Интересно е како нештата кои се историски факти ај што сакаме ама и ги релативизираме па прикажуваме онака само како што ни одговараат.

Прилично интересни реакции ми се оние на читатели кои спорат историските факти кои ги постирам на блог – постови иако јас во основа само ја [ пре ] пишувам историјата која личностите за кои пишувам самите си ја запишале.

Читам а и гледам како помина чествувањето на 151 годишнината на Георги Николов Делчев и како освен што беше “без инциденти” во и околу кругот на црквата “Свети Спас” во Скопје апсолутно беше “масакрирана” од двете страни на границата.

Иако и за Георги Николов Делчев ќе пишеме повторно а ќе имаме и посебен блог – пост за Вапцарови и зошто тој т.н. културен клуб ли е центар ли е во Благоевград правно – формално не постои и не е ни запишан во регистарот на граѓански организации затоа што самата организација која тврди дека го формира не постои.

За нештата да бидат појасни дека ако сакаме да сме реални и искрени кон себе Бугарите апсолутно немаат проблем да има културен клуб па и центар со презиме на било кој од Вапцарови како сите до еден биле пред се Бугари а второ имале одлична соработка не само со Цар Борис III ами и неговиот татко цар Фердинанд I.

Но фактите се “интересни” кога од ден во ден откриваме кој се тоа го молеле за прошка а и потврди за професионална кариера и имале поприлично солиден животен стандард особено за време на “окупацијата” на нели Македонија која пак ќе повториме не била засебна држава ами била одземена [ окупирана ] од Кралство Југославија.

Кратко како потсетник патем кој не знае во периодот на владение на Хитлер Кралството СХС [ Србите – Хрватите и Словенците ] под водство на Кнез Павле Караѓорѓевиќ имало посебен третман кај Адолф.

Имено знаеме дека Петар II Караѓорѓевиќ [ 6 септември 1923 – 3 ноември 1970 ] е последниот крал на Југославија. Петар е син на крал Александар I Караѓорѓевиќ и кралицата Марија Караѓорѓевиќ. По атентатот на неговиот татко Александар I Караѓорѓевиќ во Марсеј Петар е малолетен па наместо него власта ја презеде намесништво на чело со неговиот стрико Павле Караѓорѓевиќ.

[ Патем Александар I Караѓорѓевиќ нели е убиен во атентат во Марсеј од страна на Владо Черноземски по наредба на ВМРО на 9 октомври 1934 година.

Е сега Владо е историски од Македонија толкуван како македонски револуционер но и терорист од Бугарија кој бил член на ВМРО затоа што негирале или не факт е дека Черноземски бил лично обезбедување на Тодор Александров.

Што е Владо? Жмигавец … ]

Имено после државниот удар врз Павле Караѓорѓевиќ на 27 март 1941 година Петар е прогласен за полнолетен и тој станува крал на Југославија. Петар беше крал на Југославија само 19 дена односно до 9 ноември истата година.

После укинувањето на монархијата Петар заминува во егзил преку Грција во Ерусалим па Египет некој период во Лондон а последните години ги поминува во Соединетите Американски Држави каде и умира одвоен од семејството.

Законски значи Павле Караѓорѓевиќ [ 15 април 1893 – 14 септември 1976 во Париз ] кој е син на кнезот Арсен Караѓорѓевиќ и Аурора Павловна Демидов ди Сан Донато е регент [ Регент од латински: regens – “оној кој владее” е личност избрана за водач на државата наместо монархот поради неговата малолетност – отсутност или онеспособеност. Личноста која ја врши должноста на регент и де факто владее иако формално монархот е на чело на државата ].

Павле на позицијата “оној што владее” се задржал во периодот од 9 октомври 1934 година до 27 март 1941 година од што особено интересен историски факт е неговата опседнатост со Хитлер кој го кани во посета на Берлин.

Имено посетата на принцот Павле Караѓорѓевиќ на Берлин на 1 јуни 1939 година изгледаше [ комплетни аудио и видео записи постојат во сите историски архиви ] како целосен дипломатски успех за Хитлерова Германија. Нацистите организираа голема воена парада a Kанцеларот и Југословенскиот вице-Крал се насмевмаа за огромната популаризацијата на посетата а за двата народа беа разменети љубезни зборови на благодарност.

