Има една политичка догма за долгогодишниот така наречен водач на комунистичкото движење во Македонија Лазар Колишевски [ роден како Лазар Панев Колишев 12 февруари 1914 – 6 јули 2OOO ] кој беше долгогодишен водач на македонските комунисти и моќен човек во Социјалистича Република Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот.
Имено Вера Ацева – Доста [ Ореовец – Прилепско 24 ноември 1919 – Скопје 1О ноември 2ОО6 ] познат македонски комунист – учесник во НОБ и народен херој на Југославија – прогласена на 29 ноември 1953 година во свое писмо говори дека Лазо не бил ни за независна а најмалку самостојна Македонија по Втората Светска војна и дека сите негови активности биле регионот Македонија повеќе да е формално – неформално продолжување на третманот кој за време на Втората Југославија го знаеме и како Вардарска Бановина.
Дека Вера не е било кој говори фактот што во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ [ Комунистичка партија на Југославија ] во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.
Во март 1949 година при реконструкцијата на Владата на НРМ [ Народна Република Македонија ] е избрана за министер за земјоделство а во Владата од 1951 година е избрана за министер претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година и повторно од 1958 година.
На 27 септември 196О година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања. Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ [ Социјалистичка Федеративна Република Југославија ].
Кога Ацева се соочува со гневот на Колишевски за кој има и тоа што да каже?
Во 196О година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија Лазар Колишевски обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски – Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ [ Сојуз на Комунисти на Македонија ].
На седницата од 18 октомври 196О од Белград доаѓа лично Александар Ранковиќ кој застанува на страната на Колишевски.
Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград. Во 1991 година ја објавува својата книга “Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо” која е општествена и пред се историографска сензација и говори вистини кои декади биле криени од обичните граѓани.
Имено Ацева народен херој и долгогодишен член на ЦК на Југославија и на ЦК на Македонија остро и директно го отвори прашањето на исправувањe поточно на научно утврдување на вистинската историја на најважниот период од развојот и државното формирање на Македонија оној од 1941 до 1945 година.
Како што истакнуваат македонските историчари нејзините текстови предизвикаа одредена збунетост не само во македонската туку и во југословенската јавност а судирот на информации кои ги нуди Ацева со оние што егзистираат веќе 45 години и кои претставуваат историска свест некои средини го доживеаја како шок особено што Вера говори со вистината каде некој пласирал фалсификати и лаги.
Приклучувањето на Покраинскиот комитет на Македонија кон Бугарската Комунистичка Партија.
Во врска со првото прашање треба веднаш да се каже дека до денес историски научно не се утврдени сите важни подробности за тоа како дојде до одлуката за одвојување на Покраинскиот комитет на Македонија од ЦК КП Југославија и негово природно приклучување кон ЦК КП Бугарија.
Факт со кој комунистите во СФРЈ не можеа да се помират а одеа во прилог на писмата лично од Јосип Броз Тито со кои тврди дека Бугарската армија застанала во одбрана на територијата на Македонија 1943 – 1944 ама и Србија ако не и порано.
Но таа улога која е минимализирана ќе е тема на засебен блог – текст за ставови и писма лично од Тито кои говорат дека ослободувањето на голем број градови не е целосна заслуга само на партизаните ами и бугарската армија.
А Тито нели не смее да го оспорите во неговото постоење.
Имено oфицијално важечкиот став на југословенската историографија заснован на резолуциите на Петтиот конгрес на КПЈ и Првиот конгрес на КПЈ [ и двата одржани во 1948 година ] накратко гласи: Секретарот на ПК [ Покраинскиот Комитет ] на Македонија Методија Шаторов – Шарло ја приклучи во 1941 година македонската партиска организација кон Бугарската комунистичка партија.
Лазар Колишевски настапувајќи во својата функција на прв човек на македонската влада и партијa ја дополнува во своите “Сеќавања” приказната со тврдењето дека “Шаторов двапати одеше од Скопје во Софија во ЦК на Бугарија.” Притоа истакнуваше дека тој – Колишевски – и тоа во Софија во август 1941 година им се спротивстави на Бугарите кои го оправдуваа Шаторов говорејќи им:
“Шаторов работеше самоволно и на своја рака. Тој ја искористи тогашната ситуација за да ги оствари своите контрареволуционерни и предавнички планови!”
Koj e Шаторов и како тоа преку ноќ стана предавник и контрареволуционер според Колишевски?
Методија Шаторов – Шарло [ Прилеп 1О јануари 1897 — Пазарџик 4 септември 1944 ] е комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската “окупација” на Вардарска Македонија [ Вардарска Македонија е окупирана од Кралство Србија што значи Бугарија не може да ја окупира окупираната територија ] и ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија.
Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство па тој е исклучен од КПЈ а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно.
Во Бугарија пак се смета за бугарски партизан.
Имено во Бугарија во јануари 1942 година Шарло станува секретар на Софискиот окружен комитет на ЦК БКП. До 1944 година извршува разни задачи во рамките на бугарското антифашистичко движење при што меѓу другото е политички комесар на Третата оперативна зона со средиште во Пазарџик.
На 4 септември 1944 година при една акција на Бугарија Шарло загинува под неразјаснети околности во месноста Милеви Скали кај Пазарџик. Според официјалната верзија Шарло е убиен од непријателски оган но подоцнежните истраги посочуваат на моменти кои се во спротивност со првобитната верзија при што има верзија со која Шарло е убиен со цел да се одоброволи југословенското комунистичко раководство на чело со Јосип Броз Тито и Колишевски кои јавно стравуваат дека Вардарска Македонија ќе биде откината од Југославија и заедно со Пиринска Македонија ќе се создаде независна македонска држава.
