Еминентни професори па и устовотворци од кои добар дел се уште се живи во Македонија никако да ја појаснат разликата во концептот поточно формата на Бугарскиот и Уставот на Република Северна Македонија и зошто тој мора често да се менува со акцент на ЕУ интегративните процеси.
Се говори само со партиски јазик и за политички цели но не и со јазик на уставното право кој на обичниот граѓанин му е и тоа како неопходен при информираноста зошто уставните измени се потребни.
Иако тие во 33 години независност и не биле толку ретка појава.
Реално. Ние не мораше да имаме уставни измени. И тоа е факт.
Ќе си бевме [ колку што ќе опстоевме изолитани од цел свет ] Македонија без Северна која ќе си граничеше самата со себе изолирана од цел свет и ќе пропаднавме како држава во обид последните нескромни 3О години.
За да се спречи тоа Уставот на Северна Македонија кој е донесен на 17 ноември 1991 година во 33 години бил “отворен” 8 пати при што се донесени 36 соодветни уставни измени.
Првите измени се веќе во 1992 година па следеше второто отворање на Уставот во 1998 година – уставните измени од 2ОО1 година – уставните измени од 2ОО3 година – 2ОО5 година – 2ОО9 година – 2О11 година и последните во 2О19 година.
Но факт е што аналфабетно граѓани од двата страни на границата се оставени самите на себе како правни толкувачи на највисоките акти на Македонија и Бугарија отворајќи расправии кои најчесто водат кон разговор по кој сите online стануваат бранители на националните интереси на сопствената земја и пропагираат омраза и гнев кон секој кој не се согласува со нивниот став базиран на апсолутно непознавање на темата.
Прво за Уставот и малцинствата во Бугарија но и зошто Културниот Центар Никола Вапцаров во Благоевград едноставно не може да работи за што ќе е посветен следниот блог – пост.
Во бугарскиот устав нема малцинства и тој почива на целосно друг принцип на индивидуалното право а не на колективното. Што значи во Бугарија нема малцинства затоа што Уставот не генерира признавање на поголемо и помало право кај граѓаните по основ на самоопределбата.
Едноставно во Бугарија прво и пред се си Бугарин а чинот на самоопределба по основ на религија – верување па и етничката припадност е лична работа. Уставот пак на Северна Македонија е конципиран како повеќенационална земја.
И тоа ни го говорат сите претставници на ЕУ а и Бугарија па самата заменик претседателка на Бугарија – Јотова ќе изјави:
Ние немаме малцинства во нашата земја додека кај вас е различно и како што видовме со последниот попис Северна Македонија е една повеќенационална земја.
Јотова говори за фамозните пресуди на Судот во Стразбур кои не ги негира но правно ги става во категоријата каде и припаѓаат. Во однос на тоа дека Бугарија бара признавање на правата на Бугарите во Северна Македонија додека од друга страна не ги признава правата на Македонците во Бугарија за што има и пресуди од судот во Стразбу таа говори:
Повеќе години работев во Советот на Европа и Европската Унија и ќе ви кажам дека тоа што го цитирате од Стразбур како Решение е во врска почитување на човековите права а во него никогаш не пишувало дека Бугарија треба да го признае во овој случај македонското малцинство.
Имено никој и по никој основ не барал и не може да бара Бугарија да признае какво и да е малцинство бидејќи во Стразбур се чита и почитува Уставот на Бугарија.
Што кажале нашите политичари кои имаат познавање во материјата Уставно право? Апсолутно ништо. И тоа е целиот основ на конфузијата која генерира проблем кој реално не постои.
Дека Уставот сам по себе си е таков каков што сме си го напишале и тој за идните ЕУ процеси мора да се модифицира говори не само Бугарија ами 26 земји членки на ЕУ и САД.
Имено Евро амбасадорот Дејвид Гир е јасен што значи овој процес:
Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји.
Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање.
И тоа јасно говори дека ние самите бираме дали воопшто ЕУ ќе ни дозволи пристапни преговори или не.
Воедно Евро амбасадорот јасно говори дека уставните измени се право на Северна Македонија но без нив влез во ЕУ т.е. почеток на пристапни преговори нема:
Со начинот на којшто договорот е направен преговорите се отворени. Скринингот започна и имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес.
Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција. Одржувањето на таа меѓувладина конференција зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји.
Секако тоа е суверена одлука за Северна Македонија да го смени Уставот иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. – вели Гир.
Но што ќе се случи ако не оди напред? Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму.
Ќе го завршите скринингот но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање.
Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија.
