи со свечена церемонија да се реализира оваа иницијативата.
Бугарската национална телевизија [ БНТ ] пак пренесе дека наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име.
“Тврдењата што ги имаат браќата од Северна Македонија не се оправдани бидејќи сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини – јас како внук – сестра ми како внука и татко ми како брат секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин.
А во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност” – изјави Никола Вапцаров внук на познатиот поет.
Претседателот на македонската опозиција отиде чекор подалеку и на внукот на Никола Вапцаров му кажа “вие читајте си ги вашите книги – ние нашите”.
Официјално Скопје со став дека клуб ќе има но истиот треба да биде начин на кој се зближуваат држави – како институции и како граѓани на двете држави.
Премиерот тогаш изјави:
Во недела јас ќе бидам во Скопје меѓутоа во Министерството за култура и во Владата бидејќи јас тоа го најавив веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград и тоа барање ќе биде испратено до бугарската Влада.
Знаете дека имаме македонски културен центар во Софија и како што кажавме исто така ќе имаме отворање на македонски културен центар во Благоевград коешто барање ќе го испратиме.
Тоа за обидот за кој центарот и немаше баш најискрени намери.
Второ за познавачите на Уставното право и зошто неговото отворање беше спорно од самиот почеток.
Одлуката за ликвидација на здружението кое се појави како основач е правосилна од првата половина на месецот пред неговото отворање а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права регистрирано во 2О19 година се спротивни на бугарските Устав и закони.
Независно од судските одлуки градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот “Никола Вапцаров” било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно информативен центар со сигурност – кога ќе биде официјален клуб ќе присуствувам на чинот на свечено отворање. – изјави градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов.
Како може политичари од Македонија да не знаат дека се гости на чин каде домаќините одамна не постојат?
“Јас не знаев.
Сега ми стана јасно дека нашето здружение е прекинато.
Прекинато е по законски пат од надлежен судски орган.” Изјави тогаш Атанас Мазнев основач на Здружението за заштита на основни индивидуални човекови права и македонскиот културен центар “Никола Вапцаров”
Според проверките на страницата на бугарскиот Централен регистар пишува дека здружението е “во ликвидација”. Последен документ во влошката на здружението е судска одлука која датира од втората половина на месецот пред воопшто да започне промоцијата.
Имено станува збор за правосилна пресуда по предмет почнат од тамошното обвинителство. Овој државен орган уште во 2О19 година се жалел на тоа што Централниот регистар го впишал здружението.
Каде е проблемот? Одговорот претходно го даде потпретседателката на Бугарија.
Културниот Центар Никола Вапцаров во Благоевград едноставно не може да работи.
Во бугарскиот устав нема малцинства и тој почива на целосно друг принцип на индивидуалното право а не на колективното. Што значи во Бугарија нема малцинства затоа што Уставот не генерира признавање на поголемо и помало право кај граѓаните по основ на самоопределбата.
Едноставно во Бугарија прво и пред се си Бугарин а чинот на самоопределба по основ на религија – верување па и етничката припадност е лична работа. Уставот пак на Северна Македонија е конципиран како повеќенационална земја.
И тоа ни го говорат сите претставници на ЕУ а и Бугарија па самата заменик претседателка на Бугарија – Јотова ќе изјави:
Ние немаме малцинства во нашата земја додека кај вас е различно и како што видовме со последниот попис Северна Македонија е една повеќенационална земја.
Јотова говори за фамозните пресуди на Судот во Стразбур кои не ги негира но правно ги става во категоријата каде и припаѓаат. Во однос на тоа дека Бугарија бара признавање на правата на Бугарите во Северна Македонија додека од друга страна не ги признава правата на Македонците во Бугарија за што има и пресуди од судот во Стразбу таа говори:
Повеќе години работев во Советот на Европа и Европската Унија и ќе ви кажам дека тоа што го цитирате од Стразбур како Решение е во врска почитување на човековите права а во него никогаш не пишувало дека Бугарија треба да го признае во овој случај македонското малцинство.
Имено никој и по никој основ не барал и не може да бара Бугарија да признае какво и да е малцинство бидејќи во Стразбур се чита и почитува Уставот на Бугарија.
Што кажале нашите политичари кои имаат познавање во материјата Уставно право? Апсолутно ништо. И тоа е целиот основ на конфузијата која генерира проблем кој реално не постои.
Кој уште стои зад фамозниот културен клуб на Македонците во Благоевград? Политичка партија која ја игра и улогата на невладина организација.
Претседателот на Комитетот на организацијата ОМО Илинден од Благоевград што е организација која е различна од партијата ОМО Илинден – Пирин која и стоеше позади клубот Атанас Кирјаков се спротивставува на ваквиот начин на отворањето на македонски клуб во Бугарија.