Шаторов е погребан во Пазарџик каде што му е подигнат споменик и каде што и денес се наоѓа неговиот гроб.
Истакнатата функционерка на бугарските комунисти од тие години Цола Драгојчева во својата книга “Сеќавања и размислувања” пишува дека во текот на април и мај 1941 година пред ЦК на бугарската партија се постави прашањето врз која основа да се воспостави односот со Покраинскиот комитет за Македонија: “Тогаш Методија Шаторов побара врска со нас”.
Меѓутоа – продолжува Драгојчева – кон крајот на април и почетокот на мај 1941 година успеа Шаторов да воспостави врска со своето раководство и да ја добие согласноста на своето раководство привремено до разјаснувањето на ситуацијата македонската организација да се стави под раководство на бугарскиот Централен комитет.
Ние веднаш со писмо датирано на 1O мај 1941 година редактирано од Трајчо Костов и Антон Иванов – политичкиот и организацискиот секретар на ЦК КПБ му го јавивме на Задграничниот комитет поточно на Политбирото на ЦК КПБ во Москва следното: “Веќе воспоставивме врска со македонскиот Областен комитет кој во согласност со КПЈ преминува под наше раководство.”
Официјалното толкување како на нашата така и на бугарската партиска историја е дека Методија Шаторов – Шарло член на ЦК КПЈ и секретар на ПК за Македонија на своја рака го изврши тоа “приклучување”.
Но не е баш така …
Има многу факти кои не се согласуваат ниту со таа “вистина” на нашата официјална историографија ниту со сведочењата на Колишевски и Драгојчева односно со бугарската политичка историја.
Како прво постои изјава на Перо Ивановски – Тиквар организациски секретар на ПК за Македонија во тие дни.
Ивановски пишува дека во април 1941 година Шаторов со писмо беше повикан во Софија да му се јави на Централниот комитет на бугарската партија. Шаторов веднаш го извести Покраинскиот комитет за тоа и отпатува во Софија. Откако отпатува дојде повик од ЦК КПЈ Шаторов веднаш да дојде во Белград зашто беше избран член на ЦК КПЈ.
Пoдрачниот Комитет за Македонија немаше друг избор па го испрати членот на ПК Коце Металец во Белград да види за што се работи и да каже дека Шаторов не е во Скопје туку дека отиде во Софија.
Коце се врати и рече дека другарите инсистирале Шаторов да дојде во Белград.
По два дена Шарло се врати од Софија. “Му кажавме – Коце и јас – за повикот од Белград. Тој одговори: “Завршено е со тоа. Ние сега сме поврзани со ЦК на Бугарија.”
Понатаму Ивановски тврди дека во декември 194O година Иван Милутиновиќ член на Политбирото на КПЈ му рекол дека ЦК КПЈ и ЦК КП на Бугарија се договориле дека во случај на војна т.е. на прекин на редовните врски помеѓу Белград и Македонија ПК за Македонија треба да побара и да воспостави врска со Софија а преку неа со ЦК КПЈ.
“Како второ последните денови од април 1941 година во Скопје Петар Богданов член на ЦК на КП Бугарија делегиран за работа во Македонија ми соопшти [ бидејќи тогаш раководев со студентската партиска ќелија и со младинските скоевски групи ] дека отсега со одлука на Коминтерната партиските организации во Македонија преминуваат под раководство на ЦК КП на Бугарија па дека СКОЈ ќе биде РЕМС [ Работнички младински сојуз ].
Во мај 1941 година организацискиот секретар на ПК Перо Ивановски – Тиквар ми соопшти дека пристигнал итен повик од ЦК КПЈ Шаторов да дојде на советувањето на ЦК. “Шаторов – ми рече Ивановски – одбива да оди и тврди дека тој е поврзан со ЦК КП на Бугарија” – пише Вера.
Меѓутоа Тиквар и останатите од ПК [ Коце Металец и Мара Нацева ] сметаат дека треба да се оди. Тиквар ми предлага мене да одам во Белград и да ја изложам пред ЦК ситуацијата и да слушнам што порачува ЦК.
Иако прогонет илегалец стигнав во Белград и имав два долги состаноци со членот на Политбирото Иван Милутиновиќ.
Милутиновиќ ми рече дека ЦК КПЈ знаел за “приклучувањето” го осуди како штетна акција и ги презел потребните мерки за тоа веднаш да се поправи. Се вратив во Скопје и оттогаш – од крајот на мај 1941 година – иако имав редовни партиски и други контакти со многу партиски ќелии и комунисти од Скопје – Куманово и Велес никогаш повеќе не слушнав некој поединец или група да се согласува со “приклучувањето” кон бугарската партија или дека се залага за тоа.”
Денес кога под впечатокот на со децении популаризираната “официјална историја” како што тоа го кажува Ацева – владее црно бела слика за Македонија во 1941 година [ на едната страна предавник Шаторов а на другата спасител – Колишевски ] тешко е да се сфати тогашната стварност.
Меѓутоа доволно е да се погледнат тогашните партиски документи [ а не надокнадните со ништо недокажани прераскажувања или изјави на “крунските сведоци на Револуцијата” ] па да се увери човек во фактите.
Факт како циркуларното писмо на делегатот на ЦК КПЈ Д. Павловиќ – Шиљо од 19 август 1941 година во кое како директива изречно се кажува дека “прашањето на која партија ќе биде приклучена македонската партиска организација не е ниту централно ниту важно – тоа е прашање кое братски ќе го решат раководствата на двете партии”.
