Македонската политичка сцена како никогаш во 33 години независна и самостојна Северна Македонија е поделена кон прашањето за внес на македонските Бугари во Уставот на земјата што пак е единственото барање на нашиот источен сосед кој стави и вето на обидот за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Согласно словото на законот легитимно е правото на било која етничка заедница во Северна Македонија да е во највисокиот правен акт Уставот кога веќе истиот е во таков формат.

Имено Уставното право познава варијации и модификации на Устави и тука апсолутно македонската јавност е ставена во апсолутно незнаење дека толку гласно бараниот реципроцитет едноставно не е можен затоа што во Уставот на Бугарија нема етнички заедници затоа што тој го пропознава индивидуалното право на граѓаните на Бугарија но не колективното како што е со Уставот на Македонија.

Воедно според најавите со измените кои мора да се реализираат до ноември 2О23 година ако Северна Македонија сака да започне преговори за членство со Европската Унија во Уставот ќе бидат запишани освен Бугарите и Хрватите – Црногорците – Евреите но и Еѓипќаните и Торбешите.

Македонскиот Устав ќе се отвори но не само за бугарското малцинство во земјата. Владата размислува и околу барањата на другите заедници во земјата коишто изминатиов период пројавиле желба да бидат внесени во Преамбулата на Уставот којшто треба да се отвори пред пристапувањето на земјата во Европската Унија. – истакна премиерот на Северна Македонија.

Со свој став и вицепремиерот за европски прашања кој појасни:

Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник бидејќи ова е дилема која ќе се исправи пред секој пратеник:

“Дали сте за членство на Северна Македонија во ЕУ или не?”

Ова е суштинското прашање на кое треба да се одговори. – истакна тој.

Според него содржината на уставните измени не е проблематична појаснувајќи дека се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот и додавањето на уште неколку заедници меѓу кои и бугарската не го гледаат како суштински проблем.

Напротив според вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија тоа само може да го збогати нашиот Устав и нашето општествено милје.

Ние од 1991 година  од независноста сме се определиле и за ЕУ и за НАТО и веќе сме членка на НАТО и исцртан ни е патот кон ЕУ. Ги почнавме преговорите дали успешно ќе ги продолжиме и завршиме зависи само од нас.

Затоа е битно ова секој пратеник да го има предвид кога ќе ја носи одлуката. – истакна тој.

Но претседателот на Северна Македонија е скептичен дека сегашната опозиција во парламентот има расположение да гласа за уставните измени.

Тој смета дека во досега потпишаните документи нема никаква опасност кон македонскиот идентитет и јазик а дека ставот на опозицијата е наметнат од внатрешнопартиска логика.

Вие не можете со сила никого да натерате да гласа ако од сегашната опозиција мислат дека документиве се опасност за македонскиот народ.

Јас не мислам така.

Моја проценка е дека многу тешко ќе се дојде во овој парламентарен состав до 2/3 затоа што колку што јас можам да проценам опозицијата во македонскиот Парламент го чита договорот со Бугарија односно преговарачката рамка со ЕУ низ партиска диоптрија. – изјави претседателот на Северна Македонија.

Говорејќи за политичката поларизација во земјава тој вели дека не може да се постигне консензус ни за стратешките прашања како што се евроинтеграциите.

Двата главни политички блока се толку далеку и поларизацијата е толку голема што и јас навистина не верувам дека тука има минимум волја и тоа пред се поради однесувањето на опозицијата да се договориме за некои две – три стратешки работи. – изјави претседателот на Северна Македонија според кого не би помогнала ни можна лидерска средба иницирана од неговиот кабинет.

Зошто опозицијата се противи на промените на Уставот?

Одговорот деновиве доста јавно и гласно го дава првиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Георгиевски е првиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ од нејзиното основање во 199О до мај 2ОО3 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година а од 1998 до 2ОО2 бил и Премиер на Република Македонија.

Проблемот според него е можеби Статутот на партијата во кој таа поврзала континуитет со историското ВМРО кое по сите историографски факти е основано и водено од Бугари или македонски Бугари кои за време на Османлиското владение се борат за независна Македонија но само поради фактот што револуционерното движење е распространето низ целата Османлиска империја на Балканот па истото се реализира по региони.

Георгиевски е јасен и по ставот што биле голем дел од револуционерите на тогашното ВМРО по ставот на својот идентитет за што изјавува:

Не е точно дека морале да се изјаснат дека се Бугари или имаат бугарско самосознание.

Поточно време е да погледнеме кој се од нив биле не само професори и учители ама и директори на школи на Бугарија во регионот на Македонија. Зошто?

Ако не го мислеле она што го изјавиле и имаме пресија која како збор денес е така лесно употреблива не смееме да заборавиме на фактот дека во истиот период во регионот на Македонија нема само школи и цркви на Бугарија ами и на Србија и Грција.

