Нормално самиот наслов и она што тој означува за солиден политиколог и познавач на состојбите што по вокација се евентуално и аналитичари би бил сосема доволен и јасен но задоени со стигмата “браќа Срби и мајка Русија” на патот кон Евро интеграциите на Северна Македонија ние сериозно развивме огромна омраза и гнев кон Бугарија иако реално апсолутно ништо од актуелното не е ниту ново ниту нешто за што како граѓани не сме биле информирани само што сега нашиот источен сосед преку кој е влезот во западот [ читај Европската Унија ] стана “фашист – татар – монголоид” и кои уште не квалификации од гнев и омраза кои безмилосно се користат од наша страна.

Секако за проблем како и за дијалог кон решение поточно создавање на добри односи меѓу две земји кои се и соседни треба и втора страна па така за мал и апсолутно небитен дел од политичката сцена во Бугарија станавме големобугарска Македонија.

Па сега хит се социјалните мрежи кои можеме слободно да ги оквалификуваме како социо – патолошки на кои сајбер бранители на националните идентитети пропагираат за еден убав град во западна Бугарија Битола или Охрид а безмалку немилосрдни во глупавоста се и нашите – македонски медиокритети со Пловдив или Софија се еден прекрасен град во источна Македонија.

А Солун? Нели Солун е наш …

Дека правецот по кој се одвиваат нештата е грешен има повеќе сегменти но ајде да ги сублимираме во најкраток можен блог – пост со цел работите да бидат појасни.

Прво Бугарија нема да има второ вето за пристапните преговори [ почеток на преговори за зачленување на Северна Македонија во Европската Унија ].

Крај!

Само неук а најчесто пак таквите ни се на позициски а и опозициски високи позиции може да фрлаат магла што креира гнев кај бугарскиот и македонскиот народ и може да го проповедаат таквиот став.

Бугарија стави вето на првата [ 1 ] од 36 поглавја или глави кои Северна Македонија ќе мора да ги “отвора” и решава едно по едно за целосно членство во Европската Унија. Со прифаќањето на Францускиот предлог и ветото на Бугарија со кое се бараат правата на македонските Бугари и нивно впишување во највисокиот правен акт – Уставот тоа е единственото вето кое Бугарија и може да го има во моментот.

Паранојата значи по тој основ е “аман намалете” со испадите и не ги гневете граѓаните.

Нема основ и да сака било која членка на ЕУ да стави вето на вето за вето. Приказната ќе заврши со исполнување на условите од Францускиот предлог и за тоа оваа Влада на Северна Македонија ама и опозицијата имаат разумен рок – ноември 2О23 година.

Ако не се исполнат пак нашиот сон за европска иднина ќе се врати 2О назад во времето затоа што реалноста можеби е сурова но гласи “Северна Македонија не е ни во чекалната за почеток на пристапни преговори со Европската Унија за нејзино членство – моментално “блееме” пред објектот и чекаме да не поканат за влеземе а поканата зависи само и само од нас.

E сега за волја на вистината не е ни апсолутно целосна македонска вина што работите не се одвиваат по начин на кој сакаме сите ние како граѓани на Северна Македонија но состојбите се тие. Паметен политичар не би наседнал на провокација на Евро пратеник чија политичка партија во Бугарија на 5 изборни процеси во 2 години не успева да го премине прагот за влез во Народното Собрание.

Но во Македонија анали [ тичари ] има како кромид на зелено пазарче.

Значи императив за дипломатија е и да бираш од кого се навредуваш а пусто наше македонско лесно се навредуваме и брзо забораваме а инаетот е пред се без разлика дали веќе кавгата има ли не логика.

Тоа за второто вето кое нели не е можно што пак не значи дека 27 членки на ЕУ нема да имаат право за вето во отворањето на уште 35 поглавја со чие целосно исполнување ние ќе сме членка на Европската Унија.

Е сега математички и песимистички тоа отвора можности за уште 945 шанси или можности за вето до завршетокот на процесот или оптимистички ако ние сериозно сме подготвени да сме дел од големото семејство на ЕУ тогаш постапките ќе се решаваат со брзина со која ние сме си го средиле системот по сите параметри.