Тој смета дека за Клубот требало да се купи простор на видливо место во Благоеград а не да се изнајмува просторија од која во секое време може да бидат исфрлени.
За ова прашање имале и состаноци со партијата ОМО Илинден – Пирин но Кирјаков објаснува дека партијата без нивно знаење сепак решила да се оди со изнајмување простор.
Кирјаков во изјава вели дека овој Клуб ќе биде гнездо на бугарските безбедносни служби бидејќи куќата во која се отвора Клубот е во сопственост на началник на полицијата во Благоевград.
Значи Јотова сепак била во право!?
Откако отворањето на клубот самото по себе не беше доволно црвено светло дека неговото постоење ќе помогне на се само не на подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија четири лица вработени во комуналното претпријатие на Благоевград го каменуваа излогот.
По реакциите кои конфузно беа осудени затоа што правно никој не нападнал објект кој претставува одреден ентитет реагираше и Иван Демерџиев – министер за внатрешни работи на Бугарија кој телефонски го извести колегата од Северна Македонија дека го исполнил ветувањето и дека фатени се лицата кои го каменувале т.н. македонски клуб.
Реакциите за нивна санкција во тој момент беа во корелација со чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во Скопје за кој на голем број граѓани на Бугарија не им беше дозволено да влезат во Македонија што поради можности за провокации и што поради дефектот во електрична енергија во системот на сите три гранични премини.
Демерџиев тогаш изјави дека итно ќе донира три агрегати за во иднина да се превенираат вакви можности но македонското МВР не ги прифати затоа што не биле проследени по законска постапка.
Третиот сегмент е самото име.
Во Благоевград има најмалку 1О установи со името на Никола Вапцаров. Сосема нормално како тој е еден од поистакнатите поети на Бугарија.
Имено Никола Јонков Вапцаров [ Банско 7 декември 19О9 — Софија 23 јули 1942 ] е бугарски писател – комунист и револуционер кој бил член на Сојузот на бугарските писатели а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир во 1952 година.
Историски точни се податоците дека Вапцаров работејќи поголемиот дел од својот живот како машинист пишувал само во слободното време.
И покрај фактот што објавил само една поетска книга тој се смета за еден од најзначајните бугарски поети.
Или поточно Вапцаров е обучен како машински инженер во Поморското машинско училиште во Варна кое подоцна го добило неговото име. Првата активност му била на познатиот торпедо брод Драшки. Во април и мај 1932 година Вапцаров ги посети Истанбул – Фамагуста – Александрија – Бејрут – Порт Саид и Хаифа како член на екипажот на бродот Бургас.
Подоцна заминал да работи во фабрика во село Кочериново – најпрвин како сточар, а на крајот и механичар. Тој беше избран за претседател на Здружението заштитувајќи ги работничките права во фабриката.
Вапцаров беше посветен на својот талент и слободното време го поминуваше пишувајќи и организирајќи аматерски театарски дела. Тој добил отказ по технички дефект во 1936 година. Тоа го принудило да се пресели во Софија каде што работел за државната железничка служба и општинската печка за согорување.
Со текот на времето Вапцаров апсорбирал многу комунистички идеи и почнал да зема активно учество во идеолошкото движење.
Во доцните 193О-ти бил дел од македонскиот литературен круг но Вапцаров продолжил да пишува само на стандарден бугарски јазик.
Во 194О година тој учествуваше во таканаречената “Соболев акција” собирајќи потписи за пакт за пријателство меѓу Бугарија и СССР. Незаконската активност му донесе апсење и интернација во селото Годеч.
По ослободувањето во септември 194O година Вапцаров се вклучи во Централниот воен комитет на Бугарската комунистичка партија.
Неговата задача била да организира набавка на пушки и документи за комунистичкиот отпор. Тој беше уапсен во март 1942 година. На 23 јули 1942 година тој беше осуден на смрт и застрелан истата вечер заедно со уште 11 мажи.
Но ова не е се.
Имено Никола Вапцаров бара и добива помилување од Цар Борис III но тој го одбива затоа што тоа е само за него а не и за останатите 1О затвореници. И тој историски факт е во царските архиви.
Имено еве што се случило.
Во кралската архива во Велико Трново е зачувана молбата за милост напишана до цар Борис III од мајката на поетот Елена Вапцарова и неговата сестра Рајна.
Баба Ленка пишува едноставни и шокантни реплики: “Мојата молба е милост – милост ваше височество поштедете му го животот ќе се обидам да му влијаам на мојата одговорност тој ќе стане добар Бугарин”.
Судот ги прочита пресудите во 11 часот на 23 јули 1942 година а шестмината смртници беа застрелани таа вечер околу 21 часот. Што се случи во тие 10 часа?
