Што е факт а што е мит?

Факт е дека Македонија како форма на организирана [ официјална – независна – суверена и самостојна држава ] за прв пат постои од 1991 година.

Факт е дека претходен статус но како федерална членка има во ДФЈ [ Демократска Федеративна Југославија ] создадена на 29-ти Ноември 1943 година на чие заседание нема делегација од Македонија.

И тоа е факт.

Создавање на мит е дека делегати имало но не пристигнале од технички причини т.е. не го пресметале патот до Јајце. На третото заседание на АВНОЈ овој пат во Белград се коригира името на новата федерација во Социјалистичка Федеративна Република Југославија на 29-ти Ноември 2 години подоцна поточно во 1945 година.

Како пак Македонците ги избрале своите Делегати на АСНОМ никој жив не знае па дури ни оние кои биле избрани во тоа тело. Истите тие набрзо не биле по целосен терк на Тито за што Колишевски ќе се потруди скоро сите да завршат по затворите и на Голи Оток како соработници на окупаторот.

Првото заседание на АСНОМ се реализира на 2-ри Август 1944 година во Манастирот Прохор Пчински кој Колишевски набрзо го дава на Србите а каде е конципиран основот за формирање на Демократска Федерална Македонија.

Секако тука се и мировниците САД и Велика Британија како гости.

Официјално Народна Република Македонија од заседанија кон работа на организирана форма на Народно Собрание преминува на 16-ти Април 1945 година.

Што е фамозно со 1944 година ако не и година претходно и зошто тоа е забранета тема во историјата за нас?

Во 1944 година по факти на 3О Октовмри 1944 година Јосип Броз Тито праќа прилично остра телеграма до Генералниот Штаб на НОВ [ Народно Ослободителната Војска ] и ПО [ Партизанските Одреди ] во Македонија во кое бара итно појаснување зошто не возвраќаат на неговите информации дека “партизаните во Македонија имаaт организирани борбени акции против германскиот окупатор заедно со бугарски војници”.

Toa e оној факт поради кој денес на мета на “за отстрел” e секој историчар или политиколог кој јасно говори дека Бугарската армија имала значајна и активна улога на пример во ослободувањето на Скопје на 13-ти Ноември 1944 година на пример иако таа имала поголемо значење.

Она што е интересен факт кај оваа телеграма е и стравот на Тито зошто не добива информации од терен во регионот Македонија па остро реагира со реченицата: “Повторно од вас не добиваме борбени извештаи.

Ова е политички прилично непријатно.”

Идентични факти се и ослободувањата на скоро сите поголеми градови и населени места во регионот Македонија а очевидците на победата говорат дека во дел од нив партизаните не наишле на апсолутно никаков отпор па сосема е апсурден концептот на реченицата на пример “влегување во веќе ослободена Битола” затоа што Битола на 4-ти Ноември 1944 година и немало од кој да се ослободи.

Некоректноста кон активностите на бугарската армија и криењето на тој факт Тито го посочува во уште една своја реакција овој пат до армијата на Србија.

Имено Тито говори за активности поради кои низа градови од веќе формираната ДФЈ.

Во една телеграма од 14 Октомври 1944 година Тито на својата армија во Србија и пишува: “Треба да јавувате за “Слободна Југославија” [ радио програм ] и за учеството на бугарските трупи.

Бугарите го зазедоа Лесковац со помош на нашите единици. Сега нашите и бугарските единици водат жестоки борби во секторот Ниш.

Освен тоа, бугарските трупи водат и силни борби во реонот на Плоча.

Политички е некоректно што досега молчевте за учеството на бугарските трупи во борбите”.

Кој и зошто криел од Тито дека бугарската војска активно води битка за ослободување на населени места во регионите на Македонија и Србија сеуште не е јасно но затоа пак е кристално чисто дека Тито повторно говори за “политичка некоректност.”

Активности на армијата на Бугарија за ослободување особено е интересна со телеграмата на Јосип Броз Тито од 3 Ноември 1944 година или 24 часа по “ослободувањето на Битола од бугарските фашисти” во која стои:

“Германците нагло се повлекуваат од југ кон Косово и Метохија од каде што се обидуваат да се пробијат преку Санџак кон Сараево. На секторот Куманово – Приштина сериозно се загрозени од нашите и бугарските единици.

Кај вас се преостанати мал број германски сили кои нема да се повлечат додека вие не ги разбиете.

Важно е да ги ослободите градовите и граничниот појас кон Грција. На границата кон Грција да ги држите сите градови – превоите и комуникациите. Без наше одобрение да не пуштате ничии трупи на наша територија.

Многу е важно што побрзо да се заземат Гевгелија – Битола и Дојран.”

По ова се поставува  прашањето кој градови точно се ослободени и од кого и како “фашистичките бугарски окупатор” според Тито бил ослободен од бугарскиот другар – соборец?

Дека бугарската армија зела учевство во ослободувањето на Крива Паланка – Куманово и на Скопје [ иако се говори и за уште 1О други градови ] е историски факт. Ако се направи анализа на книгите на поголем број независни автори како британски и американски воено аналитичари од терен се воочува дека Бугарија била дел од неколку воени операции за ослободување на Македонија и на Србија.