Кој ни се први партнери на патот кон ЕУ? Па секако Бугарија и Грција.

Не знам зошто патолошката бесмисленост дека ЕУ е Брисел. ЕУ е и две држави кои се наши соседи и со кои не само што имавме [ моментално не знаеме за што побрзо да се скараме ] но и ќе треба да имаме одлична соработка затоа што регионите во Европа при ЕУ се моќно лоби.

Каде е пак улогата на Србија?

Србија апсолутно не е ни блиску до почеток на преговори со ЕУ што е факт како што е факт дека и е апсолутно на крајот од долгата сага и формално и правно да го “загуби” Косово.

Косово иако е парцијално препознаено и признаено како независна држава својата сувереност без потпис од Белград го прави “толку далечна лага дека некогаш повторно ќе е дел од Србија и толку блиска вистина дека решение ќе мора да има и тоа час поскоро”.

И тој час пристигна.

Српскиот претседател и неговата партија која има апсолутна власт над нашиот северен сосед веќе имаат јасна траекторија по која и преостанатите мал број на членки од ЕУ кои не го признаваа Косово ќе го направат тоа со што со Заедница на Српските Општини [ ЗСО ] како интерен регион во Република Косово или без тоа ќе се случи.

Мелодраматичните појавувања на претседателот на Србија се ефект на обеглавена кокошка која прета низ двориштето и нема кој да и каже дека веќе ја загубила главата.

Но тоа е Балканскиот синдром на мелахонија и трагикомични едночинки со примеси на детските болести во кои кога е твоја топката а си апсолутно дебилен во фудбалот ја користиш заканата “или ќе ме играте или ќе си одам”.

Само што топката веќе одамна е истушена.

Во тој сегмент Србија која веќе ја загуби и Црна Гора прилично не би сакала да ја загуби и Македонија па фокусот тука можеби е и целосно точен дека влошените односи меѓу Македонија и Бугарија се во режија под палката на Русија а Русија во Европа и на Балканот има само една држава во која има поддршка за војната во Украина – Србија.

Иако Белград сега размислува за санкции кон Путин ама ете Косовското прашање испадна ненајавено па ќе почекаат со тоа прашање кое не е ни спорно дека ќе има смешна концепција во формулацијата.

Големите нешта не се нарекуваат геополитика затоа што најчесто се едноставни како равенка со 2 непознати од кои 3 веќе ви се посочени па само треба да изберете кој е вишок за решението да ви е исправно.

Затоа имаме скоро анкети во кои апсолутно е точно дека “Расте скептицизмот за Европската Унија – најголема закана за Македонија е Бугарија”.

Тоа е апсолутното мислење во моментот на граѓаните на Македонија во голем дел но да не заборавиме дека ништо помалку и помило не е и мислењето на граѓаните во Бугарија за нас особено по последните настани.

И тоа е трагично.

Иако анкетата по ред од информациите говори нешто сосема друго но агенцијата не е тука да ги толкува резултатите ами да ја реализира. Па ајде по ред неколку сегменти да дефрагментираме.

72 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока – точно иако би рекол дека сме 90% а која е правилната насока и дали воопшто говориме за ЕУ или за каква ни е живеачката по дома не се знае.

Зголемен е скептицизмот во врска со влезот на Северна Македонија во Европската Унија. Имено 49 отсто се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава наспроти 34 проценти кои не мислат така.

Граѓаните за жал апсолутно немаат поим што значи привилегијата да си член на ЕУ затоа што тоа најмалку е “ќе шетаме без пасош” и “каде сакам ќе работам” но факт е и дека точно во истиот период кога е спроведена анкетава се реализираше уште една но во Англија која со Брегзит излезе од ЕУ но сега над 6О% од граѓаните сметаат дека одлуката била лоша и бараат повторно членство

Во однос на фундаменталните општествени вредности високи 61 отсто од испитаниците сметаат дека нема демократија. Одлично – ако се одземе огромната цифра на интелектуалци кои се иселија од Северна Македонија и колку земјата ни е партизирана на три блока: албанскиот – СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ ова е дури и позитивна констатација колку лошо стоиме а токму процесот за влез во ЕУ низ решавање на 36 поглавја ќе ни ги прикаже допрва сите слабости на системот затоа што ЕУ не е организација за делење овации и аплаузи а најмалку отворена кафанска сметка.