На големата воена парада присуствуваше и Иво Андриќ нобеловецот и во тоа време југословенски амбасадор во Германија.

Парадата траеше цели три часа и на неа учествуваа над 70.000 војници на Третиот Рајх а беше прикажана најсовремената опрема и оружје.

По посетата беше договорена свечена вечера. И се тоа додека Павле не решава да пребегне од Белград 1941 година по што Германците го бомбардираар.

Но и ова е мал вовед за еден поголем блог – пост.

Историски личности кои се интересни за историографијата за периодот на “окупацијата” на Македонија од Бугарија периодот 1941 – 1944 се особено интересни.

Прво за Делчев но не Георги како Гоце не се викал никогаш така ами за неговиот внук од родена сестра Тина Делчева  – Милан Антонов Гоцев.

Имено Милан Роден е на 2 октомври 1906 година во Кукуш. Тој е син на Тина Делчева од нејзиниот сопруг Андонов.

За време на Сојузничката војна во 1913 година семејството емигрирало во Слободна Бугарија. Дипломирал на Третата машка гимназија во Софија а потоа дипломирал на Правниот факултет на Софискиот универзитет.

За време на бугарската управа на Егејска Македонија во 1941 – 1944 година тој бил градоначалник [ кмет ] на Куманово [ 8 септември 1941 – 21 јули 1944 година ].

Како таков Милан не ретко говори за “својата радост што припаѓа на едно големо бугарско семејство – што духот на неговиот вујко го водел во текот на целиот живот и што нема да дозволи ништо да го затемни неговиот светол ум кој ќе го чува како зеницата од окото негово.”

Тој бил градоначалник [ кмет ] и на Горна Џумаја од 21 август 1944 до 9 септември 1944 година по што работи како судски кандидат и функционер во различни министерства и одделенија.

Почина во Софија на 16 октомври 2010 година на 104 годишна возраст.

Па следствено ако Делчев Георги е татко на македонската нација ова ни е внукот?

Периодот 1941 – 1944 е интересен и за уште еден татко на македонската нација. Киро Глигоров. Имено во овој сегмент како и за Глигоров ќе посветам блог – пост ќе го цитирам познатиот македонски новинар Никола Младенов кој пак цитира факти.

Во изданието на политичкиот магазин Фокус во 2004 година на насловната страна е Киро Глигоров а насловот е “Глигоров му порачува на Љубчо Георгиевски – Aз бях Българин преди ти да се родиш”.

Младенов тогаш пренесува 2 документи кои говорат што правел Киро Глигоров во периодот 1941 – 1944 година кој во тие периоди се викал и Кирил Благоев Григоров а за време на српската окупација Кирило Глироровиќ.

Имено Кирил Благоев Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип во време на Првата светска војна кога градот е дел од Бугарската држава. Глигоров бил и член на Македонската младинска револуционерна организација. Образовниот сегмент е посебно интересен. Прогимназиско образование завршува во Штип [ 1924 – 1928 ] по што учи српска гимназија во Скопје [ 1932 -1936 ].

Правен факултет учи и завршува во Белград 1940 година каде и започнува приправнички работен стаж при адвокатска канцеларија. По распадот на Кралство Југославија 1941 година кога Белград е бомбардиран се враќа во Скопје и започнува да работи како правник консултант на еврејската банка “Вардар Банк”.

Бил уапсен во 1942 година од бугарската полиција како просрпски настроен комунист но е ослободен откако градоначалникот на Скопје Спиро Китинчев лично гарантира за него.

Но што објави Фокус пред 19 години а ние го заборавивме?

На 7 август 1942 година Киро Глигоров поточно Кирил Благоев Глигоров бара и добива Потврда од Штипската градска општинска управа под бр.7554 во кое се вели:

“Градската општинска управа на Штип потврдува дека Кирил Благоев Глигоров од Штип – роден во Штип – по националност Бугарин со бугарско потекло – бугарски државјанин е чесен и доверлив граѓанин.

Податокот [ потврдата ] му е даден за да го достави пред Адвокатската комора на Скопје“.

Истиот го потпишаа градоначалникот и секретарот на општината.

