Гневот на нетрпение меѓу Македонците и Бугарите кој по ниту една линија не е природен а најмалку оправдан своја втора “ескалација” овој пат со громогласна тишина [ со сите обиди на властите во Скопје и Софија за мирен собир ] се очекува да има на 4 февруари на роденденот на Гоце Делчев кога потајно радикалните десничари и отпадот од квази левичари од двете страни на границата ќе го чествуваат “нивниот” Гоце.

Не знам кога Гоце го поделивме на “твој” и “мој” но во секој случај ако за нешто жалам е што не е жив па да каже чиј е.

Иако за време на животот поприлично си кажал што е по самоопределба и аналогно на тоа Гоце би требало горделиво да го чествуваме како “наш”.

Читам десничарски партии во Македонија рамо до рамо со отпадот од квази левичарите кој ги создаде Сорос како микс на неколку организации за време на т.н. “Шарена револуција” 2О15 година и му се одметнаа од контрола “ќе ја чувале македонштината”.

Не ми се јасни неколку сегменти од чествувањето на 151 годишнината на Гоце.

Прво зошто паника? Менталитетот на “баце” за одмерување на големината на фалусот е честа појава за сите народи на Балканот.

И тоа на никој не носи ништо арно …

Па тоа “почесни гарди” па тоа “мртви стражи” абе шатори во најава и кампинг. Опозиционите десничари во Македонија не кампуваа кога се менуваше името во Северна а не пак сега за 151 годишнината од раѓањето на Гоце.

Иако имам прашање а БГ пасошот ќе го чуваат каде?!

Квази левичарите пак тоа и само имаат. Си [ по ] стојат. Ништо повеќе. Искрено најлошо од се е мешавината на овие политички партии и нивните идеологии кој кулминираше со отворањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград.

Онака “у инат” ама нешто историјата им е слаба страна.

Не биле на историскиот час дека поблизок човек од таткото на Вапцаров кон Бугарскиот Цар Фердинант I и Борис III нема а воедно Иван Јонко Николов Проданичин како деец на ВМОРО или поточно БВМОРО бил рамо до рамо со Иван Михајлов – Тодор Александров и Александар Протогеров.

Но за БВМОРО и Вапцаров во идни блог – текстови.

Кратко и за Гоце. Прво точно – апсолутно не е често името Гоце во Бугарија. Имаат “само” град со тоа име а сепак правото име на Гоце е Георги Николов Делчев.

Второ за Делчев од самиот него знаеме дека е роден во бугарско семејство во Кукуш па учел во училиште на бугарските унијати и во средно училиште поддржано од Егзархијата. Завршил бугарска машка гимназија во Солун [ која во учебниците е наведена како Машка Солунска Гимназија ] па дури и работел во военото училиште во Софија од каде бил избркан поради неговата откриена политичка посветеност на левичарската кауза.

Помеѓу 1894 и 1896 година предавал бугарски јазик во штипското училиште исто така елемент на образовната мрежа на Бугарската егзархија.

Без разлика на неговото етничко потекло и неговата декларирана националност Делчев се борел за слободата на Македонија.

Тој ја создаде внатрешната револуционерна организација спроведена на македонско тло според концептот сличен на оној на ВРО на Левски кој пак имаше корист од искуството на слични актери и процеси во Европа.

Во своите текстови познати на науката Делчев не остава сомнеж за неговата политичка намера – автономија на Македонија според одредбите на Берлинскиот договор. Нема ни навестување за обединување на регионот со Бугарија. Овде потсетуваме дека сценариото на Унијата меѓу Кнежеството Бугарија и Источна Румелија се случи главно благодарение на поволната поставеност на силите на меѓународен план.

Противречностите на Стариот континент даваат шанса што ја искористи владата на Петко Каравелов но сите големи сили јасно ставаат до знаење дека е невозможно повторување на едностраната ревизија на меѓународен чин што се случил.

Затоа и припишувањето унионистички идеи на Гоце Делчев не соодветствува со историските извори и политичката логика.

Како и симболот на борбата за таа слобода тој исто така загина трагично. Во обид да пресече една од патиштата за брз трансфер на османлиските трупи во Македонија тој и неговиот одред оштетија еден од мостовите на железничката пруга меѓу Солун и Едрене.

Како резултат на тоа будноста на локалните османлиски сили била значително зголемена. На 3 мај 1903 година Гоце и неговата чета биле опколени во селото Баница. Иронично со непријателските сили командува еден негов добар познаник и соученик.

На 4 мај револуционерот е убиен.

Веднаш по убиството следи телеграма на османлиските власти до нивната амбасада во Софија во која се известува дека Делчев еден од водачите на бугарските комитети е убиен.

Но и за Делчев и неговите активности повеќе во иден блог – пост.

Сега пак спориме се што Делчев кажал и запишал по основ на национална определба што е историски апсурд или директна интервенција во обид за фалсификат на вистината.

