Поранешната пратеничка во составот на Собранието на Северна Македонија [ 2О16 – 2О2О ] Никица Корубин со свој пост на социјалните мрежи беше причината за овој прилично краток блог – текст кој сериозно говори за “заборавени” или “забранети” обврски кои политичарите во Македонија ги преземаат врз себе како одговорност со потпишувањето на Договорот за добрососедство – пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија изгласан пред пет години.
Имено Корубин јасно ги поставува прашањата кои ако селективно се постават се добива токму она што и го гледаме денес – гневни граѓани на Македонија и Бугарија кои во одличен број абер немаат што точно бранат ама политичарите им наметнале дека тоа е дефинитивно “нивно и свето”.
“Кога претседателот вели дека изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи е прилично грозна со која тој вели “Во Македонија се враќа традицијата на колежи – на стрелање и на насилства” тој [ Пендаровски ] говори дека eдинствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот 1941 – 1944 година и кога ќе има техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија време може слободно да прошета до Ваташа да види дел од таа традиција.”
Дали заборава нешто? – прашува поранешната пратеничка но и продолжува со ново прашање.
Кога на него ќе се надоврзе и нашиот министер за надворешни работи [ Османи ] за нечии очекувања на што тој одговара: “Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период тоа нема да го добиете од мене. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини – нема да го критикувам како министер за надворешни работи – бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите.”
Дали и тој заборава нешто?
Всушност дали сите надлежни во државата забораваат на една “намерно заборавена” обврска која принудно ја комуницираат со јавноста – кој со осудa – кој со оградување а кој со целосен молк?
Обврска произлезена од два документа но и обврска која се очекува од земја кандидат за ЕУ – идна членка која треба да има не само во историска туку и во чисто правна смисла однос кон своето минато.
Кога веќе отсуствува “принудно” свеста за себепреиспитување и катарза која највеќе на нас самите ни е потребна.
Европскиот парламент во јуни 2O22 година ја донесе резолуцијата за Северна Македонија каде во делот за “Фундаментални права” се вели:
“Важност на потребата да се отворат архивите на југословенската тајна служба [ УДБА ] и тајната служба на Југословенската народна армија [ КОС ] низ целиот регион со цел темелно да се истражат и адресираат злосторствата и криминалните организации од времето на комунизмот – смета дека транспарентното постапување со тоталитарните злосторства – вклучително и отворањето на овие архиви е чекор напред кон понатамошна демократизација – одговорност и институционална сила”
Во јули 2O22 година се потпиша и Протоколот од заедничката меѓувладина комисија со Бугарија кој во делот на “Мерки кои треба да бидат превземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори” вели:
“Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период за кој Владата на Република Северна Македонија во рок од една година да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период – вклучително полицијата – цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945 – 1991 година.
Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен – неограничен и навремен пристап – проучување – право на употреба – објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.”
Дали тогаш е очекувано – зрело и професионално да се дава “суд” за прашање кое ниту историски е отворено ниту е правно имплементирано а ниту пак се покажува било каква воља за истото?
После кое секој официјален одговор и изјава ќе биде без задршка втемелена на “факти и податоци” на “анализи и истражувања” и на крајот на “транспарентност и вистина”.
Затоа што вака според Корубин – ајде што изјавите се [ не ] координирани туку се и апологетски. Но кој и што брани и од кого? Од Европа и ЕУ ли е одбраната? Или секој на себе самиот е препуштен. На кого тогаш државата е препуштена?
Дали на пример е побарано “отворање на архивите” кај нас и нашите соседи? Официјално? Неофицијално? Било како? Строго според препораките на ЕУ.
Ништо повеќе и ништо помалку.
До каде е “правната рамка за целосно отворање на архивите”?
Рокот е една година. Сами сме го потпишале.
И него ли ќе го преклопиме со уставните измени кои планираме да ги водиме со пробиени максимални рокови?
И за тоа ли друг ќе ни биде виновен?
Да се вратиме на обврските. Или да почнеме од нив сеедно. Само со исполнување на истите ќе знаеме дека декларативното “ние сме за ЕУ” е и вистинско. – пише поранешната пратеничка која има ставови и за големите фобии кои се предмет на гнев и омраза кај народите од двете страни на границата.
“Кој се уште се плаши од Ванчо Михајлов?“ праша Корубин загатнувајќи повеќе теми поврзани со влијанието на Србија врз македонскиот историски наратив – можни погрешни читања на историските настани и како што вели “ставањето под тепих некои историски периоди”.
Сите прашања што ги отвора ги сублимира во една клучна забелешка:
“Македонија во триесет години самостојност не успеала да отвори процес на сопствено препрочитување на историјата и на автентично толкување растоварено од погледите на соседите.”
