Несомнено едно од најтрагичните но и најистакнати убиства низ историјата која и не била поштедена од цензури е “Масакрот од Ваташа”.
Но ако ги согледаме детално фактите ќе открие дека зад тој навистина трагичен инцидент повторно надничат демоните на големосрпскиот шовинизам од периодот во кој се случиле.
Имено кон средината на XIX век благодарение на силната бугарска црковна општина селото Ваташа се претвора во еден од основните центри на бугарштината во македонската област Тиквеш.
На 1 јуни 1878 година жителите од Ваташа се приклучуваат кон барањето до Големите сили со барање за влез на армијата и пристапувањето кон Кнежество Бугарија.
Документ кој е потпишан од месните жители Мише Ризов и Ризо Добрев.
Притоа според статистиката на истражувачот Васил Кнчов во 19ОО година во село Ваташа има 1.8О8 жители од кои 1.142 се декларираат како бугарски христијани – 618 се бугарски муслимани – мухамедини и 48 се цигани.
Целокупното месно христијанско население на селото е под закрила на Бугарската егзархија.
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 19О5 година во селото има бугарско средно школо и основно училиште.
На почетокот на Балканската војна во 1912 година 7 жители на Ваташа стануваат доброволци во Македонско одринското чети кои застануваат на бугарската страна.
Имено стануваат активни членови на ВМОРО.
За време на Балканската војна во селото влегуваат српските чети.
Според извештај на Глигор Варналиев – главен бугарски учител во Кавадарци – во јануари 1913 година српските четници од организацијата “Црна рака” ја реализираат акција за разоружување на локалното население кое е пропратено со насилство и непотребна применета ектремна бруталност.
Само примерот на српскиот офицер Милан Карковиќ кој ја силовал Марија Тодорова на денот на нејзината свадба со Тона Нанев е пример колку активноста која требало да има воен предзнак преминала кон екстремна бруталност применета врз месното население.
Во јуни 1913 година жителите на Ваташа започнуваат масовно да и помагаат на бугарската војска и земаат активно учество во Тиквешкото востание.
Во неговото задушување од страна на српската војска загинуваат 545 граѓани од тој регион од кои 4О се од село Ваташа.
Со ова е сосема јасна националното чувство на жителите на село Ваташа кое продолжува и за време на периодот од Втората светска војна. Имено според сведочења на локалното население кај него се јавува немир од појавата на “отровните српско – комунистички идеали” кај една група млади од селото.
Тие се индоктринирани од активисти на СКОЈ – Сојузот на комунистичката младина на Југославија која пак е член на Комунистичката интернационала на младите – како огранок на Коминтерната.
Има документи кои говорат дека тогашната група младинци веќе остварила врска со партизаните и се подготвени да се присоединат со нив.
Тогаш дел од месните жители го формираат списокот со имиња на локалните младинци за кои се сомневаат дека е можно секој момент да посегнат и по оружје.
Имено со тој список на 15 јуни во селото пристига еден вод војници водени од Капетан Борис Жеглов и Поручник Борис Костов а заедно со нив доаѓаат и неколку полицајци водени од Петко Опреков – заменик началник на полицијата во Кавадарци.
“Во Македонија ќе пипате со кадифени ракавици. Треба многу внимателно – затоа што тоа население веќе доволно страдало и нема да дозволите конфронтации.”
Ова е директната порака на бугарската политика во новите земји која е лично заповедана од Цар Борис III кој го испраќа генерал Васил Бојдев кој командува со Петтата армија со штаб во Скопје од летото 1941 година до мај 1944 година.
И претпазливоста на Борис III се покажува како сомнеж кој реално постои на терен.
Имено веднаш по пристигнувањето на генерал Бојдев во Скопје кај него се јавуваат постарите војводи на ВМРО кои кажуваат:
“Господине генерал – сега е време да ја имаме нашата одмазда кон српските подлеци”.
Но Бојдев ги прекинува понатамошните дискусии со зборовите: “Царот веќе го кажа своето дека треба да се запре до тука и никакви братоубиства да нема повеќе. Тие веќе се забранети!”
Каде е прекината нишката меѓу генералната поставеност и конкретниот трагичен случај во Ваташа?
Да го истражиме и тоа.
Човекот кој ја издал наредбата за стрелање е полковник Љубен Апостолов. Тој е роден на 27 април 1895 година во Крива Паланка [ денешна Северна Македонија ]. Завршил Воена школа во Софија и се издига до ранг на Командант на 56тиот пешачки Велешки полк.
Тој тврди дека ја издал наредбата за стрелање постапувајќи по тоа како му било пријавено и дека се работи за учесници во комунистичкиот отпор а кои биле заробени за време на битка.
Според тогашните наредби во армијата за нив не важела Женевската конвенција за воени затвореници и требало да бидат стрелани на лице место.
Спиро Китинчев тогашен градоначалник на Скопје заедно со познатиот новинар Данаил Крапчев кон крајот на јуни итно заминаа за Кавадарци.
На плоштадот ги пречекува толпа гневни луѓе.
Двајцата прават сопствена истрага за случајот и откриваат дека трагите од оваа крвава приказна водат до заменик гувернерот на областа Крум Камчев.
Градоначалникот на Скопје замина за Софија каде се сретна со министерот за внатрешни работи Петар Габровски и со министерот за војна Никола Михов.
Китинчев им го презентирал барањето Крум Камчев да биде разрешен а одговорните за трагедијата во Ваташа да бидат казнети.
Министрите ветуваат дека ќе преземат мерки и навистина Камчев е отстранет од Кавадарци.
И малку психологија.