Како трето Трајчо Костов секретарот на ЦК БКП во 1946 – 1947 го повтори неколкупати следното:
“Задграничното биро т.е. Политбирото на БКП во Москва со писмо напишано во април 1941 година му нареди на ЦК на бугарската партија т.е. конкретно нему на Т. Костов веднаш да го преземе “раководството и контролата” над сите организации во “новоослободените краеви на бивша Југославија и Грција” како на Бугарија по крахот на Грција и припадна и дел од Егејска Македонија.
На директни прашања од каде таа идеја и со кои аргументи се правдаше тоа “приклучување” на македонските комунисти на бугарската партија Костов се сведуваше на тогашната проценка на другарите во Москва дека засекогаш е завршено со версајска Југославија.
Тоа го илустрираше со повеќе докази на пример Советскиот Сојуз го призна разбивањето на Југославија и го истера југословенскиот амбасадор а советскиот амбасадор во Бугарија тогаш во април – мај 1941 година му го честита на цар Борис III “припојувањето на новоослободените краеви” т.е. на деловите на Југославија и Грција што дипломатски де факто е признавање.
Главниот аргумент пак секогаш беше договорот на претставниците на ЦК на Бугарија и Југославија од првите денови на 1941 година за соработката на двете партии.
Интересно е тоа што и Костов како и сите останати бугарски раководители вклучувајќи го и Г. Димитров секогаш го истакнуваше и следното:
“Кој тогаш во април 1941 година можеше да очекува дека таа слаба и растргната КПЈ ќе крене востание и ќе поведе партизанска војна?”
Како четврто имаше многу разговори со Георги Димитров во текот на 1945 – 1947 година и редовно – за ЦК КПЈ – за тоа праќани се детални извештаи кои сигурно се зачувани. Исказите на Димитров ја негираат “вистината” на Цола Драгојчева.
Нему како што се знае Сталин му дозволи да се врати во Бугарија дури на 6 ноември 1945 година иако Бугарија имаше отечествено фронтовска влада веќе од 9 септември 1944 година. Две недели по неговото доаѓање во Бугарија во вторник 2О ноември 1944 година ме повика личниот секретар и ми соопшти дека другарот Димитров одлучи мене како на Југословен прв да ми даде интервју.
Тие години интервјуата со важните политички личности не беа информација туку – политичка акција. Затоа Димитров и ме избра мене “специјалниот дописник” на “Борба” зашто тоа се и деновите на забрзани преговори за федерација или конфедерација на Јужните Словени.
Мојата листа на прашања ја прегледа во Белград Ѓилас па некои отфрли а други додаде.
Димитров ме прими во својот приватен стан и одговараше многу отворено на сите мои прашања. Имено тој ме знаеше уште од 1933 година кога ја водеше Балканската секција во Виена а јас доаѓав како курир на ЦК КПЈ.
Во разговорот лесно можеше да се забележи дека Димитров не го познава ниту односот на силите ниту стварноста на тогашна Бугарија. Тоа е и разбирливо кога се знае дека тој во текот на емиграцијата ги следеше случувањата во татковината само преку “извештаите” и пропагандните статии.
На прашањето за улогата и положбата на Македонија во идната федерација, рече:
“Кога хитлеровците ја освоија Југославија и ја расчеречија Секретаријатот на Извршниот комитет на Коминтерната долго и подробно го разгледуваше неочекуваното менување на ситуацијата. Советските другари тврдеа дека новонастанатата ситуација и новоскроените граници ќе останат трајно дека тоа е апсолутно утврдено и потпишано со договорот Молотов – Рибентроп.
Трајни се западните граници на СССР [ се мисли на териториите добиени од Полска и Романија ] како и вклучувањето на Добруџа во Бугарија а со самото тоа и разбивањето на версајска Југославија.
Во врска со Југославија и Грција посебно се дискутираше за новонастанатата положба на Македонија. За тоа реферираше В. Поп Томов. Го застапуваше ставот дека е неопходно да се активираат големите капацитети кои лежат во националното движење во Македонија. Затоа е потребно да ги води силна и решителна Компартија.
На Балканот е најсилна и најдобро организирана Бугарската партија. Затоа предложи македонските организации [ и КП и ВМРО – Обединета ] да се стават под контрола на ЦК КПБ и организациски да се поврзат со него.” Димитров “дополнително се согласил со овој предлог” иако кажува “не учествувал во дискусијата”.
По согласноста од Димитров бугарското Задгранично биро во Москва ја прифати таа одлука и веднаш ја спроведе во живот.
“Меѓутоа” продолжува Димитров, “Валтер [ Тито ] енергично протестираше најпрво преку кратка телеграма а потоа со низа надолго објаснети обвинувања. Ние Извршниот комитет брзо ја исправивме оваа наша грешка. Валтер доби сатисфакција.
Не смее да се заборави дека до оваа грешка дојде во време кога сe уште дејствуваше пактот Молотов – Рибентроп и кога КП на Југославија беше мала – илегална партија послаба не само од КП на Бугарија туку и од КП на Грција.
Кога дојде до Хитлеровиот напад на Советскиот Сојуз и кога почна партизанската војна во Југославија ние се уверивме дека згрешивме и болшевички ја признавме грешката и ја поништивме погрешната одлука.
Улогата на Лазар Колишевски во настаните 1941 – 1945 година?
Вера Ацева во своето писмо до Темпо пишува: “Ти Темпо во “Битката за Балканот” не случајно го испофали Колишевски …
Морам да ти кажам дека најголемиот дел од она што го напиша за него не е вистина. Ваквата категорична и јавна изјава а уште повеќе одговорот на Лазар Колишевски во “Нова Македонија” во јули 1989 година предизвикаа да ја прегледамe документација за Македонија во 1941 година.
“Лазар Колишевски – пишува во “Енциклопедијата на Југославија” – е роден во село Свети Николе на 12 февруари 1914 година. Потекнува од работничко семејство. Поминал 1O години во сиропиталиште и посетувал нижа гимназија. Во годините 1928 – 1932 е питомец на Воено занаетчиската школа во Крагуевац.”