И следат интересните статистики кои се контрадикторни до онаа народна изрека дека “добар поп редовно во петок мрси”.

Зголемена е загриженоста на граѓаните во врска со тоа дали некоја држава или меѓународна организација претставува закана за Македонија каде 42 проценти од испитаниците сметаат дека постои закана за разлика од многу пониските 33 отсто минатата година. Како најголема закана од листата се споменуваат Бугарија [ 27% ] и Русија [ 4% ].

За разлика од тоа Србија се смета за најголем пријател со 37 проценти.

Логика?

Или 4% од Русија треба да се минусираат од 37% за Србија или да се додадат но дефинитивно не може да се издвојат. Е тоа е веќе геополитика која не е проста математика ем е потврда на горенаведеното дека нас ни смета се што треба и мора да го одработиме за влез во ЕУ иако искрено Бугарија ни е најмалиот проблем ако некој знае на граѓаните да им каже што се не чека.

Не чека сериозно членство во една феноменална организација каде за разлика од СССР не се влегува со тенкови ами со покана и за разлика од СССР може да се излезе кога сака и ако се сака. Некој ги заборавил очигледно 50тите и 60тите години од 2Отиот век.

И дека граѓаните правилен одговор даваат на недвосмислени прашања е фактот дека тие имаат највисока доверба во Армијата 39 проценти.

Религиските институции се на второто место со 32 отсто вернаш по нив е Полицијата со 21 отсто. Најмалку доверба граѓаните и оваа година имаат во Обвинителството 7% и Судството 6 отсто.

Ние сме секуларна држава а 32% од граѓаните повеќе веруваат на религиските организации т.е. на Бог низ сите варијации отколку на Обвинителството и Судството? Па тие се основата за демократијата а овој статистички податок е да се крстиш и со десна но и лева рака. Бог суди но не на овој земен живот.

И согласно ова прилично сме далеку од ЕУ.

Интересен е и одговорот дека испитаниците имаат негативно мислење за борбата против корупцијата во државните институции во земјава односно 71 отсто сметаат дека институциите неуспешно ја водат борбата против корупцијата.

И сосема да сме на јасно ова не е оценка на работата на актуелната влада.

Апсолутно таа мисла е “проливарска” ако се знае дека граѓаните ставот го градат за сите 32 години независна држава од кои 2О ете клепаме пред влезната врата во ЕУ и молиме а малку работиме за да влеземе барем до лоби барот.

А дека Евро интеграциите се иднината тоа е неспорно. Дури и ВМРО – ДПМНЕ со претседател кој нема став за ништо што е смешно за десничарска партија иако во ЕУ владее ЕПП семејството на десничарски партии е согласна дека иднината ни е во ЕУ и НАТО.

НАТО го решивме затоа што повторно беше логично. Само Србија од сите наши соседи [ Косово ете не е решено целосно ] се членки на НАТО алијансата а ние мали по големина ама баш можеме само да имаме корист од него.

И при крај.

Да се потсетиме дека проблемот не само што го нема ами постоеле и пријателски односи низ 32 години низ изјави од соседна Бугарија на наши прилично добри и искрени пријатели за што се направила таа држава за Македонија а ние сме заборавиле.

Иако бугарофобијата е присутна ние ќе мора да седнеме и секој со професијата да ги решиме сите отворени прашања за кои понекогаш ни самите не сме сосема сигурни дека ги имаме вистинските одговори за воопшто да отвориме дебата како што е историјата.

Росен Плевнелиев [ Претседател на Бугарија 2О12 – 2О17 година ]

Србија ќе направи се што може за да го спречи преговарачкиот процес за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија пред да влезе Србија. Гледаме дека самата Србија се уште се колеба меѓу орбитата на Русија и Европа.

Владата во Македонија виси на конец и нејзината ситуација не е воопшто лесна.