Војниците и полицајците пристигнуваат во Ваташа на 15 јуни. Нивниот командант капетанот Борис Жеглов носи наредба за стрелање во џебот. Но ниту војниците ниту полицијата ниту нивните претпоставени претходно не намирисале крв.
За да го замолчат отпорот на совеста Жеглов – Костов и Опреков почнале да пијат алкохол. Утредента до пладне испиле 3 литри ракија.
Во 13 часот во месноста Моклиште наредбата за стрелање била извршена …
Но тој што ќе земе нож да убие – умира од нож.
Командантите на стрелањето како и тој што ја дал наредбата Бугарскиот национален фронт ги предаде на властите во новата македонска држава.
Четворицата беа осудени на смрт.
И тоа не ги врати во живот 12 млади момчиња од Ваташа но казната ги стигна сторителите како сегашните наши соседи и тогаш и сега имаат став дека непромислено е “Бугарите да убиваат Бугари!”
Но има уште една вистинска крвава “симфонија” на крвавиот Божиќ 1945 година кога локалните Срби од СКОЈУ и СКЈ под вешто раководство на српскиот Темпо масакрираа десетици илјади локални Бугари кои одбија да станат “Македонци” преку ноќ без судење и казна.
Притоа за овој масакр нема јавно говорење споредбено за масакрот во Ваташа кој пак јавно е осуден како исклучок од официјалната бугарска државна политика кон Македонија.
Факти се и податоците дека иако Кралството Бугарија е во војна владата инвестира милијарди лева во водоснабдување – електрификација и образование.
И за волја на вистината така не функционираат окупаторите. Тие ограбуваат …
Во Скопје е отворен универзитет кое го носи името на цар Борис III Обединител а се одржуваат и курсеви за наставници. Бугарските училишта кои претходно беа затворени од српските окупатори повторно се отвораат.
БПЦ си ги враќа и епархиите.
И уште нешто зошто гнев за терминот “бугарските фашистички окупатори”?
Според Лозанската конвенција кога војска е распоредена на територија во чиј состав се регрутирани до 15% од локалното население тоа не може да се смета за окупација.
А според податоците на генерал Бојдев 85% од составот на неговата Петта армија која е распоредена во Вардарска Македонија се локална младина.
Можно ли е локални војници да се окупираат сами себе?
Истиот процент важи и за офицерскиот кор а подофицерскиот кор е 100% локален.
Историски и правно најправилен термин е “земја под управа на Бугарија” поточно токму она што и познавачите на военото право го генерираат како административни властодржци кои не се директни владетели.
Дури и на германските карти од Втората светска војна “новите земји” се означени со точкаста или испрекината линија за разлика од Јужна Добруџа која веќе е вклучена во бугарската територија и е дела од Царство Бугарија.
Овие земји беа назначени како земји под бугарска управа и тоа требаше да продолжи како раководење но не и директно одлучување се до склучувањето на мировните договори по завршувањето на војната.
Затоа и Германците делуваа на овие земји како сопственици без да ја земат предвид бугарската влада како што е и примерот со испраќањето на преку 10.000 Евреи од оваа територија во логорите на смртта.
Факт кој е трагичен – страшен и нема и не смее да се заборави …
А што се однесува до фашизмот да се потсетиме на историјата но во целост. Патам нацизам е идеологија на владеење за време на II Светска војна во Германија а фашизам во Италија и истите имаат стрикни постапки на примена.
Да имаше фашизам и тоа по правилното толкување на поимот и неговата практика но не во Бугарија туку во Србија.
Од 1935 година таму дејствува фашистичката партија ЗБОР на Димитрие Љотиќ.
По капитулацијата на Југославија на 21 мај 1941 година била формирана Независна Држава Србија.
Милан Недиќ бил југословенски генерал – српски политичар и претседател на Влада во Србија за време на окупацијата од страна на нацистичка Германија во Втората светска војна позната по името “Влада на национален спас”.
Недиќ се борел во Балканските војни и во Првата светска војна.
Во меѓувреме бил началник на генералштабот како и министер на војската и морнарицата. Сменет е и пензиониран поради своите прогермански ставови и блискоста со движењето на Димитрија Љотиќ сосема пред крајот на војната.
Германската окупација го поставила за претседател на Влада на народниот спас со цел полесно да го задуши востанието во Србија.
Германската окупација го поставува Љотиќ за претседател на Владата на Србија која донесува закон за истребување на Евреите и Циганите во Србија.
За таа цел ведна и недвосмислено е донесена и одлука за градба во концентрациониот логор “Баница” во Белград.
Како резултат на здружените напори на Владата за национален спас на Милан Недиќ како и српската жандармерија и полицијата уште во август 1942 година Белград беше прогласен за првата европска престолнина прочистена од Евреите.
Набргу потоа Недиќ заминал во официјална посета на Адолф Хитлер.
Тогаш во Берлин српската фашистичка делегација ја покрена идејата да се прогласи дека Србите се Уберменхен [ супериорна раса ] на Словените!
Додека Бугарија успеа да ги спаси сите свои 5О.ООО Евреи при што стои и фактот дека е единствена земја каде бројот на еврејското население за време на II Светска војна дури и се зголемило по број на жители.
Но историјата кога се согледува по фрагменти води до нејаснотии и многу [ не ] вистинини од кои секој си толкува она што му било приложено а тоа води кон митови и легенди кои се судираат во реалноста и генерираат гнев кај обичниот човек.
Во вториот милениум и веќе четврт век во него време е да престанеме да се мразиме.
А за Ваташа и Крвавиот Божиќ редно е да си простиме.