Значи детството и младите години го поминал во макотрпната положба на “питомец”.
Во склад со озаконетата практика помеѓу двете војни во Македонијa големосрпските власти по свои критериуми преку полицискио – управниот и школскиот апарат собираа сиромашни деца од Македонија и како “питомци” и “стипендисти” ги испраќаа во Србија [ Крагуевац – Књажевац – Ниш ] во разни занаетчиски или управни школи a подоцна и на универзитет.
Тие “питомци” ги нарекуваа и “јаничари” алудирајќи на некогашните слични постапки на Турците. И Лазар Колишевски под посрбеното име Лазар Пантовиќ го помина тој макотрпен пат на “созревање”.
И според очекувањата на големосрпските идеолози и управници Лазар Пантовиќ – нашиот Колишевски – завршувајќи го стипендираното школување и вработувајќи се во Воено техничкиот завод во Крагуевац стана комунист а потоа и активист на КПЈ кој не и беше верен на српската круна. Повеќето од тие македонски “јаничари” и пријдоа на КПЈ a некои како Колишевски – Страхил Гигов – Ристо Џунов и Благој Попов уште пред војната некои во текот или како Лазар Мојсов при крајот на НОБ.
Запознавајќи го Колишевски во текот на партиската работа и сакајќи да го награди за вонредната активност организацискиот секретар на КПЈ Александар Ранковиќ го одредува за делегат на листата на Србија за Петтата земска конференција на КПЈ во 194О година во Загреб.
Тогаш Колишевски првпат во животот се сретна со комунистите од Македонија со Шаторов и Ивановски.
Колишевски беше во групата која на конференцијата се изјасни против гледиштето на Шаторов дека КПЈ не може да ја озаконува незаконската колонизација во Македонија и Косово т.е. давањето на најдобрата земја на жандармите на комитите и полициските доушници – Срби доселеници.
Поради тоа Ивановски го критикуваше како тој како Македонец може да биде против животните интереси на македонските селани. Воедно го повика да се врати во Македонија зашто таму недостигаат кадри. Според П. Ивановски Колишевски тогаш одговорил: “Јас сум член на КПЈ. Каде што ќе ме одреди Партијата таму одам – работам и се борам за Револуцијата!”
Според официјалната партиска историографија и пишувањата на самиот Колишевски тој во април 1941 година работеше во Окружниот комитет на Крагуевац каде на почетокот од мај му е соопштено дека преминува на партиска работа во Ниш.
Меѓутоа – пишува Колишевски – неколку дена подоцна повикан сум да одам во Белград каде другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката дека одам на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.
Но тие записи во важни работи не се согласуваат со сочуваните документи и изјавите на бројни учесници на тие случувања.
Како прво ниту еден документ не потврдува дека ЦК КПЈ го испратил Колишевски “на работа во ПК КПЈ за Македонија”. Постои само општа одлука комунистите Македонци да се вратат во Македонија за да ги зајакнат тамошните – релативно слаби партиски организации.
Како второ Колишевски по своето пристигнување воопшто не му се јави на Покраинскиот комитет во кој – тврди – бил упатен.
Тој – според сопственото пишување како и според писмените изјави на повеќе современици особено на Вера Ацева – доаѓајќи од Белград кон средината на мај 1941 година во непозната средина говорејќи само српски за да се смести кај свои роднини во родното село односно кај пријатели во Куманово.
Така живееше неколку недели и дури тогаш – приватнo преку една пријателка се поврза не со ПК туку со Перо Ивановски – Тиквар својот познајник од Петтата земска конференција.
Како трето во своите “Сеќавања” на 4 јуни 1961 година во “Нова Македонија” Колишевски пишува дека Ранковиќ соопштувајќи му ја одлуката дека “преминува на работа во ПК за Македонија” го запозна со ситуацијата во Македонија особено во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПКМ Шаторов – Шарло во врска со априлскиот проглас на КПЈ и заклучоците од Мајското советување на ЦК КПЈ.
Имено Шарло одби да присуствува на овие заседанија а не се одзва ниту на неколкуте повици да дојде во Белград и да ги разјасни своите ставови и своето држење кон ЦК КПЈ.
Така пишува Колишевски на 4 јуни 1961 година. Меѓутоа одговарајќи на предизвикот на Вера Ацева на 17 јули 1989 година истиот човек го пишува за истиот настан следново:
Одлуката за моето заминување на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија ми ја соопшти некаде средината на мај тогашниот организациски секретар на ЦК КПЈ Александар Ранковиќ. Меѓутоа првите информации за ставовите и политиката на Шаторов ги добив во Куманово од Боро Менков – Мара Нацева и други.
Колишевски пишува дека преку Перо Ивановски бараше и договорил состанок со Шаторов. За тој состанок кажува: “Најпосле по моите упорни инсистирања се сретнав со Шарло. Му ја пренесов одлуката на ЦК КПЈ дека преминувам на работа во Македонија и опширно му ги изложив ставовите на КПЈ во духот на подготовките за вооружена борба.
Шарло веднаш го изрази своето несогласување со линијата на КПЈ и почна да ги изнесува ставовите на Бугарската партија.
Му се спротивставив на Шарло напомнувајќи дека јас не припаѓам на Бугарската работничка партија ниту пак комунистите во Македонија ја прифаќаат линијата на Бугарската партија ниту воопшто отцепувањето од составот на КПЈ кое тој [ Шарло ] го изврши самоволно.“
Меѓутоа Перо Ивановски за истото го кажува следното:
“Другарот Лазо на овој состанок критикуваше дека немаме станови за состаноци и станови за илегалците – дека немаме добро организирана техника. Јавно изразуваше незадоволство како тоа Партијата да не е способна да најде станови.