Вториот документ е исто така Потврда која овој пат e издадена од Граѓанското одделение на општина Скопје под бр.5481 од 22 март 1943 година.

Ја има следната содржина:

“Општинската управа на Град Скопје врз основа на агенциска проверка и упатување во матичните книги на населението потврдува дека Кирил Благоев Глигоров е жител на град Скопје заведен во том VII страница 18113 и е бугарски државјанин.

Тој е чесен и сигурен Бугарин со бугарско потекло.

Уверението му е дадено да му служи пред Министерството за Нар. Правосудство за легализација на диплома“.

Уверението го потпишува раководителот на граѓанското одделение – службеникот a го заверува секретарот на општината.

Глигоров бил адвокатски стажант од 1942 до 1943 година. Стекнува свидетелство со теоретско практичен државен испит заведен во државните архиви на Царството Бугарија – Министерството за правосудство во Софија заведено со номер – број 2214 од 3 јуни 1943 година.

Во таа година во именикот на Скопскиот адвокатски колегиум се запишува како адвокат Киро Благоев Глигоров заведен со номер – број 59/43 од 9 јуни 1943 година.

На 10 јуни пред Скопскиот адвокатски совет дава адвокатска заклетва.

Адвокатскиот совет го сочинуваат: претседател Глигори Анастасов, потпретседател Методиј Кајдамов, член-секретар Георги Хаџи Манев, член-касиер Благој Поп Панков и членови: Никола Павлов, Стефан Стефанов, Васил Топалов и Светослав Андрејчин. Неговото адвокатско досие архивирано е под номер – број 222/43.

Како за Глигоров ќе говориме повеќе ќе го пренесам само воведниот дел од Фокус пишан од Никола Младенов по повод објавата на овие документи:

“Дали сте ја читале молбата на Лазар Панев Колишев до бугарскиот Цар? Ако не сте ја читале ќе ви кажам дека тогаш во студената зима на летото Господово ’41 идниот голем борец за македонштината – другарот ни Колишевски запишал: ” … сите ние – робовите Бугари – со трепет во душата многу долго ја очекуваме бугарската држава да не ослободи и да не прими во мајчинските преградки”.

Веројатно ценејќи дека тоа не е доболно – идниот наимар на нашата државност потенцира дека е “син на родители Бугари – кој се чуствувал и се чуствува Бугарин кој и покрај страшното робство го запазил битот и јазикот и карактерот бугарски”.

Младенов продолжува:

“Големиот корифеј пак на посткомунистичката македонска ера – Киро Глигоров само една година подоцна ги вадел сите потребни документи за почетокот на својата адвокатска кариера. За да почне неговото стажанство во канцеларијата на Георги Хаџи Манев [ подоцна прв претседател на Адвокатската Комомора ] тој нормално бил подложен на неопходните проверки во штипското и скопското начаство кои резултирале со констатацијата дека човеков си е “чесен и благонадежен блгарин од блгарски произход”.

Се останато е историја.

Првиот “бугарин” стана главниот борец против “бугарашите” во Народна па Социјалистичка Република Македонија а вториот јавно го оквалификува создавањето на суверена македонска држава како конечен удар во процесот на дебугаризација на Македонија”

Младенов заклучува:

“Се разбира нашата јавност немаше можност за благовремено запознавање со нивната “благонадежност” во воениот период. Овие информации станаа достапни неодамна по осамостојувањето меѓутоа тешко е да се провери дека им биле непознато и на српските т.е. југословенските служби кои бездруго знаеле да ги ставаат во функција на пројугословенството и антибугараштвото на нашиве јунаци.

Несомнено тоа бил компромитирачки товар врз нивните плеќи и само еден Бог знае што се морале да прават само да не се дознае овој непријатен дел од нивните биографии.

Не би можел да се кладам  дека токму овие “деталчиња” не биле меѓу пресудните причини за низа “прогресивни” постапки од нивна страна кои резултирале со сеуште присутното жалење по Тито и СФРЈ на нашите простори.”

И ова не е се. Сестрата на Глигоров Цвета Панчева ќе стане сопруга на Михајло [ Митев или Митиќ зависно од потребите ] Апостолски за кој исто така некаде има писмо до Цар Борис III за своето самоосознавање.

Но и за тоа во иден блог – пост.