Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка донесе одлука за “признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија”.

Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Патријаршиски и синодален томос од 2О мај 2О22 година се наведува во соопштението на чешко – словачката Црква.

Како и што веќе посочив во засебен блог – пост во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешка и Словачка нашата Црква никаде не се именува како Охридска Архиепископија име под кое беше примена во канонско единство со останатите православни црква од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј на 9 мај 2О22 година затоа што тоа е времено именување.

По неочекуваното признавање на “автокефалноста” доделена од Патријаршијата на Србија на Црквата на Северна Македонија од страна на Патријаршијата на Романија пред неколку дена и Црквата на Чешка и Словачка исто така го призна неканонскиот потег на Патријаршијата на Србија во врска со статусот на црквата на балканската земја.

Претходно и Романската православна црква посочи под кое име ќе ја признае МПЦ.

Православна Црква на Северна Македонија.

Романската Православна Црква донесе одлука да го признае Томост на СПЦ за “автокефалност” на МПЦ но да и одреди друго име што сега објавува низ појаснување за одлуката.

Со дообјаснувањето архиереите на Романската Православна Црква дополнително го комплицираат процесот и останува нејасно колку Томоси треба да добие МПЦ за автокефалност и кој Томос е веродостоен.

Романската црква посочува дека коночниот Томос за автокефалност треба да го издаде Вселенската патријаршија иако таа веќе го прифати Томосот на СПЦ.

Романските владици се повикуваат на одлуките од Шамбези по кои требаше да се воспостават нови правила за автокефалија во Православниот свет а воедно и посочуваат дека тие одлуки не поминаа на Големиот Сеправославен Собор на Крит и во тој слулчај важат претходните правила за доделување на автокефалност.

Појаснување по однос на одлуката на Светиот Синод на Романската патријаршија да ја признае автокефалијата на Црквата во Северна Македонија нема.

На 9-ти февруари 2О23 година Светиот Синод на Романската православна црква го одобри признавањето на автокефалијата доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2О22 година.

За време на синодското заседание одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2О22 година за востановување на канонското и евхаристиско општење со Православната црква во Република Северна Македонија водена од Архиепископот Стефан.

Понатаму Вселенската патријаршија и го довери на Црквата на Србија регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија.

Друга тема што беше земена предвид од романските владици беше прашањето на автокефалијата и средствата преку кои се доделува и признава што беше анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.

Имајќи ја предвид оваа информација Светиот Синод на Романската православна црква ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристиско општење јерарсите – клириците – монасите и верниците под Архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви.

После признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2О22 од Патријаршијата на Србија кој и доделува автокефалија на Православната црква во Република Северна Македонија Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да започне консултации и издаде конечен томос за автокефалија за да изрази сеправославен консензус по ова прашање на признавање на автокефалијата.

Единствено нешто што за Романската Православна црква е јасно е именувањето на МПЦ – ОА и од ова дообјаснување станува сосема јасно дека тоа е како “Православна Црква на Северна Македонија” а не “Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија” како што некои владици и политичари трдеа дека успеале да го заштитат името.