Тој живееше под впечатоците од Крагуевац каде има голем комбинат – работници – организирана партија итн. што овде сето тоа е слабо.”
Значи, судирите помеѓу него и Шарло се заострија околу овие прашања.
Шарло тврдеше дека сe се обидуваме но дека нема услови за работа додека Лазо тврдеше дека сме неспособни – дека не работиме ништо и дека ние воопшто не сме партиска организација.”
Истото го тврди и уште еден учесник на тој состанок Боге Кузмановски.
По овој судир со Шарло – Колишевски од Скопје отиде во Куманово од каде не јавувајќи му се никому – ниту на ПК во Скопје – ниту на Месниот комитет во Куманово – на 21 јуни 1941 година отпатува во Белград.
Колишевски останува во Белград цел месец јули. По лична наредба од Ранковиќ требаше на 27 јули со вечерниот воз да се врати на партиска работа во Македонија. Меѓутоа тој ден изутрината Колишевски виде кога беше уапсен Ранковиќ за што веднаш му јави на својата партиска врска – таа пак за тоа го извести Тито а тој ја нареди – и белградските скоевци ја спроведоа – познатата храбра акција за ослободување.
Во врска со овој среќен случај Ранковиќ подоцна ќе изјави: “Колишевски и јас и порано пријателствувавме но исклучително нe зближи мојата неволја во летото 1941 година кога паднав во заседа на гестаповската полиција и кога тој ме виде раскрвавен како ме одвлекуваат во автомобил.
Тој ја извести Цана Бабовиќ.
Можеби кон него сум бил малку сентиментален како човек но ете – во прашање беше мојот живот. Било па се памети.“
Тито тактички умно ја спроведува својата доследна линија за револуционерната концепција на КП на Југославија па во случајот на Македонија соочен со антијугословенските махинации на бугарското лоби во Коминтерната увидува дека задача на моментот е да се ликвидира најпослушниот експонент на Коминтерната: Методија Шаторов – Шарло.
Освен писмената одлука тој по подробните усни упатства го праќа на почетокот на август како официјален делегат на ЦК КПЈ Драган Павловиќ за да ја спроведе одлуката за македонскиот ПК и исклучувањето на Шаторов.
На друга стран во тој ист Белград Колишевски не отпатува за Македонија како што одлучи Ранковиќ со вечерниот воз на 27 јули.
Кога дозна дека Ранковиќ е ослободен тој бараше состанок со него соопштувајќи му дека сака да остане на работа во Белград.
Меѓутоа Ранковиќ тешко повреден во Гестапо и во длабока илегала за молбата на Колишевски дозна дури на 3 август истовремено кога и за Титовата одлука да го испрати делегатот на ЦК КПЈ Д. Павловиќ.
Ранковиќ и одговара на врската дека Колишевски мора веднаш назад во Македонија со Шиљо.
Така, Колишевски на почетокот на август 1941 година втор пат доаѓа во Македонија.
Во Архивот на ЦК КПЈ постои подробна документација за тоа како Шиљо на состаноците со Шарло и со неговиот Покраински комитет ја спроведуваше одлуката на ЦК КПЈ но не постои ниту еден единствен документ во кој макар и би се спомнало името на Лазар Колишевски.
Единствената негова регистрирана активност во тој период е што по одлука на делегатот на ЦК КПЈ Шиљо отпатува во Софија каде го имаше оној познат состанок и судир со претставничката на ЦК на Бугарија Цола Драгојчева.
Откако се врати од Софија тој од Шиљо дознава дека продолжува нормалната партиска работа а одлуката за “приклучувањето” како и за исклучувањето на Шарло и е препуштена на Коминтерната.
Исто така дознава дека е потврдена Шарловата одлука за – исклучување на Колишевски од Партијата поради самоволното заминување од Македонија.
Колишевски на делегатот на ЦК КПЈ му ја соопштува својата молба веднаш да замине од Македонија во која нему му е оневозможена работата.
Сето тоа го пишува во документите во Архивот на ЦК КПЈ. Значи ниту ова второ доаѓање на Лазар Колишевски не беше баш “историско”.
Само неколку дена по Августовско советување на ПК за Македонија закажано по повод доаѓањето на Шиљо – кое значеше победа на Шаторов – на 24 август 1941 година доаѓа писмената одлука на Коминтерната со која се осудува “приклучувањето”.
Шаторов истиот ден добивајќи го преку Софија писменото известување од Коминтерната дава оставка на функцијата политички секретар на ПК и го пише познатото писмо до Централниот комитет на КПЈ во кое моли да оди во партизански одред.
Не чека одговор туку по десетина дена заминува за Софија. Со ова победи Титовата концепција за Југославија и НОБ.
Колишевски три пати го праќаат во Македонија затоа што патолошки е приврзан за Белград?
На 15 или 21 септември 1941 година формиран е нов Покраински комитет но тешко е денес за историчарот да докаже кој беше политички секретар на тој ПК. Колишевски тврди дека тоа беше тој. Тоа значи е неговото трето доаѓање во 1941 година.
Освен Вера Ацева и други актери тоа го негираат на пример Бане Андреев повеќепати во ноември и декември 1941 година тврдеше дека тој “со одлука на ЦК КПЈ” беше одреден за секретар на ПК.
Нo тоа не е важно зашто Лазар Колишевски сигурно беше член на новиот Покраински комитет. Официјалната историја кажува дека тој кон крајот на септември 1941 година е поставен како секретар на ПК – за командант на Воениот штаб за “организирање на партизанските одреди”.