Инспирација на овој блог – пост е текст на Епископот Партениј [ единствениот кој исполнил задолжителен монашки стаж за да стане Архимандрит од цел претходен и актуелен состав на САС при МПЦ – Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква а за кој ќе говориме во исто така иден блог – пост ] во кој говори за Идентитето и поприлично е соодветен во предвечерието на 4 февруари.

2О19 лето Господово

“Eдно од својствата на Божјиот образ во човекот е неговата умешност да создава – да гради – да твори. Бог е врховниот Поет – Творец “Создател на сe видливо и невидливо” па следствено и човекот како совршена еманација на Неговото творечко начало го содржи печатот на божествената креативност.

Човекот значи е битие што создава. Божји соработник во делото на создавањето. Со посредство на Божјата благодат – создаваме живот – семејство – вредности – градиме градови – општества – култури.

Го градиме меѓу другото и нашиот идентитет. Тука мислам и на личниот но пред сe на нашиот заеднички народен идентитет како збир на поедини истоветни идентитети.

Важно е да се подвлече дека како и во секој градителски потфат така и во градењето на националниот идентитет од животна важност е каква е основата – градивото како и начинот на кој градиме.

Па така како што на една зграда подигната на нестабилна основа со сомнителна статика и несоодветни и неквалитетни материјали не и претстои ништо друго освен еден ден да падне и “паѓањето да и биде страшно” така и националниот “идентитет” заснован не на “камен” [ т.е. на историската вистина и фактитe ] туку на “песок” [ т.е. со фалсификација – искривување – прикривање – селективност на историското минато ] е неизбежно осуден на пропаст.

Никој учен и упатен не би можел да го оспори фактот дека во процесот на создавање на современиот национален македонски идентитет [ што е се разбира случај и со бројни други современи национални идентитети особено на Балканот ] многу темели и ѕидови за жал се изградени на песок.

Секој што е подлабоко упатен во македонската историографија кој има во себе “немир” по вистината знае колку многу испревртувања – затскривања – додавки – фалсификати – оцрнувања – митологизации – индуцирани идеологии содржи таа.

Колку ли само личности од нашето минато од нашето поднебје и крв со колосален дух и мисла со беспрекорна словесност и просветление со дела што се граничат со човечкото совршенство се занемарени – скриени – избришани од историографските листови и трудови или пак се наоѓаат маргинализирани некаде во матниот фон на претставите на нашите историски текови!

Колку други пак се само половично или делумно претставени или сосема обезличени така што воопшто немаме еден реален приказ на нивните целокупни личности!

И се наметнува прашањето: Зошто сето тоа?

Само и само затоа што имале друг национален идентитет од оној што веќе го имаме или сакаме да го имаме ние денес!?

Затоа што биле чинители и градители освен на нашиот современ и на еден друг близок идентитет – што биле творци освен на нашата и на една друга државност.

И токму тука во големата блискост и взаемна поврзаност и испреплетеност се крие ендогениот – психолошки страв од исчезнувањето – од непостоењето.

Стравот дека ако моите предци се именувале поинаку од мене моето сегашно име ќе исчезне – дека ако сум премногу близок со некого – ќе ја снема мојата личност и посебност.

Или пак стравот дека другиот го “краде” мојот идентитет.

Но тоа воопшто не е така.

Таквата блискост уште повеќе ја зацврстува мојата посебност.

Исто како што рожбата на едни родители иако произлегла од нивната крв и плот не може суштински да биде еднаква со нив бидејќи е веќе посебна личност.

Или како што двајца браќа колку и да се исти сепак се различни личносни единки.

Слично нешто се случува и на полето на националниот идентитет.

Тоа што на пример Гоце Делчев а и многу други наши дејци – го земам Гоце како подобен и актуелен пример – се идентификувале себеси како Бугарин денес мене не ме прави современ Бугарин ниту пак помал Македонец.

Напротив уште повеќе ја зацврстува мојата самоопределба и ме прави горд што сум потомок на еден таков културотворен народ.

А од затскривањето – од премолчувањето и извртувањето на историските факти може да произлезе само нешто нездраво – несигурно и без иднина.

“Ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи” – вели Спасителот Христос (Јован 8,32).

Зашто само со вистината можеме да градиме вистински идентитет. Идентитет кој ќе трае – кој ќе биде отпорен на ветровите и бурите на времето што доаѓа.

Самиот збор идентитет доаѓа од средновековното латинско identitas кое пак произлегува од класичнaтa латинскa заменка idem – ист. Имам идентитет – тоа значи дека имам нешто исто – заедничко со моите претходници – со моите предци.

А за да го имам духот и благословот на моите предци потребно е да ги почитувам делата што тие ги оставиле – нивната борба – нивниот подвиг – нивната самоопределба.

За да го зачувам својот современ идентитет неопходно е да го почитувам идентитетот на тие пред мене од чија плот – крв и дух сум настанал.”