Страцинско – кумановската битка која се одвивала од 8 октомври до 14 ноември 1944 година била паралелна со операцијата Ниш па потоа операцијата Косовo како и операцијата Брегалница – Струмица а во сите нив имало бугарски – албански – грчки и југословенски партизани.

Во битката Страцин – Куманово дури учевствувале и бугарските воздухопловни сили. Борбите продолжиле долж реката Пчиња и во градот Куманово каде повторно биле поразени германски војници.

Според британскиот комесар во Сојузничката комисија во Софија генерал Валтер Оксли кој лично бил присутен на фронтот кај Страцин бугарската армија имала задача да напредува во западен правец и да ја пресече железничката линија Скопје – Приштина како дел од операцијата за ослободување на Македонија.

Утрото на 14 ноември 1944 година биле расчистени последните гнезда на германскиот отпор во Скопје а информацијата дека градот е заземено од бугарската војска заедно со партизаните е објавена на Радио Москва – Радио Лондон – Гласот на Америка и Радио Софија.

Дека бугарските војници марширале рамо до рамо со партизаните на Тито е факт како што е и факт дека во некои градови им било забрането од месните команданти на НОБ учество во парадниот дел на веќе ослободените населени места.

Зошто? Е тоа е прашањето и загриженоста на Тито за политичките мотиви и немањето информации од терен затоа што неговите апетити до 1945 година биле голема Југославија во која Бугарија би била дел од федерална единка иако проектот “Колишевски” го водел паралелно.

И сега [ не ] се зборува за учевство на бугарската армија во ослободувањето на Крива Паланка – Куманово – Скопје при што истиот се стигматизира? Па ова се факти кои иако пречат некому сепак не може да се избришат од историјата колку и да се обидува некој да ги сокрие.

Од 1946 до 1947 година почнува кратката и не баш слатка романса меѓу Централниот комитет на комунистичката партија на Југославија и Централниот комитет на работничката партија на Бугарија исполнета со благодарности за соработката во војната и победоносниот крај.

Промоција на добрососедски односи на Југославија со Бугарија и пристап дури и лично од Тито кој говори за “Фашистичка Германија” и “Бугарска полиција” со што сите ковачи на заверите или факти дали Бугарија била администратор на окупираните територии ќе треба сега да спорат со покоен Тито.

Тито кој говорел за “фашистички елементи во Владата на Бугарија” што е факт кој не е спорен но не и фашистичка Бугарија.

Дури и Михајло Апостолски кој е водач на македонската армија во текот на НОБ пишува дека по одобрение на врховниот командант на НОВ и ПОЈ Јосип Броз Тито операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија а во операцијата за ослободување на Скопје учествувала Втората отечествено фронтовска бугарска армија.

Апостолски говори и за останатите градови и активностите:

Оваа армија по долга битка на 8 октомври 1944 година ја ослободува Крива Паланка. Од 12 до 18 октомври тие водат жестоки борби за позициите во реонот на Чифте Ан.

Најтешките биле кај Страцин кои траеле од 22 до 25 октомври1944 година.

Додека тие напаѓаа фронтално – единиците на Кумановската народноослободителна дивизија странично ги напаѓаа германските позиции. После долготрајна и тешка битка на 11 ноември 1944 година конечно единиците на Првата отечествено фронтовска бугарска армија и единиците на Кумановската дивизија го ослободија градот Куманово” – вели Апостолски.

Освен во битките за ослободување на североисточниот дел од Македонија меѓу другото и на Скопје бугарските воедни единици претходно учествуваат во операциите за ослободување и на Берово – Пехчево – Пробиштип и Кочани.

“Единиците на 50 дивизија заедно со единиците на Петтата отечествено фронтовска бугарска армија на 22 октомври 1944 година го ослободија градот Кочани.

Во сите овие градови народот со голема радост – воодушевување и со веселба ги дочека своите синови – ослободителите на Македонија” – пишува Апостолски.

Зошто на ослободителите Бугари не им било дозволено да бидат дел од свечените паради по повод ослободувањето на градовите низ Македонија и не е тајна. Има историографски факти кој точно и како го спречил тоа со за себе логично објаснување дека моментот и не мора да е до толку свечен за бугарските војници што е класично цензурирање на историјата и фактите.

Иако конкретно за Скопје кој спречил веќе подготвените учесници во ослободувањето – Бугари да не се дел од парадата имаат и име и презиме. Тоа се Боро Чушкар и Петар Брајовиќ Ѓуро кои претходно немале двоумење зошто да не се случи овој настан.

Поточно Цветко Узуновски Абас на денот кога армијата на Бугарија веќе е свечено подготвена да е дел од парадата за ослободување на Скопје го забранил нивното учество.

Боро Чушкар за успешно реализираната забрана секако е награден и е сновач и прв раководител на ОЗНА за Македонија.

Зошто ваков однос кон армијата на Бугарија поради која и се случило ослободувањето на најмалку 1О поголеми населени места во регионот на Македонија и Србија и кој ја донел оваа одлука исто така не е мистерија како е историски факт но за тоа во иден блог – текст.