Одеднаш во октомври 1941 година во планините на Скопска Црна Гора каде тогаш престојуваше oдредот не налог за вооружено востание на ден 11 октомври како што сега се наведува во службената историја туку ливченце во кое Митре – новиот псевдоним на Колишевски преземен од Шаторов – наредува партиската ќелија – ќелијата на партизанскиот одред – да се распушти и тоа поради “фракционерство и недисциплина” зашто наводно вооружените партизани во одредот биле “шарловисти” и подготвувале “терористички провокаторски акции“.
Тоа е таа писмена одлука на Колишевски која беше главната причина поради која овој активен и во акциите проверен Прв скопски партизански одред наскоро во ноември 1941 година донесе одлука привремено до разјаснувањето на ситуацијата да се расформира.
Факт е дека Колишевски никогаш не сакаше да признае дека Првиот скопски одред воопшто постоел иако во него беа повеќе од 4O партизани – комунисти и скоевци. Тоа е единственото што од документите e познато за активностите нa Колишевски во врска со кревањето на востанието во Македонија на 11 октомври.
Вера Ацева ги оспорува тврдењата на Лазар Колишевски дека тој додека робуваше во бугарскиот затвор во Плевен е избран во Тетово во февруари – март 1943 година за “политички” секретар на Централниот комитет на штотуку основаната Комунистичка партија на Македонија. Архивот на ЦК КПЈ и Архивот на ЦК КП на Македонија и даваат целосно за право.
Никаде не постои ниту еден единствен документ од тие или подоцнежните дни кој би го потврдил таквиот избор.
Освен тоа не е логично за прв човек на штотуку формираниот прв Централен комитет на Компартијата на Македонија во услови на вооружено востание и почеток на ослободителната борба да се избере за народот непознат доживотен робијаш.
Ниту во својот прв писмен извештај поднесен до ЦК КПЈ непосредно по формирањето на КП на Македонија и нејзиниот прв Централен комитет ниту подоцна – до 1944 година – Светозар Вукмановиќ – Темпо никогаш не го спомнуваше името на Лазар Колишевски. Новоизбраниот ЦК КП на Македонија [ Гигов – Узуновски – Јосифовски ] ниту по изборот ниту подоцна во поширокиот состав со Ацева – Темелковски и Андреев никогаш ниту напиша ниту усно и соопшти на некоја партиска организација или комитет дека Колишевски е секретар на ЦК на Македонија.
И Ацева и други тогашни членови на ЦК КПМ тврдат дека Колишевски во пролетта 1943 година не е избран во првиот ЦК.
Единствено Страхил Гигов во својата книга “Сеќавања” во 1973 година пишува дека Колишевски е избран за секретар.
“И покрај тоа што другарот Колишевски и другарката Нацева беа отсутни – Колишевски беше во затвор во Бугарија и беше осуден на смрт а Нацева интернирана во Бугарија – ние ги избравме на највисоки функции во Централниот комитет на новоформираната КПМ.
Нивниот избор од една страна претставуваше гаранција дека КПМ ќе продолжи да ја спроведува доследно правилната линија на КПЈ а од друга страна тоа беше признание за нивната доследна револуционерна работа.”
Чудно звучат овие аргументи на Гигов кога се знае дека Колишевски доаѓајќи во Македонија помина на илегална партиско револуционерна работа до апсењето севкупно [ кога ќе се одбијат заминувањата во Белград и Софија ] два и пол месеци [ од мај до 6 ноември 1941 година].
При тоа според сопственото признание обиколил десет градови и се сретнал во вкупно триесетина комунисти.
Колишевски тогаш не беше во Македонија познат или популарен за да би требало – или за воопшто да би можело – да се користи неговото име. Впрочем останува фактот дека новоизбраниот ЦК КПМ на својот “политички секретар” никогаш не му испрати ниту едно писмо ниту го популаризираше. Дури ниту во двете конспиративни писма илегално доставени до политичките затвореници од Македонија нема спомен од неговото име.
Лазар Колишевски од мај 1942 до 7 септември 1944 година како робијаш осуденик на доживотна робија е затворен во бугарскиот затвор во Плевен.
Таа робијашница не беше ништо налик на “комунистичкиот универзитет”.
На 7 септември кога Црвената армија влегува во Бугаријa “ударните групи” на КП на Бугарија продираат во затворот и ги ослободуваат сите политички затвореници. Групата ослободени комунисти предводени од Трајчо Костов со советски коли на 9 септември е префрлена во Софија. Во таа група е и Колишевски.
Помеѓу 1O и 15 септември – според непрецизната изјава на Трајчо Костов – со советски автомобил во Софија пристигнува “југословенската делегација” т.е. Темпо – Михаило Апостолски и Бане Андреев. Тие веднаш го бараат Колишевски, кој дотогаш беше во Софија со останатите ослободени југословенски робијаши од разните затвори. По тој повик Колишевски – како единствен од ослободените македонски робијаши – преминува во хотелот на југословенската делегација.
Гигов во своите “Сеќавања” пишува:
“Непосредно по капитулацијата на Бугарија една делегација на нашиот Главен штаб на чело со делегатот на Врховниот штаб Светозар Вукмановиќ – Темпо и командантот на Главниот штаб на Македонија Апостолски замина за Софија. Кога нашата делегација се врати од Бугарија со неа се врати и другарот Лазар Колишевски кој веднаш по излегувањето од затворот се беше поврзал со Отечествениот фронт.
Во селото Жегљане се видов повторно со другарот Колишевски. Беше оној стариот- срдечен и непосреден. Беше облечен во некоја ветва – неугледна облека. Веднаш наредив нашата шивачка работилница да му направи нова – партизанска облека, а чевларската работилница – чизми. Се интересираше за сe. Беше радосен поради големите успеси на НОБ.