Површноста е некаков македонски заштитен знак во дејствувањето во овие три децении. Според неа идентитетот се брани чепкајќи само по површината a не истражувачки и научно.
“Изгледа како идентитетот да ни треба само кога некој нe напаѓа и тогаш го браниме декларативно и за нечиј инает како во овој случај за инает на Бугарија а до пред некоја година тоа беше за инает на Грција”.
“Ми пречи што многу лесно се расфрламе со термини поврзани со идентитетот без вистински да утврдиме што тоа не дефинира нас?!” вели Корубин.
Од 2O2O година кога Бугарија ја блокираше македонската интеграција во Европската Унија ескалираа нерешените историски прашања меѓу двете земји. Официјална Софија рефлекторите ги насочи кон заедничките историски нерешени теми поставувајќи ги како услов за напредок во иднината.
Сево ова повторно ја разгори штотуку стивнатата историска дебата со Грција.
Оваа дискусија со Бугарија за разлика од онаа со Грција е за понови личности и настани и главно е фокусирана на случувањата во 2O век – од македонската револуционерна организација [ БМОРО – ТМОРО и МРО па се до ВМРО ] преку Илинденското востание па се до Втората светска војна и формирањето на македонската држава во 1944 година и годините како федерална членка на Југославија.
Во бугарско македонската дебата како главен пункт на несогласување на членовите на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања во јавноста најчесто излегуваа етничката припадност и залагањата на револуционерот Гоце Делчев.
Што спориме? Самиот Делчев?
Поранешната пратеничка претходно говорорела и за личности кои сега се “големиот камен” на сопнување во односите меѓу Македонија и Бугарија.
Ете последно земјава ја вознемири личноста што досега не се нашла на масата на разговори на историчарите од двете земји и која како што забележува Корубин не се нашла ниту во истражувањата на македонските историчари сиве овие години на самостојност.
“Не ми е целта јас да анализирам кој бил Михајлов но она што мене ме загрижува е што во 2022 година е контроверзно да се спомене чие било име.” – вели Корубин.
Најконтроверзниот период од животот на Михајлов се 2O-тите и 3O-тите години на минатиот век.
“Тоа е периодот што е контроверзен и за нашата историја” вели таа и смета дека токму тоа е периодот што “во македонската историја го ставаме под тепих”.
Станува збор за времето кога Македонија била Вардарска бановина односно под владение на Кралството Југославија.
На српските чети на оваа територија и се спротивставувале терористичките чети на Ванчо Михајлов.
Па оттаму вели Корубин бруталноста на тогашното ВМРО и на самиот Михајлов биле одговор на бруталноста на српскиот окупатор и затоа “не може да се анализира неговата улога без да се земе предвид периодот во кој дејствувал.
Тој е производ на тоа време а во македонската историја проблем е што нема континуитет на настаните”.
“Таа контроверзија сe уште нe следи но таа не е наша изворна – македонска туку е наследена од наративот што бил во поранешна Југославија или конкретно на Србија”.
Корубин препознава дека и антифашистичката борба и АСНОМ “не се перцепираат точно”.
Имено таа вели дека АСНОМ се перцепира само како резултат на антифашистичката борба но до тоа заседание на кое за првпат Македонците добиваат сопствена држава дојде и поради сите други претходни борби во кој сакале ние да признаеме или не факт е дека не секој и не секогаш бил исклучиво со антифашистичка ориентација.
Препрочитувајќи го документот сега пет години по неговото изгласување во Член 8 кој се однесува на работата на заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.
Во овој член “интересни се” два термина “автентични” и “докази засновани на историски извори”.
Повикувајќи се на изјавите на бугарската страна таа вели дека тие тврдат оти нивната “историја е заснована на историски извори”.
Како “одговор” на терминот историски извори во резолуцијата што македонскиот парламент со огромно мнозинство пишува оти сознанијата на македонските општествени – хуманистички и културолошки науки треба да се почитуваат “безрезервно”.
“Е кои се тие сознанија? Тие сознанија не се секогаш базирани на историски факти.
Корубин која смета дека главната цел на гласањето на таа резолуција што ја предложи ВМРО – ДПМНЕ не била да се покаже дека во Македонија има национален консензус туку да се заштити наративот “што некој не сака воопшто да се чепне”.
Се разбира “тоа не значи дека македонскиот наратив е целосно фалсификат а бугарскиот е целосно точен” вели таа но “проблем е што Македонија нема свој автентичен наратив”.
* Никица Корубин беше независен пратеник при Собранието на Северна Македонија [ 2О16 – 2О2О ] Македонка. Магистер по археологија и историја на уметност при Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје и граѓански активист.