Револуционерите на ВМРО говорат и пишат на Бугарски затоа што тоа е јазикот кој им е близок. Сериозно е несериозно за тој период да се говори зошто не говореле Македонски јазик.

Тоа е исто како да прашате зошто не користеле мобилни телефони. – изјави Георгиевски.

Првиот претседател на ДПМНЕ за ВМРО говори и подетално:

ВМРО тогаш се бореше за независна идеја за Македонија.

Ванчо Михајлов – Тодор Александров – Борис Сарафов и многу други што ги нарекува македонската историографија Врховисти се залагале и зборувале дека во Македонија како регион живеат македонски бугари затоа што во тоа – нивно време тоа било мнозинството со кое тие се соочувале – зборувале и говореле секој ден.

Знаете ние нашите проекции од југословенската комунистичка историографија ги проектираме назад во историјата и како на Бинго велиме дека овие ете се позитивните а овие се негативните револуционери на ВМРО.

Кога ќе ги погледнете биографиите на сите македонски револуционери – преродбеници вие ќе се соочите со една сурова реалност која денешната грешна македонска историографија тешко ја признава и тешко говори за неа а тоа е пример дека Ванчо Михајлов по прашањето за националната самосвест се определува на ист начин како што се самоопределувал и првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев.

Татарчев починува 1953 година и има запишани спомени во кои за народот кој живее во Македонија го говори истото што го говори и Ванчо Михајлов иако не треба да заборавиме дека тој е претседателот и на Гоце Делчев и на Даме Груев и на Ѓорче Петров и на Јане Сандански.

Левите и десните подоцнежни фракции во ВМРО не го менуваат тој факт. Христо Татарчев е 1О години претседател на ВМРО. Гоце и Даме никогаш не се претседатели на ВМРО.

Па ние го имаме избришано и првиот претседател на ВМРО само затоа што 8 години живее по така наречена слободна и југословенски независна Македонија и не сака да се врати во Македонија.

Во таа насока доаѓаме и до другиот апсурд.

Ние велиме дека нема говор на омраза против Бугарите во Македонија а притоа дисквалификуваме луѓе од македонската историја само по еден основ – им наоѓаме по некоја книга или пишан документ каде што се декларирале за Бугари.

Или ако сакате уште попластично. И Ванчо Михајлов кога говорел за македонски бугари и левицата и десницата [ на ВМРО ] го зборувала истото.

Дека историскиот континуитет е проблем за опозицијата по основ на историските факти и заеднички историски сегменти меѓу двете држави е факт поради кој повремено се говори дека ВМРО како историографски момент треба и да се стави во историјата и заштити т.е. забрани негово идно користење затоа што историографиите врз база на факти и оние кои цензурирале едноставно не водат кон вистината.

Имено Христо Татарчев е роден на 16 декември 1869 гoдина во Ресен. Потекнува од богато и просветено семејство. Неговиот брат Михаил Татарчев исто така бил припадник на Организацијата.

Татарчев бил доброволец во Српско – бугарската војна [ 1885 ] а во 1892 гoдина го завршува своето високо медицинско образование во Цирих и започнува да работи како лекар во Солунската егзархиска [ Бугарска ] машка гимназија. На 23 октомври 1893 година заедно со уште петмина интелектуалци од Македонија ја создава Организацијата.

Името на Татарчев е првозапишано во Уставот на ВМРО.

Интересен момент во биографијата на Христо Татарчев е неговото краткотрајно враќање во Македонија по формирањето на нашата земја како федерална единка во рамките на Југославија.

Имено во 20-тите години на минатиот век Татарчев заедно со своето семејство се преселува во Торино Италија.

Се враќа два пати во Македонија еднаш во 1941 и вторпат во 1944 гoдина. Вториот престој е многу пократок од првиот. Татарчев едноставно е непожелна личност за комунистите кои владеат.

Тој е аристократ па лекар со диплома од Цирих но тоа не е причината за неговиот “прогон”.

 Кој го избрка д-р Христо Татарчев од “слободна” Македонија? Зарем овој тогаш речиси 80-годишен човек бил закана за режимот на Тито?

Можеби и бил затоа што тоа била Македонија за Лазар Колишевски – Светозар Вукмановиќ – Темпо па Цветко Узуновски – Абаз но и Видое Смилевски – Бато и Страхил Гигов.

А горенаведените историски “татковци” на Македонија станаа тоа во 1944 – 1945 година па затоа можеби историјата треба да ги корегира и постави оние кои што се бореа 1941 – 1944 година познати и како Методија Андонов – Ченто па Методиј Шаторов – Шарло или на пример Михајло Апостолски.

Прашањето кое е всушност актуелно е колку македонската опозиција сериозно го прифаќа континуитетот на својата историја од формирањето на ВМРО и колку тоа е или не селективно прикажано само затоа што фактите говорат вистини кои веќе и нема кој да ги цензурира.

А факт е и што седиштето им е именувано по првиот претседател на ВМРО – Татарчев.