Веднаш ја презеде функцијата на политички секретар на ЦК на КПМ.
Лаже ли Гигов?
И во Архивот на ЦК КПЈ и во Архивот на ЦК КП на Македонија нема ниту еден единствен документ – или барем промена – за тоа “преземање на функцијата политички секретар на ЦК КП на Македонија”.
Бане Андреев долгогодишен член на ЦК КП на Македонија кој според многу документи беше и политички секретар како на ПК за Македонија така и подоцна на ЦК КПМ раскажуваше дека Темпо дури во Софија по 1O септември 1944 година им соопшти на Апостолски и Андреев дека “Колишев” со кој Темпо веќе се сретнал но сам ќе биде политички секретар на ЦК КПМ a по одлука на другарот Ранковиќ.
Но да ги оставиме приказните и сеќавањата и да погледнеме како стои работата со документите.
Познато е дека во текот на НОБ имаше многу понекогаш и ненадејни промени на партиските и воените раководители и раководства. Но познати се некои порано некои подоцнa главните причини и тековите на сите тие промени – постојат и документи за нив а само за оваа најнеобична промена – кога од долгогодишна робија е доведен на народот Партијата и војската непознат човек – никој никогаш ништо не напиша.
Ниту постојат какви било документи.
Темпо кој пред историјата е обврзан отворено да каже што сe се случувало помеѓу неговиот судир со претседателот на Иницијативниот одбор подоцна претседател на АСНОМ Методија Ченто кога Ченто го избрка Темпо од седницата на Одборот на 1 август 1944 година и заминувањето на Темпо на Вис и реферирањето на Тито и Ранковиќ и неговото враќање по престојувањето во Софија по 9 септември 1944 година и доведувањето на Лазар Колишевски на слободната територија на Македонија односно неговото инаугурирање за политички секретар на ЦК КП на Македонија.
Колишевски во одговорот на Ацева инсистира на фактите. Иако не интересира на кои факти почива биографијата на Колишевски пишувана по ослободувањето.
Имено, во неа стои дека тој во март 1943 година е избран за секретар на Централниот комитет на КП на Македонија – на 29 ноември 1943 година за член на АВНОЈ а 2 август 1944 година за член на АСНОМ.
Но ниту во еден документ на Првото заседание на АСНОМ не се спомнува името на Колишевски. Го нема ниту во тогашниот официјален список на избрани и заверени делегати.
Самите редактори на изданието објаснија дека “одредената збрка околу бројот на делегати на АВНОЈ настана зашто списокот на делегати од Македонија е составен според телеграмите.
Затоа по војната Моша Пијаде настојуваше да состави ако не целосно точен тогаш барем веројатен список.”
Меѓутоа “исправувачите” направија пропуст зашто го впишаа името Лазар Колишевски а тој се до 1945 година – и официјално и во легитимациите и помеѓу другарите на робија во Плевен – се викаше: Лазо Колишев.
И како што знаеме титулата “делегат на Второто заседание на АВНОЈ” односно во Македонија “делегат на АСНОМ” во тоа време значеше повеќе од најважниот орден. Тоа беше потврда на револуционерното залагање – вистинско политичко педигре.
Затоа Колишевски не беше ниту првиот ниту единствениот кому таа отпосле му беше доделена.
Устоличувањето на Лазар Колишевски – дотогаш непознат партиски работник – во самиот врв на штотуку создадената Народна Република Македонија [ 1945 – 195О ] паѓа во времето на т.н. култ на личноста. Тогаш партиската пропаганда играше решавачка улога во кадровската политика во славењето или соборувањето на водечките личности.
А Агитпропот во Македонија од 1944 година непрекинато го водеше Лилјана Чаловска – жена на Лазар Колишевски која редактираше кој е историска личност а кој предавник за Македонија.
И уште нешто на крајот.
Лазар Колишевски одговарајќи и на Вера Ацева самиот отвори едно прашање на кое историјата мора да реагира.
Имено Колишевски во “Нова Македонијa” на 25 јули 1989 година зборува за своето апсење и осуда во времето на окупацијата.
Досега не се знаеше како Колишевски е уапсен. Вера Ацева за тоа го напиша следново: “Полицијата утрото на 7 ноември 1941 година го уапси Колишевски во станот во кој живееше во Скопје. Тој рекол дека чека документи од родното место за да се венча со Лилјана Чаловска па поради тоа имаше и илегална [ фалсификувана ] лична карта а во полицијата беше пријавен под вистинското име.
Провален беше од Охрид од еден другар со кој порано се состанал.”
Во “Нова Македонија” Колишевски самиот подробно опишува како е уапсен па мачен и префрлен во болницата. Кажува дека добро се држел во полицијата и пред судот. Суден е пред прекиот воен суд во Охрид на 26 ноември 1941 година. Човекот кој го предал добил 12 години затвор а тој смрт со бесење.
Колишевски лаже и за Молбата кон Цар Борис III за свое помилување?
“По изречената пресуда адвокатот на одбраната Демостен Манев од Охрид изјави дека мојата вина не е докажана и дека со службениот бранител – бугарски виш офицер ќе вложи жалба и ќе бара обнова на процесот.
Убеден во тоа дека е невин Демостен Манев самоиницијативно презеде акција преку некои влијателни луѓе во некои места во Македонија за да покрене постапка на обнова на процесот и промена на казната.
Без мое знаење беше ангажиран скопскиот адвокат Стефан Стефанов.
Молбите за помилување кои ги пишуваше овој адвокат одбив да ги потпишам и така непотпишани останаа во неговата архива. По ослободувањето овие молби се пронајдени и се депонирани во Државниот архив.