Затоа бугарската позиција треба да биде помагање на европската интеграција на нашиот сосед. Мораме да имаме многу избалансирана политика. Ние самите во Бугарија мора да внимаваме да не правиме провокации. Мора да се однесуваме како возрасни – мора да знаеме дека е тешка битка да се откажеш од Титово сталинистичко минато.

За жал денешните елити во Северна Македонија во добар дел се уште страдаат од ова влијание.

Иван Костов [ Премиер на Бугарија 1997 – 2ОО1 ]

Ние на времето направивме многу. Говорам за првите години. Бугарија прва ја призна Македонија. Тоа тие го заборавија одамна. Сега си мислат дека Советскиот Сојуз ги признал први всушност само Бог знае што моментално тие мислат.

Ние им помогнавме во тешките моменти кога пример огромни маси депортирани косовски Албанци ја преминаа границата за време на косовската криза. Ние бевме втората земја во светски рамки со големина и форма на помош за Северна Македонија.

Втората земја по големина на помош иако и ние самите како земја бевме во лоша економска состојба тогаш.

Но го заборавија и тоа.

Ние бевме тие кои директно им помогнавме без двоумење да не стигнат до граѓанска војна. Им дадовме воена помош за на крај да се стигне до Охридскиот договор за мир.

Ние потпишавме Декларација меѓу двете земји која премина во Договор со додавање на еден член 2О17 година која треба да ги уреди добрососедските односи меѓу двете земји.

“И тоа е огромна поддршка. Прашањето е сега кога точно и зошто почна таа поддршка да се обезвреднува и да се потценува? И за тоа имаме одговор.” – говори Костов.

Тоа се случи во моментот кога граѓаните на Северна Македонија со бугарско самоопределување започнаа да создаваат свои организации во Македонија. И тогаш се виде дека официјалната доктрина на добар дел од македонскиот политички сегмент почесто гледа кон реакциите на Белград и ја ориентира политиката според Србија.

А тоа нарушување на односите – тие репресии на граѓаните со бугарско самоопределување – репресии на етничка основа пак во Европа не е дозволиво. Тоа е брутално нарушување на сите права.

Ти да вршиш репресија врз некој поради етничката определба – да го тепаш – да ги палиш и вандалски оштетуваш објектите едноставно не е може да биде нормално.

Во основа тоа е прекршување на права на човекот кој ја идентификуваат Европа како заедница.

Петар Стојанов [ Претседател на Бугарија 1997 – 2ОО2 ]

Уште првиот ден кога се објави дека Бугарија сака да стане член на Европската Унија почнаа јавните говори дека сега ќе се оттргнеме од еден вазалски однос ќе заминеме под други вазали.

И тоа е совршена невистина но се сее во бугарската душа и таму наоѓа почва за растење.

Зошто тоа е огромна глупост. Бугарија стана дел од Советскиот Сојуз затоа што Советските тенкови кои го поминаа Дунав на 8 септември. Чешка и Унгарија сакаат да излезат од спрегите на Советскиот Сојуз но не успеваат пак благодарение на советските тенкови кои 56-та година влегоа во Унгарија а 68-ма година во Чешка.

И тука е разликата.

Во Европската Унија се влегува а и излегува без тенкови.

За да влеземе во ЕУ не решававме реални проблеми. Ние не се лутевме кога ни кажаа дека Романија по извесни одредби и барања биле подобри од нас. Бевме тогаш лошо расположени но работевме.

“И денес ако сакаме да излеземе од ЕУ Брисел нема да прати тенкови.

Тоа е наш избор и тоа е нашата најисправна национална одлука. Но сега прашањето е како да се искористи фактот што сме членки на ЕУ затоа што апсолутна глупост е дека како членка на ЕУ го губиш идентитетот и дека го губиш суверенитетот.” – говори Стојанов.

Слично на глупоста дека ние ќе го загубиме идентитетот ако го смениме левот со еврото. Германија ако не пак факт е дека ја имаше најголемата валута во Европа – германската марка и што им се смени со воведувањето на еврото?

Сега се помалку Германци од тоа што беа?