Евро амбасадорот Гир говори и што ако решиме да не започнеме преговори со ЕУ како и за најавите за можен Референдум од страна на опозицијата:
Најпрвин за прашањето за одржување на евентуален референдум јас повторно ќе кажам дека ова е суверена одлука за оваа земја да ја направи затоа нема конкретно да коментирам за тоа.
Но повторно можеби може да се вратиме наназад и да ја видиме големата слика овде.
Стратешкиот избор кој оваа земја го направи бројни години е да влезе во ЕУ и процесот сега започна. Зошто е важен. Има бројни јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во ЕУ и ЕУ ќе има корист да ве има како дел од семејството. – појаснува Гир.
На економска страна ЕУ е најголемиот единствен пазар во светот и исто така ваш сосед.
Ова нуди огромни можности за бизнис за трговија за инвестиции за подобрување на животниот стандард и средствата за живот за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој поголем единствен пазар.
Но не е само тоа. Има и други многу јасни бенефиции од членството во ЕУ.
Гир говори јасно и за прашањето колку ЕУ ќе биде гарант дека Бугарија нема да ги кочи и блокира преговорите и во случај кога Северна Македонија ќе ги исполнува своите обврски од билатералниот протокол т.е. отвори Уставот и запише Бугарскиот народ во него како државотворен народ:
За време на консултациите и јавната дебата во однос на отворање на преговорите за членство и овој договор имаше многу емоции и многу загрижености за националниот идентитет.
Луѓето велеа националниот идентитет ќе биде ставен под сомнеж. Дали ова ќе биде како што некои рекоа бугаризација на земјата преку процесот за членство. Повторно ние сите така ги слушнавме лидерите на Европскиот совет – претседателот на Европскиот совет – претседателот на Европската комисија.
Двајцата клучни играчи во процесот за членство.
Тие подвлекоа дека процесот за членство ќе се врши врз основа на европските стандарди и европски принципи и тие отидоа подалеку да кажат дека овие прашања како идентитетските прашања не може да бидат услови или одредници во самиот процес за членство.
Претседателката пред Парламентот за време на дебатата таму исто така додаде дека интерпретацијата на историјата на пример се примери на нешта кои не треба да бидат вклучени.
И не е дека билатералните прашања во преговорите за членство не биле покренати никогаш порано. – потенцира Гир.
Биле покренати во други процеси. Словенија и Хрватска.
И Словенија мораше на барање на еден сосед да го промени Уставот. Други земји исто така. Има интерес во ЕУ. Меѓу земјите членки. Во институциите процесот да се гледа низ фокусот на прашањата на кои треба да се фокусира како реформите кои треба да бидат спроведени.
Така што мислам дека има многу јасни индиции од ЕУ и од земјите членки дека сакаат овој процес да ги следи европските стандарди и европските принципи.
Ние ги разбираме идентитетските прашања. Всушност на меѓувладината конференција високиот претставник и заменик претседател на ЕК Борел конкретно кажа дека ги разбираме идентитетските прашања но не го губите идентитетот за време на процесот. – потенцира Гир.
Ниту една земја не го направи тоа.
Kако што кажав во неколку прилики досега. Мислам видете ги земјите кои станаа членки. Дали Шпанците станаа помалку Шпанци. Дали Естонците кои се од помала земја станаа помалку Естонци. Дали Малтежаните од уште помала земја станаа помалку Малтежани.
Не!
Јасно дека не и нема причина оваа земја да го става својот идентитет под сомнеж. Исто така е важно бидејќи ме прашавте дали има гаранции и мора да бидеме јасни нема гаранции.
Самиот процес нема 100 процентни гаранции. Самиот процес се состои од серија на моменти кога едногласни одлуки треба да се донесат. – појаснува Гир.
Така функционира за сите земји. Ниту една преговарачка рамка не може да гарантира дека други прашања нема да бидат покренати.
Доколку бидат покренати ЕУ како што има направено во други процеси за членство ќе се справи со нив.
ЕУ има став и за незадоволството кај граѓаните од условувањата на Северна Македонија кое според анкетите предизвикува проруско или антизападно расположение истакнато и лично од министерот за надворешни работи на Руската федерација Сергеј Лавров:
Одлуката да станете членка на ЕУ е една суверена одлука на оваа земја да ја направи.
Веќе го избравте тој пат. Тоа е пат кој е секогаш отворен и на земјата е да одлучи за алтернативи иако согласно причините кои ги дадов мала е конкуренцијата.
Но е суверена одлука. Доброволен проект е базиран врз реформи базиран врз демократски принципи. Можно е и ако сте членка да си заминете. Го видовме тоа со Обединетото Кралство.
Така што целиот проект и целиот пристап не е врз база на принуда туку е базиран на соработка и доброволна желба да се приклучите и да бидете дел од оваа унија која е основана на фундаментални демократски принципи. – истакна Гир.