Потпишувањето на молбите го одбив зашто тоа би значело дека ја отфрлам својата одбрана пред судот а би и пречело и на акцијата која ја водеше Демостен Манев.
За сето постои документација: полициски извештај – болничко досие и извештај од јавниот процес како и судската пресуда. Кон крајот на јануари 1942 година на 14 лица од Македонија осудени на смрт казната им е променета во доживотен затвор.”
Помеѓу тие 14-мина е и Лазар Панев Колишев што од 1941 до 1945 година е името на Колишевски.
Kои се фактите и дали Лазо лаже?
Прво чуди што Колишевски пишувајќи го своето разјаснување не се консултира барем со еден правник кој би му кажал дека според општопознатата практика на пресудите на прекиот воен суд во Бугарија од 7 септември 1941 година немаше ниту можеше да има “правни жалби” и “правна заштита”.
Единствено право на осуденикот беше “молбата за милост”. Затоа отпаѓа целата негова приказна за акциите на адвокатот.
И само четири години по колнењето на верност кон Бугарија и бугарскиот трон Лазар Колишевски буквално ќе протера се што е бугарско од Македонија.
Второ останува прашањето за помилуваните 14-мина. Да точно е дека тие се помилувани само што Колишевски не го наведува фактот дека 1О од тие 14 помилувани лица беа малолетници – деца и младинци од 16 до 2О години.
И во скопскиот процес сите малолетници беа помилувани но затоа четворица другари – кои одбија да пишат [ молба за ] помилување до бугарскиот цар Борис – се обесени во подрумите на централниот софиски затвор.
Тоа се сите членови на првиот Скопскиот партизански одред – одредот за кој Колишевски никогаш па ни по предизвикот од Ацева не призна дека воопшто и постои.
Тие официјално заборавени луѓе беа Васил Антевски – правник со диплома од Сорбона кој на процесот одржа славен говор – Љубо Лековиќ командант на одредот скопскиот работник – Чедомир Миленковиќ и студентот Периша Савељиќ 20 годишник организатор на одредот и член на ПК за Македонија.
Трето Колишевски се заплетка во многу сложено прашање – пишување на молба за помилување. Тврди: “Одбив да ја потпишам молбата и тие непотпишани молби лежат сега во Државниот архив”.
Кога веќе самиот ја отвори таа тема со која веќе има три запишани варијанти за помилувањето на Колишевски. Тој пак сам си ја објави четвртата.
Историографски е фактот дека на почетокот на 1946 година по специјални задачи во Бугарија ЦК КПЈ односно Ранковиќ – преку сојузната УДБА – од Бугарите треба да ги преземам сите строго доверливи архиварии во врска со Југославија.
Од министерот за правосудство Нејчев добив фотокопии или заверени преписи со сите политички судски процеси на Југословените а помеѓу нив и досието на Лазар Колишевски всушност на Лазар Панев Колишев.
Човекот кој ги преземаше документире говори:
“Го имав во раце и ги прегледав извештаите од полициските сослушувања – со потписи на секоја страница – обвинението – судската пресуда и – молбата за помилување од Колишевски упатена до Царот на Бугарите – Борис III.
На таа молба – а тоа не беше никаква колективна молба – засекогаш го запамтив своерачниот запис на воениот министер Михов во горниот денес агол: “Предлагам да се усвои молбата.” А во долниот агол беа печатите и потписот: “Согласен – Борис III“.
Сите тие материјали – и ова досие на Колишевски – беа депонирани во Архивот на ЦК КПЈ. Денес не се таму a ниту во Државниот архив на Југославија па ниту во Архивот на СР Македонија.
Само не треба да се заборави дека оригиналите беа и останаа во Бугарија.
“Другарот” Лазар Колишевски сигурно направил најмногу против Бугарите во Македонија и бил силен почитувач на се што е српско. На неговата совест лежат илјадници убиени и исчезнати Бугари и дејци на ВМОРО.Тој е автор на мотото “Силна Србија – јака Југославија”.
Но Тито излезе повешт играч од Ченто. Набргу по Илинден 1944 година на територијата на Македонија се случи државен удар. Беше сменето целото раководство на АСНОМ. Новата Влада се донесе на чело со Лазар Колишевски – предводен комунист – човек кој зборуваше само српски.
Пред војната бил сирак во државните српски сиропиталишта и средни училишта а воениот период го поминал во затвор во Бугарија.
Потопувањето на младата македонска државност во југословенскиот државен субјективитет почна да се одвива со забрзано темпо при што Македонија добива некаков провинциски статус во интеракцијата со соседна Србија.
Факт и дека од значењето на Бугарофил – Србоман или Гркофил во тоа време до денешно време има разлика.
За Лазо гарантирано постојат факти дека политиката му била Србоманска – зошто?
Не затоа зошто тој се осеќал Србин а бил Македонец по потекло оти такви има денес ами затоа што неговата политика била свртена не на самопостоење – независност и централизирана власт туку секаде каде што тој не можел да управува им давал на Србите да управуваат.
Прост пример е манастирот Прохор Пчињски кој го дал финансиски во управа на Српските власти.
Факт дека не знаел ни каде е ни зотшо се и неговите писма од затворот во Плевен до неговата сестра Павлина Колишевска кои биле само на српски јазик.
Ова е човекот на кој му се посветени посмртните зборови на првиот “Претседател” на Македонија.
На смртна постела откако помина низ српско – комунистичките концентрациони логори Методи Антонов – Ченто ги собра синовите и им рече:
“Ќе дојде ден кога Македонија ќе ja побара вистината за смртта на браќата Чкатрови и Димитар Ѓузелев – за илјадниците убиени без судење и казна. Одете и прашајте го Лазо!”