Никола Вапцаров попладнето пред егзекуцијата напишал молба до царот во своја рака но не за милост туку барање смртната казна да се замени со доживотен затвор:
До неговото височество царот – Софија.
Осуден сум на смрт со стрелање според Кривичниот закон предмет бр. 585 Воен суд Софија. Барам казната да се замени во доживотен затвор.Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор.
Молби но за милост пишуваат и останатите петмина осудени на смртЧ Антон Иванов – Петар Богданов – Атанас Романов – Георги Минчев и Антон Попов.
Факт од непозната причина се уште се премолчува или овде – онде половично се спомнува.
Во попладневните часови пред пукањето гласник на кралот дошол во затворот за да ги земе молбите на шестмината.
Години по 9 септември поранешен управник им рекол на своите роднини дека кралскиот пратеник приватно се сретнал со Вапцаров и му ја пренел волјата на монархот дека е подготвен да ја промени смртната казна но само нему.
И покрај неволјите што може да го чекаат од претставникот на Гестапо во Софија Цар Борис III не го свртел грбот на барањето на баба Ленка и Рајна.
Тој не го заборави пријателството со таткото на поетот Јонко Вапцаров кое датира од времето на Фердинанд I.
Самиот факт дека за време на меѓусојузничката војна стариот Комита случајно се наоѓа на фронтот до принцот Борис кога до нив експлодира бомба и го однесе запрепастениот престолонаследник надвор од опасност на грб е доволен за помилување на поетот.
Вапцаров сепак одбива да го помилува само него а не и неговите другари. Така тој оди со нив во занданите на Военото стрелиште.
Е сега кој е татко на Вапцаров близок до ВМОРО но и царското семејство?
Со оглед на реакциите дека Цар Борис III е име кое внесува немир кај граѓаните на Северна Македонија како синот на најдобар пријател на неговиот татко Цар Фердинанд I кој ги решил имотните прашања на царското семејство е избор за кој не се спори?
Имено на 21 јануари 1939 година во Софија умре Иван Јонко Николов Проданичин познат како Вапцаров или Вапсара како и под псевдонимот Белоречки. Бугарски револуционер и народен херој.
Разловечки војводата на ВМОРО и една од легендарните фигури за време на славното Илинденско Преображенско востание во бунтовната 1903 година.
За време на Балканската војна бил командант на чета на Македонско-едринската милиција. Комбинираниот состав на Иван Вапцаров – Христо Чернопеев – Пејо Јаворов и Лазар Колчагов ги ослободи Банско – Мехомија и Кавала. Подоцна Вапцаров служел во четата “Нестор”.
Роден е во Банско неговиот татко Никола Проданичин бил убиен од турски конвој во 1905 година на пат за Солун во областа Свети Георги кај Банско заедно со Борис Тодев и Милан Колчагов.
Јонко Вапцаров дипломирал 6-то одделение во Банско и се приклучил на морнарицата во 1896 година. Тој стана секретар на револуционерниот комитет Бан.
Во 19О1 година заедно со Јане Сандански учествувал во разоружувањето на врховниот дедо папа Најден во село Шербиново.
Вклучен е во аферата “Мис Стон”.
Во 19О2 година, тој стана војвода на една компанија во неговиот роден регион. По Илинденско Преображенското востание во 19О3 година бил уапсен и затворен во Солун.
По Младотурската револуција во 19О8 година бил ослободен.
Веднаш по ослободувањето на родната земја во 1912 година тој станал окружен началник на округот Разлог.
Јонко Вапцаров веќе регионален поглавар на ВМОРО воспостави лично пријателство со царот Фердинанд I посетувајќи се еден со друг неколку пати.
Јонко Вапцаров отишол и во Константинопол во 1916 година за да ги реши имотните прашања на Фердинанд I. На 13 октомври 1917 година кајзер Вилхелм II и царот Фердинанд I ја поминале ноќта во домот на Јонко Вапцаров на пат кон Солунскиот фронт.Јонко Вапцаров одржувал добри односи и со цар Борис III.
По Првата светска војна Иван Вапцаров учествува во возобновувањето на ВМРО. Во 1921 година бил избран за помошник градоначалник на Банско. До 1926 година бил ополномоштен на ЦК на ВМРО и земал плата од 4.500 лева. За време на расцепот на ВМРО бил на страната на десницата но по убиството на Александар Протогеров во 1928 година влегол во конфликт со Иван Михаилов а пролетта 1929 година Михајловисти се обиделе да го убијат Вапцаров кој потоа се населил во Њујорк кај роднините.
Се вратил во Бугарија во 193О година а во 1933 година бил киднапиран од михајловска банда но бил ослободен по 19-то мајски пуч во 1934 година.
Јонко Вапцаров починал во 1939 година во Софија.
Куќата во која живеел Јонко со семејството во Банско денес функционира како музеј.