Ако се вратиме чекор наназад и ја видиме неоправданата и неиспровоцираната војна на Русија во Украина бомбардирањето на градови – населби – училишта – градинки го гледаме потполно спротивното.
Така што не сум сигурен дека министерот за ндворешни работи Лавров е вистинското место да ни дава лекции за присила или неприсила.
Евро амбасадорот во Северна Македонија говори и што значи одржувањето на меѓувладината политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија по која започна скрининг процесот како и која е разликата со скрининг процесот кој започна во 2018 година?
Скрининг процесот се состои од две фази. Најпрвин објаснувачкиот скрининг како што го нарекуваме кој е процес кога ЕК го објаснува поширокиот процес.
Што може да очекувате. Временската рамка. Како да му пристапите. И тоа веќе всушност има добар напредок бидејќи со право кажувате дека голем дел од подготвителната работа се направи пред отворање на преговорите.
Тоа е работата. Разликата сега е дека преговорите се отворени и фазите се објаснувачкиот скрининг и втората фаза е билатералниот скрининг. – истакнува Гир.
Што е билатералниот скрининг?
Ова е кога одиме во многу детали и ја гледаме ситуацијата во различни сектори. Започнуваме со таканаречените фундаментални права кои меѓудругото го вклучуваат владеење на правото. Значи гледаме во деталите и каде се празнините и слабостите и ги поправаме оние одредници кои треба да се пресретнат со цел да се осигураме дека земјата остварува напредок на вистински начин во овие реформи.
Не само да се усогласи законодавството туку да се осигураме дека законите се имплементирани на крајот и се на сила.
Гир со јасен одговор и за фамозната догма за непризнавањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и дали тоа ќе игра некаква улога во официјалната комуникација со ЕУ?
Она што е важно е што имате преговарачка рамка во која македонскиот јазик е вклучен како таков без појаснувања и без фусноти.
Тоа е база по која ние ќе се движиме во иднина во однос на македонскиот јазик.
Да се вратиме на таа соба во Брисел ако бевте таму ќе видевте на кабините велеше македонски јазик на англиски значи веќе се користи. – истакна Гир.
Унилатералните изјави за кои многу луѓе шпекулираа се многу вообичаен начин во ЕУ на кој засегнатите земји им даваат контекст на одлуките.
Она што е важно во основа е што се движиме напред и македонскиот јазик е тука и тоа е она што Европската унија го посочува без квалификации.
EУ амбасадорот во Северна Македонија има одговор и на прашањето дали темпото на преговори би можело да биде побрзо?
Прашањето колку врeме ќе биде потребно за да станете членка на ЕУ е поврзано со прашањето колку брзо ќе ги спроведете потребните реформи.
Кога ќе станете членка на ЕУ од аспект на ЕУ ќе може да се однесувате како одговорна членка способна да ги имплементира сите правила и закони и да се натпреварува подеднакво со другите.
И гледано од ваша перспектива тоа ќе значи дека сте доволно силни да се натпреварувате со оваа моќна организација и еден моќен пазар.
Има области каде што сте понапредни но има и такви во кои има уште работа која треба да ја завршите.
Како што знаете ние еднаш годишно го објавуваме извештајот за напредок на вашата земја во делот на ЕУ реформите и генерално има стабилен напредок, но и уште работа која треба да се заврши. – истакнува Гир.
Кога сме кај реформите. Нивното спроведување е клучно во евроинтегративниот процес а особено борбата против корупцијата и владеењето на правото.
Оваа област на реформи на владеење на правото и правдата. Исто така и борбата против корупцијата се добар пример за тоа што зборувавме.
Имаше напредок. Не треба да го негираме тоа.
Може да се видат области каде нештата се подобрени. Но се уште има многу да се направи.
Ако разговарате со било кој. Со некој возач на такси. Било кој обичен граѓанин. Ќе ви дадат примери за корупција или ќе ви дадат примери кога правосудниот систем се уште не испорачува.
Така што уште многу треба да се направи. – коментира Гир.
Стабилен напредок дa и треба да градиме врз тоа. Ние од страната на ЕУ треба да помагаме. Но сега имаме одлична можност со отворање на преговорите и во ваши раце е на крајот колку брзо ќе движите напред.
И тоа е прашањето за реформите кои ги спроведувате. Не само реформите за кои зборуваме и потоа луѓето тоа не го чувствуваат на улиците но реформите кои навистина значат промена и луѓето може да кажат да ние започнуваме да гледаме дека нештата се движат.
Потребно е долго време но е дел од трансформацијата на земјата за нејзино подобро утре. – заклучува Гир.